КАФЕ ПАУЗА

Category: Вистински приказни

  • Персоналот открива 7 несекојдневни случки во една клиника за гинекологија – нема да ви се верува…

    Персоналот открива 7 несекојдневни случки во една клиника за гинекологија – нема да ви се верува…

    Гинеколошкиот преглед е непријатен, но е и повеќе од потребен за нашето интимно здравје. Но, понекогаш има невообичаени реакции од пациентите. Дознајте некои од нив во продолжение.rnrnПерсоналот открива 7 несекојдневни случки во една клиника за гинекологија – нема да ви се верува...rn

    1. Во мене расте вонземјанин!

    rn

    „Девојката дојде во болницата велејќи дека нешто расте во нејзиното тело и се обидува да излезе. Мислев дека се работи за заборавен тампон, тоа често се случува, или парче тоалетна хартија. Но, се покажа дека таа вметнала компир во својата вагина, бидејќи мислела дека тоа ќе ја заштити од бременост. Компирот созреал! Она што таа го чувствувала всушност беше долг микроб. Морав да ѝ одржам предавање за контрацепција, но и за тоа колку е опасно вметнувањето туѓи тела во интимните отвори“.

    rn

    2. Добар апетит!

    rn

    „Мислев дека најнеобично беше однесувањето на една пациентка која во текот на целиот преглед пишуваше на својот мобилен телефон, игнорирајќи ме целосно, како да не е на преглед. Но, потоа доживеав истата пациентка да влезе и со сендвич во раце со намера да го јаде на гинеколошкиот кревет. Ја замолив да не јаде за време на прегледот. Таа зачудено ме погледна. Ѝ реков дека постои можност да се задуши доколку јаде додека лежи, затоа што не сакав да ѝ објаснувам колку е непристојна нејзината намера“.

    rn

    3. (Не)интимна хигиена

    rn

    „Повеќето жени внимаваат на својата хигиена пред преглед бидејќи стравуваат од мирисот што може да го имаат, но многу малку размислуваат за мирисот на своите стапала. Би било добро доколку не доаѓаат од своите домови каде би можеле да се истушираат пред преглед, да понесат со себе влажни марамчиња и чисти чорапи. Овој мирис е многу тежок, па неколкупати се случува да не можеме да ја проветриме просторијата иако е отворен прозорецот. Најлошо е кога тие носат чевли или патики на голи нозе“.

    rnПерсоналот открива 7 несекојдневни случки во една клиника за гинекологија – нема да ви се верува...rn

    4. Драга, не сум бремен!

    rn

    „Млада жена и нејзиниот партнер дојдоа и беа многу вознемирени затоа што мислеа дека таа е бремена и покрај тоа што ги пиела таблетите за заштита кои претходно ѝ ги имав препишано. ‘Дали секој ден, редовно, ги земате таблетите?’- прашав. ‘Ги земаме’ – одговорија. Чуден одговор. По неколку прашања се покажа дека пациентката не можела да ги поднесе таблетите, па партнерот ги земал наместо неа! Тоа е многу добро од негова страна, но таблетите не функционираат така. Не разбирам како помислиле на тоа. Мислам дека навистина ни треба сексуално образование во училиштата“.

    rn

    5. Рециклиран презерватив

    rn

    „Жената се вознемири кога ѝ реков дека се сомневам на сексуално пренослива болест и не сакаше да се тестира затоа што смета дека е невозможно таа да е заразена кога имала само еден партнер. Морав да и објаснам дека можеби нејзиниот партнер ѝ го пренел вирусот, кој можеби го има уште од почетокот на нивната врска, или има односи и со некоја друга, па се заразил. Таа ми кажа дека тоа нема никаква поврзаност, па дури и да е вистина, затоа што тој секогаш користи кондом, кој таа по секој интимен однос добро го мие!“

    rn

    6. Како се прават деца?

