3 одлични ТВ серии за жени

Сподели

rn

Реклама

3. Листа на клиенти (The Client List)

rnЖанр: драма

Премиера: 8 април 2012

Број на сезони: 2

Статус: откажана на 1 ноември 2013

Главни улоги: Џенифер Лав Хјуит, Лорета Дивајн, Колин Еглсфилд

Кратка содржина:  Тексашка домаќинка, која се наоѓа во тешка финансиска ситуација откако маж ѝ ќе ја напушти неа и двете мали деца, решава да се вработи во навидум стандарден спа-центар во соседниот град.

Набргу сфаќа дека масажите не се единствената услуга која ја има на менито и дека вработените и сопственичката заработуваат екстра пари, давајќи нелегални секс-услуги на специјални, редовни клиенти. По кратко размислување, решава да ја искористи приликата за да обезбеди повеќе пари за своето семејство.

Лична критика: Оваа серија ја поматува границата помеѓу парите и достоинството и го поставува прашањето: „На што сè сме спремни за да обезбедиме финансии за нашето семејство?“ Во контроверзната и дрска драма, младата мајка решава да води паралелен живот: семеен, во кој се труди да биде коректна личност и супер мајка, и професионален, во кој мора да биде секси козметичарка, подготвена да ги задоволи сите желби на муштериите. Приказната е инспирирана од вистинска приказна.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира