Светскиот ден на здравјето, што денес се обележува по 66-ти пат, нè потсетува дека здравјето секогаш треба да ни биде на прво место. Со таа цел ви презентираме 10 правила кои ќе ви помогнат да живеете здраво, среќно и долговечно, а најдоброто од сè е што придржувањето кон нив не бара никакви посебни напори.
rn
1. Не пушете
rnДури и една цигара е премногу. Пушењето е најлошата работа што можете да му ја приредите на своето здравје. Пушењето е една од најголемите причини за смрт во светска рамки, а најдобрата работа што може да ја направите за да ги спречите негативните ефекти од пушењето е – едноставно да не пушите.rn
2. Не се сончајте во солариум
rnКај луѓето кои се сончаат во солариум постои два и пол пати поголем ризик да заболат од рак на кожата. Освен тоа, солариумите го поттикнуваат забрзаното стареење на кожата и појавата на брчки. Кога се сончате под природно сонце задолжително намачкајте се со средство за сончање со висок заштитен фактор.rn
3. Умерено јадете чоколади
rnМожете да јадете што сакате, но под услов да јадете умерено. Чоколадата или сладоледот ќе ви бидат многу повкусни доколку ги консумирате еднаш неделно, отколку ако ги јадете секој ден.rn
4. Контролирајте го нивото на шеќер и холестерол во крвта
rnСекогаш бидете запознаени со основните бројки што се важни за здравјето. Тоа значи дека редовно треба да го следите нивото на шеќерот и холестеролот во крвта. Доколку водите сметка за овие бројки, постојано ќе знаете во каква состојба е вашето тело и кои промени треба да ги направите за да ја подобрите здравствената слика.rn
5. Вежбајте
rnЕкспертите препорачуваат пет пати во неделата да имате 30-минутен тренинг. Но, тоа не значи дека мора да имате интензивен тренинг, дури и најобична прошетка позитивно ќе влијае на вашето психофизичко здравје.rn
6. Знајте ја историјата на болести во семејството
rnВодете сметка за болестите кои постојат во вашето семејство, особено за сериозните болести како што се оние на срце, рак, мозочни удари и дијабетес. Познавањето на историјата на болести во семејството ќе ви помогне да обрнете внимание на одредени можни здравствени ризици.rn
7. Пијте зелен чај
rnЗелениот чај е богат со антиоксиданси, кои се особено важни за целокупното здравје на организмот, а помагаат и при слабеење. Секој ден наградете го вашето тело со една или две чаши зелен чај.rn
8. Не пијте газирани сокови
rnДоколку ептен не можете да се откажете од потребата за газирано, барем одберете диетално газирани пијалаци. Регуларно газираните пијалаци се преполни со калории и шеќер, а воопшто не ја згаснуваат жедта. Колку повеќе пиете газирани сокови, толку повеќе ќе имате потреба за нив.rn
9. Правете редовни здравствени прегледи
rnГодишниот папа тест и редовен преглед на градите се многу важни за жените од сите генерации.rn
10. Избегнувајте бели јаглехидрати
rnКолку е пошарена вашата чинија, толку подобро. Секогаш е добредојдена храната со зелена, жолта и црвена боја, а и јаглехидратите не мора целосно да ги исфрлите. Само треба да одберете поздрава варијанта, па белиот ориз, белиот леб и тестенините кои скоро и да немаат хранливи вредности, заменете ги со житарки од цело зрно. Пробајте ги и диеталните замени за компир, тестенини и леб.