    rn

    „Овој пар ме посети откако повеќе од 2 години неуспешно се обидувале да добијат бебе. Јас им поставив рутински прашања, како што се: колку често водат љубов?; колку години имаат?; дали страдаат од одредени болести?; дали госпоѓата била бремена досега?… Според одговорите, се беше во ред. И тогаш прашав дали секогаш ејакулира во неа. Тие збунето се погледнаа. По неколку прашања се испостави дека тие никогаш немале пенетрациски однос. Морав да им објаснам, како се прават деца и како изгледа водењето љубов ако планираат да го прошират семејството“.

    rn

    7. Умереност и контрацепција

    rn

    „Една пациентка беше многу вознемирена затоа што забременила и покрај користење на антибеби таблетите. Таа ја земала таблетата само оној ден кога имала однос“.

    rnМожеби сакате да ги прочитате и исповедите на 5 жени за тоа како е кога се воздржувате од секс додека не стапите во брак?

  • Запознајте го Морк, кученцето што било спасено од сигурна смрт, а изгледа како мал Јода

    Запознајте го Морк, кученцето што било спасено од сигурна смрт, а изгледа како мал Јода

    Повеќето луѓе сакаат слатки животни, а истовремено постојат и многу љубители на серијалот „Војна на ѕвездите“. Дури и оние што никогаш не ги гледале филмовите, се свесни колку „фама“ се крена минатата година околу ликот на Јода.rnrnЗапознајте го Морк, кученцето што било спасено од сигурна смрт, а изгледа како мал ЈодаrnrnНо, можеби постои нешто што ги поврзува и двете групи „фанови“. Замислете симпатично кученце и замислете го Јода… И ќе го добиете Морк! Сличноста помеѓу нив е неверојатно голема.rnrnМорк бил спасен од трговците со месо од кучиња во Кина од страна на организација наречена Harbin SHS. Тој бил толку слаб што морал веднаш да биде хоспитализиран и за малку ќе починел. За среќа, преживеал и кога бил доволно здрав, Морк бил донесен во САД од организацијата Road Dogs & Rescue и вдомен од основачот – Ники Карви. Оваа организација досега вдомила над 50 кучиња. Вклучувајќи го Морк!rnrnСепак, тоа бил долг и тежок процес за ова кученце, откако тој бил спасен во октомври минатата година. Морк страдал од некои болести и бил многу слаб кога пристигнал во САД. Но, неговата ситуација значително се подобрила благодарение на хуманите луѓе.rnrnЗапознајте го Морк, кученцето што било спасено од сигурна смрт, а изгледа како мал ЈодаrnrnСпоред неговиот сопственик, Морк е навистина весело кученце и заслужува многу љубов и внимание. Има многу следбеници на Инстаграм и е навистина среќен што ја избегнал тажната судбина.rnrnВо продолжение погледнете ги слатките фотографии и забележете ја сличноста меѓу Јода и Морк.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnТаа има свое мече и ја обожува модата! Запознајте ја Џил: верверичката трендсетерка!rnrnrn 

  • Исповеди на 5 жени: Како е кога се воздржувате од секс додека не стапите во брак?

    Исповеди на 5 жени: Како е кога се воздржувате од секс додека не стапите во брак?

    Во денешното „модерно” време, ретко која жена е спремна да се воздржи од секс до бракот. Многу девојки стапуваат во брак во своите 30-ти години и веќе имаат неколку врски зад себе пред да се омажат. Но, овие 5 девојки се чувале за „оној вистинскиот” и кога стапиле во брак биле сè уште невини. А, еве ги и нивните приказни.rnrnИсповеди на 5 жени: Како е кога се воздржувате од секс додека не стапите во брак?rn

    Ана, 23: „Сè уште сум несигурна!”

