КАФЕ ПАУЗА

Грешки што жените би требало да ги избегнуваат пред секс

Грешки што жените би требало да ги избегнуваат пред секс

Сексот е страстен момент во кој треба да уживате максимално. Но, постојат некои навики кои можат да ви го уништат искуството или да предизвикаат несакани последици после сексот. Во продолжение, погледнете ги 3-те грешки што би требало да ги избегнувате пред секс.rnrnГрешки што жените би требало да ги избегнуваат пред сексrn

1. Депилација

rnДоколку планирате романтична ноќ со партнерот, најдобро е да се подготвите неколку денови однапред, барем кога станува збор за депилацијата. За време на сексуалниот однос, пределот околу препоните е изложен на триење и прекумерно потење. Поради ова кожата се иритира, а чувствителните места од депилацијата лесно можат да се воспалат. Слично влијание има и вежбањето после депилација.rn

2. Употреба на лекови против алергија

rnЛековите кои ги намалуваат алергиските реакции го опуштаат телото. Но овие лекови имаат и силно дејство на слузокожата која е поврзана со целото тело, почнувајќи од усната празнина, па сè до интимните делови. Лековите против алергија го намалуваат лечењето на вагинален секрет, па сексот нема да биде пријатен како и вообичаено. Експертите го поврзуваат лачењето секрет и со оргазмот, па доколку вашата вагина е сува, потешко ќе го достигнете врвот. Истото важи и доколку се обидувате да зачнете, бидејќи токму овој секрет им го олеснува патот на сперматозоидите до јајниците.rn

3. Чекање за одење во тоалет

rnДоколку сред секс почувствувате потреба за во тоалет, немојте да трпите. Имено, мочниот меур е сместен блиску до вагината, па ќе го чувствувате секој притисок. Поради ова сексот нема да биде ниту пријатен, ниту опуштен. Исто така доколку имате потреба за во тоалет за време на секс, мочниот канал и мочниот меур се оптеретени и полни со течност, со што се зголемува ризикот од воспалување на мочниот меур предизвикано од секс.rnrnПогледнете и кои се грешките што го уништуваат вашиот сексуален живот.