Љубопитна тинејџерка и поранешно момче гениј ќе тргнат во мисија да ги откријат тајните на неверојатно место кое постои во рамките на Земјата, скриено од сите останати
rn
Режија: Бред БрдrnrnУлоги: Џорџ Клуни, Брит Робертсон, Хју ЛауриrnrnВреметраење: 130 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 22 мај 2015rnrnЖанр: акција, авантураrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната се врти околу двајца неверојатно брилијантни гении и љубопитни мечтатели, Френк Вокер (Џорџ Клуни) и Кејси Њутон (Брит Робертсон) чии судбини се испреплетуваат кога младата Кејси ќе биде регрутирана од мистериозно девојче, Атена (Рафи Касиди), кое има исклучителни способности. Таа е дел од минатото на Френк, но и покрај тоа што еднаш биле многу блиски, тие веќе одамна живеат многу далеку еден од друг.rnrn
rnrnКејси и Френк знаат тајна која малкумина ја чуле: постои свет во нашиот свет, каде што најдобрите и најголемите артисти, инвентори, инженери и мечтатели успеале да создадат подобро општество, ослободено од целото зло на Земјата. За жал вратата за Утреземјата е затворена и под постојана заштита на Гувернерот Никс (Хју Лаури), стариот ментор на Френк. Никс верува дека го штити неговиот свет од човештвото кое е на пат кон уништување, но не сфаќа дека на тој начин го осудува ова место и на пропаст.rnrn
rnrnСтанува збор за интересен филм со одлични ефекти кои ќе ве однесат во светот на фантазијата, во рамките на нашата планета. Оваа приказна ќе ви покаже дека секогаш постои нешто повеќе од она кое можеме да го видиме и ќе ве потсети дека дури и најлошото вреди да биде спасено и да му се даде втора шанса. На моменти сцените делуваат малку долго и токму поради тоа може да го изгубат вашето внимание, но доколку имате трпение, приказната целосно ќе ве освои.