    rn

    „Од секс се воздржавме до венчавката.  Додека јас „се чував“ до стапувањето брак, мојот сопруг многу порано ја изгубил невиноста и бил интимен со многу жени. Првиот секс ми беше големо разочарување. Бев многу несигурна затоа што не знаев ништо за сексот и постојано мислев на тоа дека тој веќе бил со многу жени.  Мислев дека првото сексуално искуство е нешто болно и страшно, но и нешто неверојатно – затоа што мислев дека и двајцата ќе откриеме нови нешта. Меѓутоа, искуството беше ново само за мене, а за него не беше онака како што јас посакував. Ситуацијата беше многу напната, па и денес сум несигурна. Верувам дека сексот во бракот е многу повеќе од допир на две тела. Тешко е да се објасни.  Некои работи се сега подобри, но други ми се сè уште тешки. Сега сум посамоуверена – но мојот сопруг сè уште е поискусен од мене.”

    rn

    Вишна, 28: „Тоа беше најголемата грешка во мојот живот”

    rn

    „Беше страшно, навистина. Тоа што се воздржував од секс до бракот беше мојата најголема грешка во животот! Имавме секс на првата брачна ноќ и беше страшно – ни денеска не е ништо подобро. Веќе 4 години сме заедно. Тоа предизвика толку многу проблеми во нашата врска и многу се оддалечивме еден од друг. Ние веќе не спиеме во ист кревет! Мојот сопруг не беше невин до нашата венчавка. Тој претходно спиел со неговата девојка од средно училиште. Жалам што себеси си вршев притисок да останам невина до бракот. Кога би можела да го вратам времето, веднаш би спиела со него!”

    rn

    Маргарета, 22: „Имавме секс во автомобилот веднаш по венчавката”

    rn

    „Првото сексуално искуство по венчавката беше болно и многу страшно. Бевме толку возбудени и посакувавме да имаме секс, па го направивме тоа во автомобилот пред хотелот.  Тоа не беше добра идеја. Второто искуство ни беше во апартманот за младенци. Мојот сопруг не беше невин и му беше многу тешко да се воздржи до бракот.rn Мене тоа ми беше многу важно од религиозни причини – така сум воспитана. Понатаму сексот беше феноменален, јас можев веднаш да испробам сè што посакував. Во брак сме една година – а сексот е сè уште одличен!”

    rn

    Петра, 28: „Плачев под тушот”

    rn

    „Мојот поранешен сопруг и јас се упативме кон хотелот веднаш по свадбата за да се „фрлиме в кревет“. Се смеевме затоа што знаевме што нè очекува. Не знаевме ништо за предигрите, па пуштивме романтична музика. Не знаевме што точно да правиме, но сè брзо заврши. Имавме секс во една поза и по 3 минути сè заврши. Ме праша: ‘Дали е тоа, тоа?’ Отидов под туш и плачев 10 минути. Кога се вратив во кревет, тој спиеше. Мојот сопруг, исто така, беше невин и рече дека ќе се венча со мене за да можеме да имаме секс. Она што научив е дека сексот не е толку важен и кога би можела повторно да одлучувам дали ќе го направам тоа пред брак, дефинитивно би пробала.“

    rn

    Клара, 21: „Бев загрижена затоа што неговиот полов орган беше многу мал”

    rn

    „Беше многу напнато! Мислев дека ќе се чувам за вистинскиот, но кој би помислил дека тоа ќе трае до венчавката? Мојот сопруг и јас имавме некои сексуални активности и претходно, но бев загрижена затоа што неговиот полов орган беше толку мал. Сепак, големината нема толку голема улога затоа што хемијата помеѓу нас е одлична, а тоа ни го одржува свеж нашиот брак и сексуалниот живот.  Тој не беше невин до бракот. Со текот на времето е сè подобро во кревет – и понатаму ги проучиме нашите тела.”

    rnМожеби сакате да прочитате и за тоа дека за најдобриот секс не е пресуден за изборот на брачен партнер.

  • Овој еж го живее најдобриот период од својот живот, а погледнете како изгледа неговиот просечен ден

    Овој еж го живее најдобриот период од својот живот, а погледнете како изгледа неговиот просечен ден

    Овој еж се вика Синамон (Цимет) и тотално му го променил животот на сопственикот што го спасил. Синамон има своја облека и мебел, но и профил на Инстаграм, а во продолжение погледнете како изгледа еден просечен ден на овој еж што го живее најдобриот период од својот живот.rnrnОвој еж го живее најдобриот период од својот живот, а погледнете како изгледа неговиот просечен денrnrnОвој еж го живее најдобриот период од својот живот, а погледнете како изгледа неговиот просечен денrnrnОвој еж го живее најдобриот период од својот живот, а погледнете како изгледа неговиот просечен денrnrnОвој еж го живее најдобриот период од својот живот, а погледнете како изгледа неговиот просечен денrnrnОвој еж го живее најдобриот период од својот живот, а погледнете како изгледа неговиот просечен денrnrnОвој еж го живее најдобриот период од својот живот, а погледнете како изгледа неговиот просечен денrnrnОвој еж го живее најдобриот период од својот живот, а погледнете како изгледа неговиот просечен денrnrnОвој еж го живее најдобриот период од својот живот, а погледнете како изгледа неговиот просечен денrnrnОвој еж го живее најдобриот период од својот живот, а погледнете како изгледа неговиот просечен денrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn

  • Добро погледнете ја сликата! Делото е на Рембрант, а лекарите тврдат дека во неа е прикажана најлошата болест на денешницата!

    Добро погледнете ја сликата! Делото е на Рембрант, а лекарите тврдат дека во неа е прикажана најлошата болест на денешницата!

    Рембрант насликал една од неговите најпознати слики „Bathsheba at Her Bath“ („Батшеба во нејзината бања“) по инспирација од неговата долгогодишната љубовница Хендрикје Стофелс. Сепак, иако милиони луѓе го виделе ова дело, само современата медицина открила нешто необично.rnrnДобро погледнете ја сликата! Делото е на Рембрант, а лекарите тврдат дека во неа е прикажана најлошата болест на денешницата!rnrnСамо медицината од 20-от век, открила чудно и застрашувачко место на градите на љубовницата на Рембрант,  Хендрикје Стофелс. Дали е можно музата и љубовта на уметникот да има рак на дојка?!rnrnВо 1967 година, еден италијански хирург го посетил музејот „Рајкс“ во Амстердам. Тогаш, тој првпат го видел славното дело на Рембрант „Bathsheba at Her Bath“ позајмено од „Лувр“ во Париз.rnrnМилиони луѓе ја имаат видено оваа слика, но беа потребни повеќе од 100 години за да се согледа еден необичен детаљ на неа.rnrnХирургот веднаш забележал безбојно место на левата дојка кое изгледало како оток на долниот дел од градата. Со други зборови, ова бил класичен симптоми за карцином на дојка. Се разбира, во 17 век, оваа болест била целосно непозната.rnrnТеоријата дека Хендрикје имала злокобна болест во времето кога Рембрант ја насликал, била поддржана и од двајца австриски хирурзи во осумдесеттите години од минатиот век.rnrnПознатиот уметник го завршил ова дело во 1654 година. Тој живеел со Хендрикје многу години во тоа време, но парот не можел да стапи во брак заради заветот во тестаментот на првата сопруга на Рембрант, која почина скоро една деценија порано.rnrnИстата година кога е создадено делото, Хендрикје родила ќерка, Корнелија. Оние кои ја оспоруваат теоријата дека во тоа време немало карцином, навеле еден контра-аргумент дека необичниот изглед на нејзините гради, е како последица на исцрпеност и доење.rnrnДруг аргумент што ја оспорува теоријата за карцином е фактот дека Хендрикје починала 9 години подоцна. Иако точната причина за смртта не е позната, таа година чумата го погодила Амстердам, па се претпоставува дека „црната смрт“, а не карциномот, ја однела во смрт и оваа дама.rnrnМожеби сакате да го дознаете и неверојатниот живот на пејачката Едит Пјаф кој не се среќава ниту во романите.

