rn
5. „1917“
rnМожеби фактот дека Сем Мендес е режисер на овој филм е доволен за да ве привлече да го гледате, но згора на тоа, тој бил инспириран од вистинска приказна која му ја раскажал неговиот дедо за неговите искуства во Првата светска војна.rnrnПриказната следи двајца гласници кои треба да ги предупредат Британците за германската заседа што ги чека. Нивните улоги ги толкуваат Џорџ Мекеј и Дин Чарлс Чепмен, а меѓу останатите ќе ги видиме и Бенедикт Камбербач и Колин Фирт.rnrnrn
6. „Малечки женички“ (Little Women)
rnВеќе има неколку адаптации на литературното дело на Луис Меј Алкот, од кои најновата е од минатата година. И покрај тоа и најавените промени во временските рокови, очекувањата се големи. Ова е главно поради тоа што режисер е Грета Гервиг, а улогите ги толкуваат Сорша Ронан, Ема Вотсон, Флоренс Пју, Елиза Санлен, Мерил Стрип и Лора Дерн.rnrnrn
7. „Лоши момчиња зaсекогаш“ (Bad Boys for Life)
rnПоминаа дури 16 години од вториот дел од експлозивната сага на Мајкл Беј и многумина поверуваа дека третиот дел никогаш нема „да ја види светлината на денот“. Како и да е, Вил Смит и Мартин Лоренс се вратија и се чини дека се во подобра форма од кога било (ова се однесува повеќе на првиот) за да ни донесе уште еден акционен спектакл.rnrnrn
8. „Господата“ (The Gentlemen)
rnСекој нов филм од Гај Ричи го заслужува вашето внимание, а особено оној што собра толку интересна екипа, предводена од Метју Меконахи. Во приказната се вклучени и Хју Грант, Мишел Докери, Џереми Стронг, Колин Фарел, Чарли Ханам и други и навистина не знаеме што да очекуваме.rnrnrn
9. „Птици грабливки (и фантастичната еманципација на еден Харли Квин)“ ( Birds of Prey (and the Fantabulous Emancipation of One Harley Quinn))
rnИ покрај фактот дека не сите неодамнешни филмови од кујната на DC Extended Universe имаа ист успех, враќањето на Марго Роби во улогата на Харли Квин е доволна причина филмот да нè заинтригира. И покрај малку чудната и навидум зашеќерена приказна, која одврати некои од фановите, многу се очекува од Хуан Мек Грегор како главен негативец.rnrnrnrnМожеби сакате да прочитате и за 10-те филмови кои ќе ве релаксираат и насмеат.
