КАФЕ ПАУЗА

Зошто се појавуваат дупки на облеката?

Спречете го појавувањето на дупки на облеката

Дали забележувате мали дупчиња на вашата облека по нејзиното перење во машината за алишта? Постојат повеќе причини за оваа појава, а во продолжение прочитајте кои се најчестите.rnrnСпречете го појавувањето на дупки на облекатаrn

Машината за перење

rnПред сѐ, причината може да се крие во машината за перење алишта, но не и без вас како човечки фактор. Доколку ставате премногу алишта во машината, таа освен што нема добро да ги испере алиштата, може и да ги оштети. Кога има премногу алишта, некои делови се заглавуваат помеѓу гумата и вратата, што предизвикува оштетување на заглавената облека. Центрифугата не може да ја „преживеат“ дури ни најцврстите материјали.rn

Облека со лош квалитет

rnНавикнати сме да купуваме парчиња облека кои ни се допаѓаат без да размислиме за квалитетот на ткаенината, а на неквалитетните материјали не им треба многу за да се оштетат.rn

Погрешен режим на работа

rnНа поновите машини за перење има различни програми за различни ткаенини, па кои се шансите дека ќе згрешите? Се чини дека сепак може да се згреши. Ткаенината може да се оштети и доколку се згрешат температурата, времетраењето на циклусот, брзината на центрифугата итн. Прочитајте ја етикетата на облеката пред да ја ставите во машината за да дознаете како безбедно да ја исперете.rn

Скриен предмет

rnВо машината можеби има заглавен предмет кој го предизвикува оштетувањето на облеката. Проверете добро дали ова е причината.rn

Лош детергент

rnЛошиот детергент директно не предизвикува оштетување на облеката, но од него може да се оштетат влакната на материјалот и со време да се појават дупки. Исто така, природните влакна како волната и свилата мора да се перат со посебен детергент.rnrnДруг проблем кој ни задава главоболки е остарувањето на облеката, но постои раствор за длабинско перење на облеката и мебелот кој го враќа нивниот оригинален изглед.