  • Мачињата се шетаат слободно во оваа книжарница, а купувачите дури може и да ги вдомат

    Мачињата се шетаат слободно во оваа книжарница, а купувачите дури може и да ги вдомат

    Кога сакате да вдомите маче одите во прифатилиште за животни, но кога сте во Канада може тоа да го направите и во „Otis & Clementine’s Books and Coffee“, книжарница во Нова Шкотска, која има иновативен пристап во убедувањето на луѓето да ги спасат мачињата.rnrnМачињата се шетаат слободно во оваа книжарница, а купувачите дури може и да ги вдоматrnrnСекој кој ќе влезе да купи добра книга, ќе забележи нешто необично и многу симпатично. Мачиња на сите страни! Тие можеби читаат и книги додека никој не ги гледа!rnrnМачињата се шетаат слободно во оваа книжарница, а купувачите дури може и да ги вдоматrnrnМачиња биле преземени од прифатилиште за животни со надеж дека љубителите на книги ќе се вљубат во нив и нема да можат да му одолеат на предизвикот, а да не ги однесат дома. Просторот во книжарницата им овозможува на мачињата да се дружат и да се навикнуваат на луѓето.rnrnМачињата се шетаат слободно во оваа книжарница, а купувачите дури може и да ги вдоматrnrnСопственичката на продавницата, Елен Хелмке, започнала да вдомува мачиња, откако сфатила дека има простор во книжарницата кој може да се искористи. Со малите мачиња се и нивните мајки. Досега купувачите вдомиле околу 30 од нив.rnrnМачињата се шетаат слободно во оваа книжарница, а купувачите дури може и да ги вдоматrnrnТаа вели дека луѓето почнале да доаѓаат специјално за да си земат маче, а некои од нив доаѓале за да си купат книга, па случајно наидувале и на мачињата. Во секој случај, решението е навистина одлично – кој не сака мачиња, нели?rnrnПогледете ги и преостанатите фотографии од овие од овие преслатки мачиња на следната страница…rnrn

  • 10 миленичиња кои ги заслужуваат сите можни награди заради нивната храброст и интелигенција

    10 миленичиња кои ги заслужуваат сите можни награди заради нивната храброст и интелигенција

