Последниот филм од франшизата што ја заокружува приказната на Анастасија и Кристијан
rn
Режија: Џејмс ФолиrnrnУлоги: Дакота Џонсон, Џејми ДорнанrnrnВреметраење: 165 минутиrnrnПремиера: 9 февруари 2018rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: драма, романсаrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=nJCc5HRPxYArnrnФраншизата „50 нијанси“ конечно стигна до својот крај со последното поглавје кое ја завршува приказната на Анастасија Стил (Дакота Џонсон) и нејзиниот љубовен партнер, милијардерот со специфични фетиши, Кристијан Греј (Џејми Дорнан). Филмот започнува со венчавката на парот пред нивните најблиски пријатели и роднини. И покрај тоа што можеби би очекувале свадбата да е крајот на една романтична приказна, овој пат е почеток на низа препреки што парот мора да ги надмине за да стигне до своето „си живееја среќно до крајот на животот“.rnrn
rnrnАко го споредам „50 нијанси ослободени“ со претходните два дела, „50 нијанси сиво“ и „50 нијанси потемно“, не можам да кажам дека има некоја голема разлика во приказната. Филмот го држи истото темпо како и досега – низа расфрлани потешкотии и проблеми со кои Анастасија и Кристијан лесно се справуваат, проследени со повремени жешки сексуални сцени што ќе ви го одвлечат вниманието од лошиот тек на развивање на настаните.rnrn
rnrnОд друга страна пак, иако станува збор за сериозна тема намената за возрасни, приказната делува многу тинејџерска, особено во погледите кон сексот. Како портрет на БДСМ врска, сите три филма делуваат меко, разлигавено и површно, па со оглед на тоа што публиката која е заинтересирана за вакви теми бара подетално истражување на динамиките помеѓу доминаторот и подредениот, тие се досадуваат и се осврнуваат кон други филмски наслови. Да не почнам да зборувам и за нагласувањето на фактот дека апетитите на Кристијан се создадени по пат на психолошка траума во минатото. Во реалноста, скоро сите љубители на БДСМ се сосема нормални индивидуи што функционираат како и сите останати во општеството, без траума од минатото.rnrn
rnrnСепак, тоа што треба да се пофали во овие филмови е истражувањето на согласноста во сексуалниот живот на еден пар. Многу повеќе внимание се обрнува на разговорите помеѓу Анастасија и Кристијан кога преговараат за границите, како и за она што е во ред и она што не е во ред, како во спалната, така и надвор од неа, во однос на самите сексуални сцени. Тие постојано разговараат, учејќи за своите граници. На тој начин си овозможуваат здрав сексуален живот – нешто од што можат да научат многу парови што имаат проблеми со границите.rnrn
rnrnПа, дали вреди да се погледне овој дел? Секако. Особено ако веќе сте ги гледале претходните два дела…