Кога луѓето лажат, тоа го прават на тој начин што ја прикриваат вистината по секоја цена. Додека ние мислиме дека можеме лесно да ги препознаеме, некои од нив имаат вештина да ја прикријат лагата толку добро, што дури ни најдобриот детектор не може да ги открие.rnrn
rnrnЕдна неодамнешна студија покажала дека личностите кои се запознаваат во првите 5 минути кажуваат дури 3 лаги. И покрај овој тажен факт, ние сме секојдневно опкружени со лажговци, толку многу што дури и оние личности со наивен изглед, што би помислиле дека никогаш не би ве измамиле, најверојатно ве лажат.rnrnЕден федерален агент по име Ј. Ј. Њубери кој бил обучуван за уметноста на препознавањето лаги, зборувал со личност која била сведок на пукање. Таа изјавила дека слушнала истрели, но не видела ништо и тој веднаш знаел дека таа не ја кажува вистината. Како е можно тоа? Прочитајте ги следниве 8 начини за препознавање на лажговците околу вас. Со нивна помош и вие можете да станете експерти за препознавање лаги!rn
1. Внимавајте на недоследностите
rnДоколку приказната само по себе е противречна и не се совпаѓаат деталите, најверојатно не е вистинита. Вистината ќе тече и сè ќе се совпадне совршено. Дури и оние кои преживеале траума, иако не можат да ја состават целата приказна како што треба, сепак остануваат доследни и не кажуваат невистинити детали.rn
2. Внимавајте на неискрените емоции
rn
„Многу луѓе не можат да лажираат насмевка“, вели О’Саливан.
rnНасмевката ќе се појави во погрешно време, ќе се задржи премногу или ќе биде измешана со други емоции, како на пример, лутина. Ова можете да го препознаете бидејќи во ваквите случаи, нивните усни се помали и помалку полни од вистинската насмевка.rn
3. Слушајте ја сопствената интуиција
rnОткако ќе запознаете некоја личност и ќе почнете да зборувате со неа, ако ви се појави чувство во стомакот дека нешто не е како што треба, тогаш најверојатно сте во право.rn
„Луѓето најчесто велат: ‘Ох, имав чувство во стомакот или интуиција’, но јас мислам дека тие се водени од детектирањето на вистинските емоции кај соговорникот“, вели О’Саливан.
rn
4. Обрнете внимание на нивната удобност
rnЛуѓето кои лажат многу често не можат да остварат контакт со очите и можат да делуваат неудобно или неприродно.rn
5. Кажуваат премногу
rnКога измислуваме лага, го правиме тоа со добро измислени детали. Доколку прашате некој каде бил и во неговиот одговор тој го објаснува секој детаљ од местото каде што бил – најверојатно лаже!rn
6. Стануваат дефанзивни
rnЗа да го одвлечат вниманието од себе, тие најчесто стануваат дефанзивни со цел да ја докажат нивната приказна. Кога ја зборуваме вистината, ние сме смирени. Но, кога лажеме можеме да станеме лути, па дури и да направиме сцена.rn
7. Ја менуваат темата
rnКога ќе им стане непријатно бидејќи вниманието е свртено кон нив, тие често ја менуваат темата. Можат да станат фрустрирани и целото внимание да го префрлат на вас.rn
8. Се оддалечуваат од вас
rnЛуѓето кои лажат често можат да се оддалечат од вас, креирајќи простор за да ги сокријат несовршеностите. Ова е еден одбранбен потег, кој е знак за човек кој лаже.rnrnДознајте и колку добро можете да познаете кога некој ве лаже. Направете го овој тест и откријте дали сте добар жив детектор на лаги.