Кога сме болни или пак само нè боли грлото, топлиот чај и супата одлично ни делуваат. Но колку што тие се добри за настинка, толку други работи можат дополнително да ги влошат симптомите.rnrn
rn
1. Купечки овошни сокови
rnЦедените овошни сокови се полни со витамини и минерали кои му се потребни на организмот кога сме болни, но истово не важи за купечките сокови. Тие содржат многу шеќери кои се врзуваат со крвните клетки и ги крадат витамините од телото на тој начин ослабувајќи го имунитетот.rn
2. Пржена храна
rnПржената храна не е добро да се конзумира дури ни кога сме здрави, но колку е штетна за телото кое е ослабено под влијание на вирус, можете само да претпоставите. Таа е полна со заситени масти кои тешко се разградуваат и можат значително да го нарушат дигестивниот систем на организмот кој во текот на болеста и онака не работи со полна сила.rn
3. Кафе
rnТочно дека кога сме болни треба да внесуваме повеќе течности во организмот, но кафето, односно кофеинот дејствува како силен диуретик кој може да предизвика дехидрација на веќе ослабениот организам.rn
4. Кисела храна
rnОвој вид храна треба да се избегнува од причина што може да ги интензивира симптомите на болеста како резултат на надразнување на веќе оштетената слузница. Избегнувајте кисело овошје, цитрусно, особено портокал, како и сува пиперка.rn
5. Млечни производи
rnМлечните производи содржат протеини и витамин Д кој помага во јакнење на организмот, но исто така го поттикнуваат и лачењето на природната слуз што може дополнително да го влоши кашлањето.rn
6. Алкохол
rnИсто како и кафето, и алкохолот ја исфрла течноста од телото и со тоа може да предизвика дехидрација, а ако го мешате пак со лекови, може да го намали нивното дејство. Иако познато е дека е здраво да се пие по една чаша вино на ден за зајакнување на имунитетот, кога сте болни, наместо тоа напијте се чај или природен сок.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.