КАФЕ ПАУЗА

Филм: Такси 5 (Taxi 5)

Written by

in

,
Петтото продолжение на легендарната франшиза

rnРежија: Франк ГастамбидrnrnУлоги: Франк Гастамбид, Малик Бентала, Бернард ФарсиrnrnВреметраење: 122 минутиrnrnПремиера: 11 април 2018rnrnЈазик: францускиrnrnЖанр: комедија, акцијаrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=xWUgeP58r4wrnrnПоминаа точно 20 години од првиот Такси филм што преку ноќ стана огромен хит. Со оглед на тоа што оригиналната приказна беше скоро беспрекорна, не треба да нè чуди фактот што секое следно продолжение беше полошо од претходното. Едноставно ништо не може да го достигне ефектот на првиот дел, а уште помалку да го престигне. Но, тоа не значи дека продолженијата не треба да се гледаат, баш напротив, тие се еден од најдобрите избори за филмски маратон со пријателите. Истото важи и за најновото продолжение, коешто по повеќе од една декада, повторно ја враќа добро познатата франшиза на големото платно.rnrnrnrnВо само неколку зборови, станува збор за брза комедија. Тоа значи и дека не треба да очекувате богата приказна, добро изградени карактери и којзнае какви пресврти – целта на овој филм е само да ве забавува во период од 1 час и 42 минути и да ви помогне барем малку да се опуштите да се расположите. Тука вреди да се спомне и автомобилот – легендарното бело такси, што без сомнение ја има главната улога во овој филм. Уште во првиот момент штом го видите, ќе посакате да свртите со него барем еден (ако не и 100-тина) круг околу градот. Па, ако сте љубители на оваа франшиза, погледнете го и најновото продолжение. Но, не влегувајте во кино салата со преголеми очекувања бидејќи постои шанса да бидете разочарани.rnrn