Таму каде што сите гледаат бариери, некој гледа мост што ги поврзува световитеrnrn
Режија: Јоахим Ронинг, Еспен СандбергrnrnУлоги: Пол Свере Валхејм Хаген, Андерс Басмо Кристијансен, Густав СкарсгордrnrnВреметраење: 118 минутиrnrnЈазик: норвешкиrnrnПремиера: 24 август 2012 (Европа)rnrnЖанр: авантура, акција, биографијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rnСкандинавската филмска продукција секогаш знаела да протне силни универзални пораки низ добро смислени приказни, но онаа за Кон-Тики, колку и да звучи неверојатно, не е измислена. Таа навистина се случила во 1947 година кога Тор Хејердал, најголемиот норвешки етнограф и авантурист на дваесеттиот век со сплав го препливал Пацификот за да докаже дека народите на Полинезија таму се доселиле од Јужна Америка.
Во филмот Тор (Пол Свере Валхејм Хаген) е опишан како харизматичен, смел и смирен лидер и човек кој цврсто стои зад своите убедувања. Кога неговата теорија ќе ја стави на хартија и ќе ја понуди на издавачите, наидува на потсмев кај крутата научна јавност. Никој не може да поверува дека примитивните народи само со сплав ја поминале најголемата бариера на светот и се доселиле во нивниот денешен дом. Само Тор Хејердал во таа бариера гледа мост кој ги поврзува двата света и затоа ќе собере храбар екипаж со кој ќе се обиде да го повтори истиот подвиг и да докаже дека тоа што го зборува е вистина. Сплавот Кон-Тики ќе го изградат од истите материјали и технологија како оној од пред многу векови и набргу ќе тргнат на пат преку Пацификот долг 5.000 милји.
Авантурата на Тор и неговиот екипаж е пат кон непознатото кој содржи и подеми и падови. Големите очекувања ќе бидат разнишувани од сомнежот во сопствените шанси за успех, а потоа ќе бараат начин да ја вратат храброста кај себе. Во таквата ситуација храбриот водач и неговата неверојатно силна волја ќе бидат клучен фактор кој ќе решава за конечниот исход на подвигот. Тие моменти се реално прикажани, според настаните кои навистина се случиле и веројатно затоа ја немаат вообичаената интензивна драматичност каква што често гледаме во подобрите холивудски блокбастери. Подвигот на Тор и неговите луѓе е раскажан баш онака како што се случил, без додавање и одземање на настани кои би придонеле за напнатост во дејството. Тензијата во овој филм е затскриена под површината и се чувствува дури кога целосно ќе се внесете во филмот.
Затоа Кон-Тики може лесно да го задржи вашето внимание од почеток до крај. Не можете, а да не посакувате харизматичниот Тор Хејердал и неговите сопатници да докажат дека границата може да биде и мост. Тоа е извонредно дело, а доби и номинација за Оскар во категоријата филмови од неанглиско говорно подрачје. Кон-Тики е поим за филм од жанрот авантура. Ретко излегуваат вакви филмови и ако сте фан на овој жанр, тој за вас ќе биде големо уживање.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
