КАФЕ ПАУЗА

Филм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)

Written by

in

,
Низа суперхерои застануваат на спротивните страни во политичката дебата помеѓу слободата и безбедноста

rnФилм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)Режија: Антони и Џо РусоrnrnУлоги: Крис Еванс, Роберт Дауни Џуниор, Себастијан Стан, Даниел БрулrnrnВреметраење: 147 минутиrnrnПремиера: 05 мај 2016rnrnJазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„Капетан Америка: Граѓанска војна“ е тематски амбициозно прославување на суперхеројскиот филмски жанр кое, и покрај своите фантастични теми, успева да ја задржи човечноста. Како и самото сценарио што го обработува, „Граѓанска војна“ е судир на спротивности – хумористичен и паралелно доволно сериозен; темен и истовремено ведар и енергичен; забавен, акционен, физички и истовремено психолошки поткован филм кој во ниеден момент не го симнува спектакуларниот стандард по цена на тежината на својата митологија.rnrnФилм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)rnrnСо бројните суперхерои, филмот може да се нарече ново полупродолжение на „Одмаздници“ каде секој има своја причина и филозофска длабочина со што ја докажува својата присутност. Главниот антагонист во филмот, Барон Земо (Даниел Брул) е вешт манипулатор кој ги држи конците во свои раце, управувајќи под мотото „Раздели па владеј“; Баки Барнс (Себастијан Стан) се обидува да го искорени својот внатрешен крволочен убиец – Зимскиот војник; Ванда Масимоф (Елиазбет Олсен) и Визија (Пол Бетани) се обидуваат да се соочат со гравитацијата и импликациите на нивните моќи;rnrnФилм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)rnrnКлинт Бартон (Џереми Ренер), Сем Вилсон (Антони Маки) и Џејмс Роудс (Дон Чидл) стојат како синоними за лојалноста и стабилноста, додека Наташа Романоф (Скарлет Јохансон) како и вообичаено си поигрува и на двете страни. Од новите ликови, Питер Паркер (Том Холанд) е оној Спајдермен чија приказна конечно го оправдува неговото суперхеројско име и кој го чекавме со години, а неговото височество Т’чала (Чедвик Босман) е Црниот Пантер чие чувство за правда и слобода може да се мери со она на Капетан Америка.rnrnФилм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)rnrnВо режија на незаменливото филмско дуо, браќата Русо, „Граѓанска војна“ ни го покажува конфликтот помеѓу Тони Старк или Железниот човек (Роберт Дауни Џуниор) и Стив Роџерс или Капетан Америка (Крис Еванс) кои застануваат на две различни страни во борбата за и со интернационалното право. Капетан Америка, доследно на своето минато, верува дека прецедентот е опасен и дека најбезбедните раце се сѐ уште оние на одмаздниците, а Железниот човек верува дека прецедентот е прагматичен кога ќе се земат предвид невините жртви и колатералната штета која хероизмот може да ја предизвика.rnrnДвајцата имаат солидна перспектива и двајцата се во право со опција да го решат проблемот со добра комуникација, но наместо со реторика се одлучуваат тоа да го сторат со сила, бруталност, одлучност и стратешки тактики.rnrnФилм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)rnrnСо својата неочекувана свежина, филмот го руши суперхеројското клише и наместо повторливи мотиви ја разработува големината, себичноста и емоционалноста на воените дела, прашањето дали недолжните жртви ја негираат правдата на една благородна мисија, цената и привлечноста на одмаздата и постојаните внатрешни борби на хероите кои се обидуваат да ги докажат и оправдаат своите минати и сегашни дела.rnrnСето тоа комбинирано дава значаен, симболичен проблем на одговорност, транспарентност и предвидување во форма на една Шекспирова трагикомедија на личен конфликт и лојалност. Вистинската победа не припаѓа ниту на тимот Железниот човек, ниту на тимот Капетан Америка, туку на тимот Марвел.rnrnФилм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)