Чест и одбрана на честа во феудална Јапонија
rn
Режија: Карл РиншrnrnУлоги: Киану Ривс, Киројуки Санада, Ко ШибасакиrnrnВреметраење: 118 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 декември 2013rnrnЖанр: акција, авантура, фантазијаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДефиницијата за ронин вели дека тој е самурај кој не му служи на ниту еден господар, не затоа што така сакал, туку затоа што поради некоја причина останал без него. Приказната за одмаздата на група од 47 ронини наводно навистина се случила во Јапонија во 18-тиот век и претставува одлична подлога за голем холивудски блокбастер. И покрај тоа што не е кој знае колку добар филм, навистина може добро да ве забавува затоа што лесен е за следење, нема комплицирано дејство ниту комплицирани ликови. Од голема важност е внимателно да ги проследите првите неколку минути од филмот во кои раскажувачот детално објаснува што е ронин, а што самурај во склопот на општествените односи во феудална Јапонија, а ако дотука ги научите основните работи понатаму е полесно да се сфатат работите.rnrn
rnrnКиану Ривс се појавува во главната улога како Каи, половина Јапонец, половина Британец, кој како дете е пронајден во шумата и одгледан од локалниот феудалец Асано, со кого немаат некоја силна меѓусебна врска. Каи, всушност, е многу поблизок со Мика, ќерката на Асано, кон која чувствува љубов. Живее мирен живот совладувајќи ги самурајските вештини иако не може да биде самурај поради своето мешано потекло, со што го стекнува статусот на ронин.rnrn
rnrnКога Асано ќе биде понижен во една прилика, тој одлучува да се самоубие во обид да ја зачува својата чест, оставајќи ги сите свои самураи како ронини. Заедно со Каи тие се група од 47 воини без господар кои подоцна дознаваат дека Асано бил неправедно понижен и тргнуваат во поход да ја одмаздат неговата неправедна смрт.rnrn
rnrnФилмот е доста едноставен, што за жал не го прави многу добар. Одличните визуелни ефекти и костимографија не играат голема улога кога ликовите се еднодимензионални, а на многу места во приказната се среќаваат клишеа и уште полошо – фрази кои се веќе слушнати во многу филмови. Друг проблем за гледачот може да претставува концептот за честа и одбраната на честа во Јапонија од пред неколку векови, кој нам денеска ни е многу туѓ. Но, во секој случај, доколку седнете да го гледате „47 Ронин“ без некои преголеми очекувања, добрата количина на акција и јапонска митологија може добро да ви го исполни времето.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
