КАФЕ ПАУЗА

3 неочекувано добри нови ТВ серии

Есенската сезона за телевизијата започна во полн ек, со уште многу малку ТВ серии чија премиера сè уште ја чекаме. Поголемиот дел од новите ТВ серии привлекоа толку големо влијание, како на пример „Западен свет“, што се предвидува дека ќе бидат на малите екрани уште многу години. Но, постојат неколку ТВ серии што исто така се добри, дури и покрај тоа што беа засенети од страна на популарните. Ви издвојуваме 3 од нив…rn

1. Смртоносно оружје (Lethal Weapon)

rn(1) 3 неочекувано добри нови ТВ серииrnrnДа бидеме искрени, никој не очекуваше дека оваа ТВ серија ќе биде голем успех. И не само затоа што телевизиските адаптации на филмските приказни имаат потешкотии при оставање голем впечаток, туку  тие исто така и ретко го достигнуваат ефектот што сме го почувствувале на големото платно. И покрај тоа што „Смртоносно оружје“ не може веднаш да се смести во категоријата класика, како филмовите, сепак е неверојатно интересна, одлично режирана и прилично добро адаптирана.rnrnrnrnХемијата помеѓу главните ѕвезди, Дејмон Вајанс и Клејн Крафорд е цврста, акцијата изобилува со експлозии и постојано движење, додека пак, хуморот е навистина добро напишан и пренесен. Со солидно 62-процентно одобрување од критичарите на „Rotten Tomatoes“ и просечни 10 милиони прегледувања во Америка во текот на неделата, „Смртоносно оружје“ е една од најголемите изненадувања за оваа сезона.rn

2. Подобри нешта (Better Things)

rn(2) 3 неочекувано добри нови ТВ серииrnrnСите трејлери за оваа ТВ серија ни покажаа дека ќе има смешни моменти, најмногу затоа што приказната наликуваше на онаа што едниот од креаторите, Луис Си Кеј веќе ја има, па тоа доведе до чувство на недостаток на оригиналност. Но, првата епизода брзо ни покажа дека оваа приказна не само што ѝ пркоси на типичната формула за комедија, туку истовремено ни пренесува и драма која допира до многумина.rnrnrnrnСо оглед на тоа што станува збор за комедија од кабелска телевизија, оваа ТВ серија има солиден рејтинг во Америка, што постојано се подобрува во текот на последниве неколку недели. Како додаток, оваа приказна доби и поддршка од критичарите на „Rotten Tomatoes“, со 94-процентно одобрување за гледање, овозможувајќи ѝ веднаш обновување за втора сезона. Комбинацијата на семејната комедија со неверојатниот перформанс на Памела Адлон, главната ѕвезда и ко-создавачот на оваа ТВ серија, ни носи освежување на малите екрани.rn

МекГајвер (MacGyver)

rn(3) 3 неочекувано добри нови ТВ серииrnrnСтанува збор за обновување на класичната ТВ серија за МекГајвер. Токму затоа и никој не очекуваше многу од неа, па сите ја гледаа првата епизода со ниски очекување што беа целосно надминати уште во првата половина на епизодата.rnrnrnrnОваа приказна изобилува со брза авантура за оние што бараат акција, воведува многу повеќе хумор од оригиналната ТВ серија и едноставно е лесна за гледање. Па, ако сакате да се насмеете или расположите, додека истовремено вниманието ви е целосно задржано од страна на дејството, тогаш дефинитивно треба да ѝ дадете шанса!