КАФЕ ПАУЗА

Книга: „Девојката со тетоважа на змеј“ – Стиг Ларсон

Written by

in

Мистерии, интриги, драма, мрачни семејни тајни, корупција и криминал… Сплет кој ќе ве заинтригира како ништо досега…

rnКнига: „Девојката со тетоважа на змеј“ – Стиг ЛарсонТрилогија чии наслови почнуваат со „Девојката…“ може да ви звучи по малку клише, сè додека не го чуете фактот дека станува збор за над 26 милиони продадени примероци низ целиот свет. Авторот на оваа крими-трилогија, за жал немал можност да му се израдува на својот мегауспех. Набрзо по завршувањето на книгите, Ларсон умира од инфаркт на 50-годишна возраст по искачувањето на скалите до неговата канцеларија бидејќи лифтот не работел. Зад себе го остава почетокот на четвртиот роман. Негови познаници навеле дека многуте цигари, брзата храна и премореноста се „заслужни“ за неговото прерано заминување од овој свет.rnrnНеговата смрт ќе остане загадочна мистерија. Имено, со својата новинарска и истражувачка работа, непобитен е фактот дека стекнал многу непријатели. Ларсон бил борец против криминалот, корупцијата и нацизмот, а иронијата е во тоа што 9-ти ноември, датумот на неговата смрт, во историјата е познат како „Кристална ноќ“ – кога практично започнал холокаустот.rnrn


rn

Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

rnrnrn


rnrnОригиналниот наслов на првиот дел од трилогијата „Милениум“ е „Мажи кои мразат жени“, но англиската верзија е преведена како „Девојката со тетоважа на змеј“. Не е важно кој наслов звучи попривлечно или пак е поскладен со приказната, она што е важно е самата содржина, и нема да штедам зборови – пазете се, ќе ве хипнотизира.rnrnКако и секоја година, така и оваа, на 1-ви ноември на Хенрик Вангер по пошта му стигнува подарок – суров потсетник на големата трагедија која се случила пред 36 години. Вангер се одлучува да го направи последниот обид да ја разреши мистеријата и со таа цел го ангажира искусниот новинар Микаел Блумквист давајќи му понуда која не може да ја одбие. Блумквист е скептичен, се сомнева дека би можел да разреши мистерија која не успеале да ја декодираат и најискусни детективи. Но неговиот скептицизам полека исчезнува кога почнува да наоѓа траги кои му ветуваат разрешување на многу мрачни тајни.rnrnОваа понуда на Блумквист му стигнува во прилично незгоден период од неговиот живот. Имено тој е осуден на тримесечна затворска казна поради ширење дезинформации и неправедно напаѓање на гигантот Венештрем. Иако знае дека Венештрем е расипан криминалец, Блумквист одлучува да не се брани на суд, практично да ја признае вината и мирно да се повлече пред да собере доволно докази за да нападне повторно.rnrnНа помош на Блумквист му доаѓа Лизбет Саландер – најдобриот истражувач во престижна фирма за обезбедување. Нивните патишта се вкрстуваат и Блумквист за брзо забележува дека не смее да ја проценува Саландер по нејзиниот изглед. И покрај тоа што изгледа како анорексична 15-годишна рокерка со пирсови и тетоважи, Саландер е неверојатно способна жена со фотографска меморија и еден од најдобрите хакери во земјата.rnrnОвој необичен пар бара начин да ја реши мистеријата за исчезнувањето на внуката на Хенрик Вангер, тогаш 16-годишната Хариет Вангер која се чини како да пропаднала во земја. Хенрик е убеден дека неговата внука е убиена од страна на некој член од неговото семејство, и разрешувањето на нејзиното убиство, дури и по 36 години, за него останува опсесија која го измачува.rnrnКнига: „Девојката со тетоважа на змеј“ – Стиг ЛарсонrnrnНема да помине долго време пред Блумквист да почне успешно да копа по семејните тајни на Вангерови. Еден скриен подрум со многу мрачни тајни ќе биде доволен тој да сфати дека под маската на богатата идила се кријат многу гнили тајни…rnrnСо ова негово дело Ларсон ги мава своите сограѓани по чело соочувајќи ги со суровата реалност. Шведска навидум е вистинска утопија – земја со удобен живот, здравствено осигурување, заштитени права на жените, но она што Ларсон ни го преставува е слика на нацизам, корупција, криминал, перверзија, социјални работници кои сексуално ги злоупотребуваат своите „штитеници“ и морничави семејни тајни.rnrnСе разбира, делото има и филмска верзија, ни помалку ни повеќе – со Даниел Крег во главната улога – но како што и обично практикувам, ако воопшто се одлучам да го гледам филмот прво ја читам книгата. Таквото задоволство просто не смеам да си го скратам.rnrnДа, оваа книга ќе ве заведе и вас во мрачниот и комплексен лавиринт на интриги, мистерии и драма, и ако со оваа рецензија успеав макар малку да ве заинтригирам, само почекајте дури да ја фатите книгата во раце.rn
Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk
rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 29 јануари 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rn