КАФЕ ПАУЗА

Филм: Легенда (Legend)

Written by

in

,
Филм базиран според вистинската приказна за гангстерите близнаци Реџи и Рони Креј

rn(1) Филм: Легенда (Legend)Режија: Брајан ХелџеландrnrnУлоги: Том Харди, Емили БраунингrnrnВреметраење: 131 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 24 септември 2015rnrnЖанр: биографија, криминал, трилерrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за вистинската приказна за идентичните близнаци, Реџи и Рони Креј, кои биле најозлогласените криминалци во историјата на Британија. Филмот ги следи настаните околу нивната криминална империја во 1960-тите години кога владееле со Лондон и биле едни од најмоќните луѓе кои некогаш оделе по планетата. Со неколку зборови, овој филм е третина темна комедија, третина љубовна приказна и третина трилер. Но, и покрај тоа што станува збор за гангстери, ние сепак немаме можност да ја доживееме во целост оваа страна на филмот. Наместо тоа, во центарот на настаните се односот помеѓу браќата, како и врската на Реџи со Френсис. Исто така, да ве предупредиме дека станува збор за бавен и долг филм, па доколку не ви се допаѓа овој жанр големи се шансите дека ќе ви биде здодевен.rnrn(2) Филм: Легенда (Legend) (3) Филм: Легенда (Legend)rnrnОна што навистина се издвојува во овој филм е неверојатниот двоен перформанс на Том Харди. Тој ги глуми и Реџи и Рони, давајќи ни неверојатна длабочина на нивните различни карактери. Токму тој е и една од најголемите причини зошто би требало да го гледате филмот. Од друга страна пак, Емили Браунинг, која ја глуми Френсис, девојката и подоцна сопруга на Реџи, исто така совршено ја одигрува својата улога, а со тоа и ја дополнува и разгорува динамиката помеѓу двајцата близнаци. Што се однесува до текот на приказната, можеме слободно да кажеме дека е без грешка, полека откривајќи ви едно застрашувачко и тешко време од кое без прекин ќе ви поминуваат морници низ телото. Па, доколку сте расположени за мала и застрашувачка екскурзија во минатото, тогаш без сомнение Легенда е одличен избор за вас.rnrn(4) Филм: Легенда (Legend) (5) Филм: Легенда (Legend)