Доколку не заминувате некаде за овој продолжен викенд, тогаш сигурно оваа куса листа со интересни филмчиња одлично ќе ви дојде. За секого по нешто, филмови кои се за сечиј вкус и кои можат да се гледаат во поголемо друштво. Па така, спремете огромна количина пуканки и опуштете се со овие интересни приказни.
rn
Човек на работ (Man on a Ledge)
rn
Година: 2012rnrnАктери: Сем Ворингтон, Елизабет Бенкс, Џејми Бел…rnrnЖанр: трилер, криминалистикаrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка приказна: Поранешен полицаец се заканува дека ќе рипне од еден хотел во Менхетен, бидејќи е лажно осуден за кражба која не ја извршил. Полицискиот психолог Лидија Мерсер е повикана да го разубеди да не го стори тоа, не знаејќи дека зад неговата закана за скок од високата зграда се развива уште една точно синхронизирана акција.rn
rnrn
Безбедно засолниште (Safe House)
rn
Година: 2012rnrnАктери: Дензел Вашингтон, Рајан Рејнолдс, Роберт Патрик…rnrnЖанр: акцијаrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка приказна: На младиот агент на ЦИА, Мет Вестон, му е доделена задачата да го држи под надзор еден злосторник сместен во безбедно засолниште. Кога засолништето ќе биде нападнато, негова задача ќе биде да се погрижи „гостинот“ да остане жив и здрав.rn
rnrn
Кражба на кулата (Тower Heist)
rn
Година: 2011rnrnАктери: Еди Марфи, Бен Стилер, Кејси Афлек…rnrnЖанр: акција, комедија, кримиrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка содржина: Кога една група од работници кои навистина добро си ја вршат својата работа, ќе дознае дека се жртви на измамите на нивниот богат работодавец, бизнисменот Понѕи, тие прават план како да ја ограбат неговата висока резиденција. Навистина интересна приказна.rn
rnrn
Ова значи војна (This means war)
rn
Година: 2012rnrnАктери: Рис Витерспун, Крис Пајн, Том ХардиrnrnЖанр: акција, комедија, романсаrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка содржина: Два агенти на ЦИА, кои воедно се најдобри пријатели се наоѓаат во незгодна ситуација, откако ќе дознаат дека излегуваат со иста девојка, која им се допаѓа и на обајцата. Тие се сложуваат дека ќе ја остават таа да одлучи со кого ќе остане, но „тајно“ да си ги саботираат романтичните состаноци еден на друг. Супер филмче кое ќе ве насмее.rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
