Може ли товарот на минатото да го спречи доброто во борбата со злото?rnrn
Режија: Кристофер НоланrnrnУлоги: Кристијан Бејл, Том Харди, Гери Олдман, Ен Хатавеј, Морган Фримен, Мајкл КејнrnrnВреметраење: 165 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 20 јули 2012rnrnЖанр: акција, криминалистичка драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rnИ третото продолжение на серијалот за Бетмен режирано од Кристифер Нолан го задржува извонредниот квалитет на своите претходници. Дури и да не сте фан на филмови со суперхерои, оваа епска борба помеѓу доброто и злото во имагинарниот Готам Сити има сè што е потребно за да го заслужи вашето внимание. Бетмен не е ладен натчовек кој бестрашно им се спротиставува на лошите момци, туку е портретиран како обичен смртник кој има свои подеми и падови. Впрочем, да не е неговиот специфичен костум, тешко дека ќе имате чувство дека следите филм со суперхерој од стриповите.
Дејствието продолжува осум години по смртта на детективот Харви Дент. Сите овие години Брус Вејн (Кристијан Бејл) живеел изолирано од останатиот свет со својата грижа на совест. За среќа, Готам Сити е речиси целосно исчистен од криминал, па неговите дела не му се потребни на градот. Мирниот живот ќе трае сè додека не дојде терористот Бејн (Том Харди), со намера да спроведе своја правда и нов поредок заканувајќи се со нуклеарна бомба. На Брус Вејн му е јасно дека на Готам му е неопходна помошта од Бетмен, особено откако ќе биде киднапиран полицаецот Џејмс Гордон (Гери Олдман) и откако ќе сфати дека терористите ја имаат помошта и од жената-мачка (Ен Хатавеј). Тогаш тој ќе биде соочен со демоните од минатото и грижата на совест поради смртта на Рејчел и Храви Дент, но ќе мора да ги надмине ако сака уште еднаш да го спаси својот град од криминалците.
Додека го гледате филмот приказната може да ви изгледа малку познато, но не од стриповите или од претходните филмови со Бетмен. Таа многу наликува на онаа од реалноста во која човештвото се бори против тероризмот: Бејн доаѓа со своето оружје да спроведе правда според своите сфаќања, а Готам многу потсетува на Њуjорк.
„Бетмен: Подемот на црниот витез“ е извонреден филм на кој не му фали тензија и е доволно драматичен да ве задржи пред екранот речиси три часа. Покрај интересната приказна заслужна за тоа е и актерската екипа во која особено се истакнува Том Харди во улогата на Бејн. И да, сепак има многу специјални ефекти, иако во него секоја сцена изгледа премногу реално. Сè на сè, возбудлива акција која заслужува чиста десетка и која мора да се изгледа.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
