Луѓето кои биле изневерени во минатото, многу тешко влегуваат во нова врска од страв повторно да не бидат повредени. Дури и откако ќе решат да започнат врска, им треба многу долго време за да стекнат доверба и сигурност во нивниот партнер. Голема е веројатноста дека постојано ќе ве испрашуваат и ќе се сомневаат во вашата верност и разбирливо е дека ќе чувствувате голем притисок. Меѓутоа, доколку личноста навистина ви значи, најважно е да останете трпеливи. Да се биде изневерен е навистина трауматично искуство кое остава долготрајни лузни и последици. Во ваква ситуација треба да покажете разбирање и да ги имате предвид следниве работи…rnrn
rn
Комуникацијата е најважна
rnЕдинствениот начин на кој би можеле да изградите здрава врска со неа е да покажете дека нема да криете работи од неа и да ја лажете. Нејзиниот инстинкт ќе ја натера да стави ѕид пред себе за да се заштити. Затоа, вие треба да разговарате со неа за сè што планирате да правите и да ја вклучите во секоја ваша одлука и ќе видите како полека ќе почне да ви се отвора. Можеби, ќе ви биде потребно подолго време, но верувајте дека таа засекогаш ќе ви биде благодарна.rn
Довербата не е право, туку привилегија
rnФакт е дека таа нема да почне да ви верува веднаш. И не смеете да се навредите поради тоа. Кога еднаш сте изгубиле доверба, не сакате веднаш да почнете да верувате секому. За да се изгради доверба потребно е време, но евентуално ќе стигнете до таму.rn
Не смеете да ја нарекувате параноична или луда
rnОткако еднаш сте биле изневерени, во вас се раѓаат стравови од кои навистина е тешко човек да се ослободи и да ги заборави. Ќе има моменти кога тие ќе излегуваат на виделина, и тоа нема да ви биде баш интересно. Но, ако ги обезвреднувате нема да направите да исчезнат, туку само ќе ги влошите. Доколку не ги сфатите сериозно нејзините стравови и ја натерате да се чувствува глупаво што ги има, тоа само уште повеќе ќе ја загрижи и ќе предизвика да се затвори во себе. Дури и кога нејзиното однесување е нерационално и неправедно, сослушајте ја. Направете да се чувствува сигурно покрај вас.rn
Кога ќе почне да зборува за она што се случило, тоа е знак дека ѝ станува подобро
rnНајверојатно ѝ е многу тешко да зборува за нејзиното минато, затоа што на тој начин таа одново ги преживува тие ужасни моменти од животот. Ако почне да ви зборува за нив, тоа значи дека ви верува и тоа е знак дека не ѝ е толку болно да се сеќава на тој период. Тоа е знак дека духовите од минатото повеќе не ја прогонуваат.rn
Срамно е да се признае дека сте биле изневерени, затоа бидете чувствителни
rnВо моментот кога дознавате дека сте биле изневерени, се чувствувате засрамено, измамено, скршено и уништено. Тоа што таа мора да признае дека се чувствува така, дека ја почувствувала таа болка во животот, е ужасно тешко. Сигурно многу размислувала за тоа дали направила нешто погрешно или што можела да направи поинаку. Кога ќе ви се отвори за тоа, мора да покажете почит спрема таа болка. Многу е важно да ѝ помогнете да заздрави.rn
Мора да ги почитувате нејзините граници и стравови
rnМожеби ќе треба подетално да објасните зошто сте сè уште во контакт со вашата поранешна девојка или да ја уверувате зошто не сте одговориле веднаш на пораката. Таа ќе ги има овие стравови и ваша одговорност е да ги олесните. Нема да постојат засекогаш.rnrn
rn
Таа не ве споредува со никого од минатото туку се надева дека сте поразлични
rnСтереотипот што постои дека девојките кои биле изневерени постојано ги споредуваат луѓето со нивниот поранешен партнер, не е целосно точен. Таа најверојатно се подготвува психички дека повторно ќе биде повредена како одбранбен механизам. Но, длабоко во себе таа само се надева дека нема да ја повредите и ќе ѝ докажете дека греши.rn
Но, секогаш ќе постои дел од неа кој ќе ја тера да се споредува себеси со други луѓе
rnМногу често таа веројатно се споредува себеси со други луѓе. Што треба да направи за да биде повеќе како нив, што е тоа што тие го имаат, а таа го нема? Ова постојано споредување навистина исцрпува. Но, таа не може да си помогне. Затоа, треба да ѝ покажете дека таа е посебна. Уверете ја дека е прекрасна таква каква што е и нема потреба да се обидува да биде како некој друг.rn
Треба да ја уверите дека нема да ја напуштите
rnТаа веројатно постојано стравува дека ќе ве изгуби, дека без разлика што прави, како се однесува и каква е, еден ден ќе ја оставите. Коренот на ова верување потекнува од стравот дека таа не е доволно добра. Затоа, кажете ѝ дека е. Докажете ѝ дека не одите никаде. И потоа навистина направете го тоа.rn
Веројатно се обвинува себеси за секоја ситница
rnСекогаш кога се карате, таа веројатно размислува во себе како сè тоа е нејзина вина. Сигурно си има кажано себеси дека мора да стигне до некое недостижно ниво на совршеност за да ве задржи. Ова навистина исцрпува.rn
Ако се налутите за тоа што некој ѝ го направил ќе биде поласкана, но тоа не е многу продуктивно
rnКога ќе ви каже што се случило во нејзината претходна врска и вие се налутите поради тоа, може да изгледа слатко бидејќи вашиот инстинкт ви кажува да ја заштитите. Но, оваа лутина не помага многу. Повеќе ќе помогнете ако размислите како да продолжите понатаму. Како да ѝ покажете и докажете дека она што се случило во минатото, не влијае на иднината. Дека тоа не е повеќе важно.rn
Некое време таа постојано ќе очекува дека ќе ја повредите
rnТешко е да се ослободите од стравот дека некој ќе ве повреди. Ќе биде потребно време додека таа престане да биде постојано на штрек и да очекува повторно да биде повредена. Ако покажете трпение и разбирање, ова чувство евентуално ќе помине.rnrn
rn
Некои работи секогаш ќе бидат болни без разлика колку време поминало
rnБолката предизвикана од неверството е многу специфична и тешко поминува. Може да поминат и години, а вие сè уште да се сеќавате какво било чувството кога сте биле изневерени. Ќе има добри и лоши денови. Ќе има периоди кога таа без предупредување ќе се чувствува повредено од нешто што го има доживеано. Тоа е нормално и ќе помине.rn
Најдобрата и најефективната работа што можете да ја направите е да бидете тука за неа
rnБидете тука за неа. Бидете присутни и отворени, едноставно бидете до неа. Покажете ѝ дека не одите никаде. Тоа ќе ѝ значи сè и по некое време ќе видите како ќе почне да ви верува и да ве сака безусловно и безрезервно.