    Честопати се однесуваме кон нашите миленици попустливо и го сфаќаме сериозно нивното лаење без причина или нивното квичење без никакво значење. Однесувањето на нашите миленици понекогаш ни се чини чудно и невообичаено. Но, има многу докази дека животните им се вистински пријатели на луѓето и се подготвени да им помогнат во секое време.nnГрижата за миленик може да ве направи многу среќни. Во овој текст ќе прочитате неколку вистински приказни во кои милениците се покажале како верни пријатели кои се појавиле во вистинскиот момент, токму кога биле најпотребни.nn10 миленичиња кои ги заслужуваат сите можни награди заради нивна храброст и интелигенцијаnn1. Еднаш се вратив дома од ноќна смена во 4 часот наутро, го ставив чајникот на шпоретот и заспав. Се разбудив само затоа што мојата мачка силно ме гризна на увото и исплашено мјаукаше. Помислив дека е гладна и полека отидов во кујната каде го видов изгорениот чајник и водата која се прелила врз ринглата која работеше на гас и протекуваше.nn2. Еднаш, моето куче Моли и јас тргнавме на прошетка. Одев по плиткото дно на езерото кога одеднаш, стапалото ми се заглави во калта. Почнав да проколнувам сè на светот и направив уште еден чекор, а нозете ми пропаднаа во калта до глуждовите. Бев заглавена и не можев да излезам. Гледав во кучето и му шепнав: „Моли, што да правам сега?“. Таа ме погледна длабоко и како да разбра што ѝ кажав. Легна на стомак и несмасно почна да копа со предните нозе, потпирајќи се на задните. Постојано копаше и полека чувствував како се ослободувам од калта. Имаше многу тегнење, влечење и ползење. Таа ме извлече од калта. Слушнав дека јачината на кучето е тројно поголема од неговата тежина. Јас тоа можам и да го потврдам.nn10 миленичиња кои ги заслужуваат сите можни награди заради нивна храброст и интелигенцијаnn3. На моето куче веднаш не му се допадна човекот кој го запознав преку Интернет. Седеше меѓу нас и ни го одземаше вниманието, па дури и му залаја неколкупати. Следната недела во весник прочитав дека е уапсен поради силување.nn4. Изнајмивме стан во проблематично маало каде редовно се случуваа различни, чудни нешта. Мојата мачка седеше покрај прозорецот и еднаш забележав дека почна да станува нервозна. Дојдов до прозорецот и видов како двајца мажи (подоцна беше откриено дека се крадци) нападнаа старец. Истрчав надвор и му помогнав на човекот. Од тој момент секогаш ја следам мојата мачка. Веќе спасив едно девојче, тинејџер, една постара дама, мајка со дете и мојот брат.nn10 миленичиња кои ги заслужуваат сите можни награди заради нивна храброст и интелигенцијаnn5. Пред 17 години, се најдов во следнава ситуација: мајка ми ме замоли да се грижам за мојот помал брат, кој беше една и пол година, во тој момент и беше во дворот. Јас како 6-годишна го чував. Кога мајка ми излезе надвор да провери што правиме, побледе затоа што го немаше брат ми. Почнавме да паничиме затоа што живеевме близу до автопат. Нашето куче Аза дојде да ни помогне – таа силно ми ги гризеше пантолоните и ме влечеше кон спротивната насока од автопатот. Ја следев Аза и трчав по неа. Кога стигнавме до местото каде таа ме водеше го најдовме брат ми кој седеше покрај едно патче што водеше надвор од градот.nn6. Мајка ми имаше голем и многу болен израсток под пазувите. Затоа спиеше со раката нагоре и имаше многу силни болки. Нашата мачка, која во тоа време беше мало маче, доаѓаше до неа и легнуваше врз нејзината рана и продолжи да спие вака скоро цела ноќ. Утрината болката исчезна! Нашата мачка почина пред повеќе од 10 години, но сè уште ја паметиме.nn7. Оваа приказна е за мојата баба. Имаше лоша британска мачка која секогаш гризеше и гребеше. Но, баба ми се разболе и нејзиниот крвен притисок беше многу висок. Еден ден во обид да побара помош таа стигнала до телефонот и се онесвестила. Мачката се стрчала кон неа и почнала да ѝ ја гризе раката. Таа се освестила и можела да повика брза помош. Мачката живееше уште 5 години, но потоа беше прегазена од автомобил.nn10 миленичиња кои ги заслужуваат сите можни награди заради нивна храброст и интелигенцијаnn8. Јас сум во инвалидска количка и денес додека се движев кон кујната мојот мачор скокна на масата и почна да удира на неа со шепата и да испушта предупредувачки звук. Веднаш сфатив дека еден кабел предизвикал краток спој и пробав да го повикам мачорот кај мене, но тој продолжи со неговото однесување. Отидов и до извлеков кабелот од штекерот, а тој се смири.nn9. Еден ден поканив на гости едно момче со кое започнав да се состанувам, но и покрај тоа што мојата мачка беше навикната на странци во куќата, затоа што држев приватни часови дома, сфатив дека нешто не е во ред со него. Се чинеше дека е нормален, но таа скокна на него веднаш штом тој седна и го гризна! Никогаш не сум ја видела таква порано. Конечно ги поврзав нештата и дознав дека тој има психички проблеми. Веднаш штом го сфатив тоа, знаев дека мојата мачка постапи правилно и престанав да се гледам со него.nn10 миленичиња кои ги заслужуваат сите можни награди заради нивна храброст и интелигенцијаnn10. Кучето на моето момче беше причината поради која раскинавме. Сè беше во ред сè до моментот кога тоа го изгриза кабелот од мојот лаптоп. Моето момче не само што одби да ја надомести штетата, туку дури, одби и да го поправи. По лаптопот, кучето ги изгриза и моите скапи слушалки, кои ми беа роденденски подарок и моите нови чевли. Секојпат кога тоа ќе се случеше, тој, наместо да ми го компензира трошокот или да ми помогне, ќе ми речеше: „Ова се твои работи и ти си виновна што не си ги тргаш на страна“. Не бев навредена од кучето, туку од момчето. Конечно го оставив и не се каам поради тоа. Му благодарам на кучето што ми ги „отвори очите“.nnМожеби сакате да ја прочитате и приказната за мажот од Швајцарија кој се откажал од кариерата за да ги спаси дивите животни во Африка.

