Емоционална приказна, убедлива глума и капитализам
rn
Режија: Жан-Пјер Дарден, Лук ДарденrnrnУлоги: Марион Котијар, Фабрицио Ронџоне, Пили ГроанrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnЈазик: францускиrnrnПремиера: 21 мај 2014rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnЈазикот не е единствениот елемент кој прави веднаш да почувствувате дека „Два дена, една ноќ“ не е продуциран во Холивуд. Иако тој сепак ќе се трка за престижна американска награда затоа што е белгискиот кандидат за Оскарите, начинот на кој што е изработен не соодветствува на спектаклот кон кој тежнее американската продукција. Напротив, овој пат пред нас имаме филм со кој многу полесно би можеле да се поврземе и соживееме затоа што ваква приказна може да му се случи секому од нас, а на многумина им се случило нешто слично.rnrn
rnrnВо двата дена и едната ноќ во кои се протега речиси целото дејство на филмот ја гледаме борбата на една жена да си ја зачува работата во време кога економската криза во Европа делка работни места од компаниите. Сандра, која ја игра Марион Котијар, работи во мала фирма која произведува соларни панели. Таа била на боледување, но шефот решил да не бара замена за неа. Фирмата работела со 16 наместо 17 работници и за тоа време производството воопшто не паднало, па така тој, во капиталистички дух, решава да се ослободи од работникот за кого смета дека му претставува вишок и само му јаде од профитот.rnrn
rnrnНо, тоа го прави на начин на кој што одговорноста ја дели со нејзините колеги. Имено, на работниците им дал можност да бираат: да добијат бонус од по 1.000 евра и Сандра да се симне од платниот список, или таа да остане да работи таму, а тие да го загубат бонусот затоа што тој ќе оди како плата за неа. Сандра губи на гласањето со 14:2, но со една нејзина колешка и пријателка ќе издејствуваат повторно гласање после викендот. До тогаш нејзе и остануваат цели два дена и една ноќ да се види со секој колега одделно и да ги замоли на повторното гласање да застанат на нејзина страна.rnrn
rnrnТоа ќе произведе многу незгодни ситуации. Сумата од 1.000 евра не е голема за белгиски стандарди, но луѓето кои евентуално би го загубиле имаат семејства во кои некој веќе ја загубил работата или работат на две работни места за да заработат повеќе. Дејството се сели од разговорот на Сандра со еден колега до разговор со друг. Самата приказна е таква што е извадена од нашето секојдневие и изгледа толку многу реално што на моменти ќе имате впечаток дека гледате реално шоу.rnrn
rnrnМарион Котијар цврсто го носи дејствието на своите плеќи со својата фантастична изведба. Браќата Дарден, авторите на овој филм, ѝ дале одлична улога која таа ја исполнува маестрално, со секој свој гест, секоја гримаса и секој изговорен збор. Ќе има моменти кога може да сочувствувате и да ви биде жал за нејзиниот лик, за таа жена која со сите сили се бори да ја задржи работата и за нејзините колеги кои работодавецот ги ставил во толку непријатна ситуација. „Два дена, една ноќ“ е извонреден филм. Веќе доби многу одлични критики, но ќе биде штета ако публиката го пропушти само затоа што во него не се зборува на англиски. Гледајте го, нема да зажалите.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
