КАФЕ ПАУЗА

10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

Written by

in

,

rn

6. „Книгата на животот“ (The Book of Life)

rn10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалностаrnrnСтанува збор за љубовна приказна со посебен шарм. Покрај фактот што мотивите на смртта се испреплетени во главниот конфликт, овој анимиран филм е полн со љубов и оптимизам. „Книгата на животот“ ќе ви даде чувство на утеха и верба.rn

7. „Порко Росо“ (Porco Rosso)

rn10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалностаrnrnСекој цртан на Хајао Мијазаки е безвременско ремек-дело од аспект на сценарио и визуелни ефекти. „Порко Росо“ не е исклучок од ова правило. Станува збор за приказна за брилијантен пилот кој одеднаш се претвора во прасе, но сепак останува најчовечниот лик од сите останати. Благодарение на сцените со летање и прекрасните пејзажи, овој цртан филм е естетски совршен.rn

8. „Тајната на Келс“ (The Secret of Kells)

rn10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалностаrnrnБрендан е 12-годишно сираче кое живее тивок живот во манастир со калуѓери. Но, животот на момчето се менува кога ќе го сретне Братот Ејдан, чуварот на необичната, недовршена книга на илуминации. Ејдан ќе му ја претстави уметноста на илуминациите на Брендан и ќе го разбуди неговиот неверојатен талент. Цртаниот филм содржи сѐ што можете да си замислите: Оригинален стил, интересна приказна и уникатни ирски музички мотиви.rn

9. „Барајќи ја Дори“ (Finding Dory)

rn10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалностаrnrn„Барајќи ја Дори“ е долгоочекуваното продолжение на популарниот цртан „Барајќи го Немо“. Овој пат, Марлин и Немо се во потрага по Дори, симпатична сина риба која го изгубила сеќавањето. Таа се обидува да ја победи болеста и да го најде нејзиното семејство. Овој прекрасен цртан ќе им се допадне и на децата и на возрасните.rn

10. „Ноктурна“ (Nocturna)

rn10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалностаrnrnЕдна вечер додека сиракот Тим седел на покривот, видел како една ѕвезда паѓа од небото. Обидувајќи се да ја фати, момчето тргнува на неверојатно патување. Таа мистериозна ноќ сѐ е возможно да се случи. Ноќните суштества, жители на земјата Ноктурна, му ги откриваат сите нивни тајни на Тим и тој е единствениот кој може да ги спаси од опасноста што им се заканува. Интересен и волшебен, овој цртан филм несомнено ќе ве врати назад во детството.rnrnПогледнете и кои се анимираните филмови од Дизни што никогаш нема да ги заборавиме.