  • Една мачка била донесена во канцеларија за да ги улови глувците, но наместо тоа почнала да заработува

    Една мачка била донесена во канцеларија за да ги улови глувците, но наместо тоа почнала да заработува

    Скоро сите ги сакаме мачките, а тоа не се само поради нивното меко крзно. Тие се и одлични ловци кои може да ни помогнат да ги избегнеме домашните штетници и глодари. И токму поради нивната вештина за ловење започнала и оваа приказна, која завршила со создавање на добротворна организација. Ви се чини тешко да ги поврзете овие 2 факти? Прочитајте ја приказната до крај.rnrnrnrnОваа прекрасно маче било вдомено од сопственикот на маркетинг агенцијата „GuRuStu“, во Толса.  Компанијата требала да се справи со проблемот со глувците, а мачката била одлично решение за негово решавање. Таа брзо се вклопила  во тимот и обожувала да седи покрај прозорецот и да гледа што се случува на улицата.rnrnrnrnСето тоа изгледало нормално, обична мачка која ги гледа луѓето што поминуваат. Но, одеднаш, вработените почнале да наоѓаат пари на подот близу вратата. Тие не сфаќале од каде се појавиле тие пари. Ситуацијата се повторувала одново и одново, и тие биле во недоумица како е тоа можно.rnrnЕдна мачка била донесена во канцеларија за да ги улови глувците, но наместо тоа почнала да заработуваrnrnСепак, подоцна пронашле можна причина. Компанијата се наоѓала во област која била полна со објекти за забава. И многу луѓе поминуваат покрај вратата на канцеларијата. Па, можеби луѓето оставале пари за да си поиграат со мачката?rnrnrnrnТие решиле да ја тестираат мачката и подметнале банкнота под вратата, а таа брзо ја зграпчила. Теоријата се покажала вистинита. И вака функционира:rnrnhttps://www.instagram.com/p/Bg_t-2SlvIy/?utm_source=ig_web_copy_linkrnrnМачката со необичен талент станала навистина популарна и многу луѓе доаѓале да си поиграат со неа. Поради ова, мачката почнала да добива сè повеќе пари, па тимот решил да пронајде достојна причина и да ги искористи парите за донации. Тие решиле овие пари да ги донираат во добротворната организација наречена „Tulsa Day Center for the Homeless“, затоа што имало многу бездомници во околината, а и самата мачка некогаш била бездомна.rnrnrnrnОвој симпатичен крадец стана познат како CASHnip Kitty. Таа продолжува да им помага на луѓето кои имаат потреба. Но, таа никогаш нема да биде обична мачка. Ова „меко пријателче“ има голема моќ да ги менува животите на луѓето на подобро.rnrnЕдна мачка била донесена во канцеларија за да ги улови глувците, но наместо тоа почнала да заработуваrnrnМожеби сакате да ја прочитате и приказната за момчето кое спасило мала верверичка што не може да оди, а сега тие се најдобри пријатели.

  • Спасена пума го живее својот најдобар живот како разгалена домашна мачка

    Спасена пума го живее својот најдобар живот како разгалена домашна мачка

    Без разлика дали станува збор за змии или тарантули, некои луѓе сакаат да чуваат егзотични животни како домашни миленици. Но, дали некогаш сте се запрашале како би изгледало да живеете со пума која мисли дека е домашна мачка? Пумата Меси е именувана по познатиот аргентински фудбалер и живее во Русија заедно со семејството што ја посвоило. Оваа пума живее живот за каков што сонуваат многумина – живот на разгалена мачка.rnСпасена пума го живее својот најдобар живот како разгалена домашна мачкаrnrnСпасена пума го живее својот најдобар живот како разгалена домашна мачкаrnrnСпасена пума го живее својот најдобар живот како разгалена домашна мачкаrnrnСпасена пума го живее својот најдобар живот како разгалена домашна мачкаrnrnСпасена пума го живее својот најдобар живот како разгалена домашна мачкаrnrnСпасена пума го живее својот најдобар живот како разгалена домашна мачкаrnrnСпасена пума го живее својот најдобар живот како разгалена домашна мачкаrnrnСпасена пума го живее својот најдобар живот како разгалена домашна мачкаrnrnСпасена пума го живее својот најдобар живот како разгалена домашна мачкаrnrnСпасена пума го живее својот најдобар живот како разгалена домашна мачкаrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn

  • 7 најдобри подароци кои некои личности ги добиле од своите блиски

    7 најдобри подароци кои некои личности ги добиле од своите блиски

    Подароците што луѓето ги сметаат за „најдобри“ не се најскапи, туку се подароци преку кои саканиот им покажува колку се навистина ценети и сакани. Ваквите подароци уште покажуваат и колку вистински ја познаваме личноста на која нешто ѝ подаруваме.rnrn7 најдобри подароци кои некои личности ги добиле од своите блискиrnrnЕве неколку од вистинските приказни кои луѓето ги споделиле на Интернет, за подароците што им оставиле најголем впечаток.rn

    1. „Мојот сопруг ми приреди забава со која тотално ме изненади. Тој ги покани сите мои пријатели и семејство, избра место каде што знаеше дека сакам да бидам и се грижеше за целата логистика за да можам да уживам во забавата. И навистина беше така. Затоа толку ми значи овој подарок-изненадување.“ – вели Ненси, 34 години.rnrn2. „Му кажав на партнерот дека кога бев тинејџерка сонував да одам на концертот на „Џингл Бел“ во Њујорк. Сите мои пријатели отидоа, а моите родители не ме пуштија затоа што беа многу строги. Тоа беше само безначаен настан кој случајно му го споменав на сопругот, но за Божиќ тој ми донесе маица „Џинг Бел“ и тоа беше најпромислениот подарок што некогаш сум го добила.“ – вели Моли, 31 години.rnrn3. „Кога сè уште живеев со моите родители, пред да купам свој стан, излегував со момче кое на ѕидот од спалната соба имаше мапа со скриено богатство што многу ја сакав. Си ветив дека кога конечно ќе купам стан, сакав да имам таква голема мапа. Кога конечно го си купив стан, моите родители на вселувањето ми донесоа мапа. Никогаш нема да го заборавам тој подарок, затоа што сметам дека е неверојатен. “ – вели Трејси, 29 години.rnrn4. „Мојот сопруг за Нова година ми подари кутија со алати за поправки низ домот. Сега сама можам да се справам со проблемите во куќата.“ – вели Роза, 50 години.rnrn5. „Кога повторно се смирив со моето момче, тоа ми го подари ланчето што го продадов кога раскинавме. Тоа ѝ даде нова димензија на нашата врска. “ – вели Асија, 27 години.rnrn6.„Кога започнав да работам од дома, му реков на мојот сопруг дека сè што ми треба, за да ја комплетирам сликата за работата од дома, е комбинезон. За мојот роденден тој ме изненади токму со комбинезон. Го носам скоро секој ден и не ми се верува дека се сети да ми го купи.“ – вели Клер, 33 години.rnrn7. „Моето момче ми подари модел играчка од мојот автомобил од соништата. Тоа е само мала, пластична работа, но тој со количката ми испрати и картичка во која вели:„ Со нетрпение очекувам да се возам со тебе во иднина.“ и тоа го направи подарокот уште посладок.“ – вели Тејлор, 23 години.

    rnМожеби сакате да дознаете и кои се 10-те најлоши подароци за Нова година и Божиќ.