КАФЕ ПАУЗА

Филм: Засолниште (Safe House)

Засолниште (Safe House)

Written by

in

,

Филм за докажувањето на сопствената вредност во ситуација кога никој не е безбеден…rnrnФилм: Засолниште (Safe House)Режија: Даниел ЕспинозаrnrnУлоги: Рајан Рејнолдс, Дензел Вашингтон, Роберт Глисон, Вера Фармига, Сем ШепардrnrnВреметраење: 115 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 10 февруари 2012rnrnЖанр: акција, мистеријаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]
rnrn


rnrnКога еден млад потценет агент на ЦИА конечно ќе добие задача којашто може да му донесе напредок во кариерата, сомнителен сплет на околности ќе го доведе пред упропастување на дадената шанса. Тогаш тој ќе се најде во дилема дали да се повлече додека случувањата околу него се мистерија или да не ги послуша авторитетите и да се бори за докажување на својата вредност, иако тоа носи големи ризици.rnrnrn„Засолниште“ (Safe House) е извонредна возбудлива акција со одлична приказна, а кога на тоа ќе се додаде она што за секој филм може да го направи харизматичниот Дензел Вашингтон, ќе добиете 115 минути во кои сигурно ќе уживате.rnrn



rn

rnПриказна: Тобин Фрост (Дензел Вашингтон) е поранешен агент на ЦИА кој сега е криминалец баран од неговата поранешна служба. Тој од агент на МИ6 ќе добие фајлови со доверливи информации кои ќе сака да ги продаде на друг за огромна сума пари. Токму пред да ги предаде ќе биде нападнат од Варгас (Фарес Фарес), криминалец кој исто така сака да ги добие фајловите. Во обидот да се спаси, Фрост ќе влезе во американскиот конзулат во Кејп Таун, а оттаму ќе биде проследен до засолништето, место во кое ЦИА ги носи затворениците на тајни испрашувања и чување.Филм: Засолниште (Safe House)Филм: Засолниште (Safe House)Филм: Засолниште (Safe House)Засолништето го чува Мет Вестон (Рајан Рејнолдс), млад амбициозен агент на ЦИА. Тој ќе добие задача да го чува, но тогаш засолништето ќе биде пробиено од Варгас и неговите платеници кои се дојдени по Фрост. Вестон ќе успее да побегне од куќата заедно со Фрост и ќе добие задача да го премести во друго засолниште. Ќе добие инструкции да оди на стадион каде што ќе добие информации за локацијата на новото засолниште, но тогаш Фрост ќе направи диверзија по која тој ќе побегне облечен како полицаец, а Вестон ќе биде приведен во станица…Филм: Засолниште (Safe House)Филм: Засолниште (Safe House)Кога и како да го гледате: Иако многу работи остануваат мистерија до самиот крај, овој филм не е многу тежок за гледање. Не треба да очекувате ниту кој знае какви акциони сцени, туку интересна и возбудлива приказна која вас и целото друштво ќе ве држи заинтересирани за крајот, така што „Засолниште“ е совршен избор за филмско викенд опуштање во друштво.Филм: Засолниште (Safe House)Филм: Засолниште (Safe House)
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn