Автор: Д.Џ.rnrnПосле летото исполнето со светли, густи и весели бои на лакови за нокти, време е да се погледне кон оние што ќе ја обележат оваа есен. Иако не треба да се ограничуваме кога се работи за избор на лак за нокти, бидејќи тоа е и покрај сѐ, начин да се изразите себе и прашање на вкус, боите кои ги избраа модните лидери ширум светот за колекцијата есен/зима 2010 се:rn
1. Богата лила боја – идеалниот избор за преминување од летните кон есенските трендови
2. Кафени тонови – можеби совршената боја која ќе ја обележи и оваа сезона, лесна за комбинирање со вашите омилени есенски парчиња облекаrn
3. Сите нијанси на сива – големиот избор на различни нијанси овозможува избор на оној тон од оваа боја кој најдобро прилега на вашиот стил и тен на кожатаrn
4. Металик – темни, металик, светкави нијанси се вистинскиот избор за оваа сезонаrn
5. Неутрални бои – доколку инсистирате на класичен, но добар лак за нокти овие женствени и елегантни бои се вашиот изборrn
6. Сино + црно – последните година дена во светот на модата кружи изјавата „Сината е новата црна боја“. Темните нијанси на сина (најмногу индиго сина) ги преплавеа модните магазини и секоја од нашите омилени продавници за облека. Оваа специфична комбинација на црна и темно сина боја е нашиот хит избор за оваа сезона.rn
rn
