КАФЕ ПАУЗА

Category: Занимливости

  • Сакате да одите на одмор на море или на планина? Изборот може да открие многу работи за вас!

    Сакате да одите на одмор на море или на планина? Изборот може да открие многу работи за вас!

    Во текот на летните месеци, се чини дека луѓето се поделени на два типа: оние кои едвај чекаат да лежат на плажа и да уживаат во морските авантури, и оние кои претпочитаат да бараат возбуда или мир на планина.rnrnСакате да одите на одмор на море или на планина? Изборот може да открие многу работи за вас!rnrnОна што сакате да го правите кажува многу за вашата личност. Проверете што значи ако сакате повеќе море или планини.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Љубителите на морето…” active=”false”]rnrnТие се екстровертни: луѓето кои претпочитаат плажа имаат тенденција да имаат голема група пријатели. Сакаат да бидат во контакт со различни луѓе, сакаат дискусии и нови познанства.rnrnСакаат музика: Љубителите на морето и плажата многу сакаат музика. Можеби дури свират на некој инструмент или имаат желба да го научат.rnrnТие живеат во моментот и максимално го искористуваат денот: љубителите на морето живеат по принципот „carpe diem“. Тие сфаќаат дека животот е скапоцен, па сакаат да го искористат секој момент. Повеќе сакаат да уживаат во сегашноста отколку да планираат за иднината.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Љубителите на планината…” active=”false”]rnrnТие се интровертни: За оние кои претпочитаат планини се вели дека се прилично интровертни. Тие претпочитаат мала група луѓе и не обожаваат големи социјални настани.rnrnТие се креативни: пишување, сликање, пеење, фотографија… Сето тоа може да биде хоби на љубителите на планината. Можеби имаат креативни занимања или бараат начини да се изразат креативно во слободното време.rnrnНе ги интересира површноста: површните разговори ги излудуваат. Таквите луѓе претпочитаат подлабоки разговори преку кои откриваат нови работи за себе, ги прошируваат своите хоризонти и добиваат нова перспектива.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да добиете совет за вашата моментална животна ситуација.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Направете го овој тест на личноста и откријте кои се вашите скриени потреби!

    Направете го овој тест на личноста и откријте кои се вашите скриени потреби!

    Тестовите на личноста и визуелните тестови со оптички илузии стекнаа голема популарност на социјалните мрежи. Ваквите тестови можат да ни помогнат да дознаеме повеќе за себе, да ни дадат поттик за промени и ни овозможуваат да откриеме нови можности и идеи. Овој пат ви нудиме тест кој ќе ви овозможи да ја дознаете вашата скриена потреба – кои се вашите најдлабоки желби. Изберете еден од овие симболи за да дознаете која е вашата моментална потреба:rnrnНаправете го овој тест на личноста и откријте кои се вашите скриени потреби!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 1″ active=”false”]Ако сте го избрале овој симбол, вашата најдлабока желба е да не страдате и да побегнете од сè што ве повредува, било да се тоа луѓе, врски, околина, мисли или емоции. Вашата скриена потреба е да го направите вашиот живот полесен и порадосен. За таа цел, треба да им ставите крај на токсичните врски или да го ограничите времето што го поминувате со токсични луѓе, без разлика дали се членови на семејството или колеги од работа. Сега е вистинскиот момент кога треба да ги разберете вашите цели и чувства. Дознајте што ви носи радост и среќа и што ви ја троши енергијата. Не трошете ја залудно и правете го само она што ве прави среќни.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 2″ active=”false”]Ако сте го избрале овој симбол, можеби е време да се фокусирате и да се концентрирате. Можеби сте малку неодлучни, збунети и не можете да донесете јасна одлука. Трошите многу енергија за да донесете одлука, но потоа не можете да направите конечен избор. Затоа, следниот пат обидете се да ја слушнете вашата интуиција, да заборавите што мислат другите, што се очекува од вас и одберете го она што ве прави среќни.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 3″ active=”false”]Ако го избравте третиот симбол, треба да се слушате себеси, вашето тело, вашите потреби. Често, чувствуваме некаква необјаснива болка кога ги потиснуваме нашите вистински желби, се жртвуваме и правиме нешто што ни штети. Можеби поминувате низ фаза во која не сакате да го слушате своето срце, страдате од токсични врски, лоши навики или милион активности кои ве спречуваат да бидете среќни. Поради некоја причина, се обидувате да ја избегнете осаменоста. Можеби затоа што се плашите од вистината, а во главата ви доаѓаат непријатни мисли. Мора да се фокусирате и да бидете во мир со себе, да се слушате себеси и вашите потреби, да бидете искрени со себе. Никогаш не е доцна за промена и за нов почеток.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 4″ active=”false”]Ако го избравте овој симбол, вашата вистинска потреба е веројатно едноставноста и рамнотежата. Се чини дека сте преоптоварени со работа, врски, домашни работи, обврски и туѓи проблеми. Затоа, треба да се ослободите од сè што е излишно. Време е да изберете и да останете само со она што навистина ви треба, што е важно или што ве прави среќни. Оставете го само најкорисното и најпотребното. Практикувајте ја едноставноста и минимализмот не само во работите, туку и во животот. Ќе видите како вашиот живот ќе се промени на подобро.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 5″ active=”false”]Овој симбол ве поканува да се ослободите од стравот и да обратите внимание на тоа кои сте навистина, како се чувствувате и што сакате, без осудување, подготвени да се прифатите такви какви што сте. Ако сте го избрале овој симбол, голема е веројатноста дека ќе треба да погледнете во себе. Тука се собрани вашите потиснати чувства што ги криевте долги години – болка, вознемиреност, огорченост, разочарување, очај, страв – тоа се чувствата од кои треба да се ослободите. Подготвени сте да простите и да се прифатите себеси такви какви што сте, дури и ако тоа не е она што го очекувате во моментов.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 6″ active=”false”]Овој симбол укажува на фактот дека вашата скриена потреба е желбата за развој. Долго време учевте, стекнувавте знаења, искуства, врски, сега е време да се движите со брзо темпо кон височините за кои сонувавте. Добивте сила и сега е време да почнете да растете. Треба да размислите за додавање нови аспекти или области во вашиот живот преку нови стратегии, планови и посветување време на вистинските луѓе. Ова може да се примени на сите аспекти од вашиот живот – професионален, личен, финансиски, вашите хоби и занимации. Ако сте чекале некој вид на сигнал, сметајте дека веќе сте го примиле. Кога се двоумите, пак, побарајте поддршка од семејството и одвојте време за оние врски што навистина ви користат и ве инспирираат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест на личноста, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што треба да отфрлите од вашиот живот за да бидете среќни.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Дали навистина ни се потребни 8 часа сон?

    Дали навистина ни се потребни 8 часа сон?

    Сигурно досега многупати сте слушнале дека за правилното функционирање на организмот потребни се 8 часа сон. Но, професорот од Харвард, д-р Данијел Либерман, не се согласува со ова тврдење.rnrnДали навистина ни се потребни 8 часа сон?rnrnЛиберман е најпознат по неговите истражувања за човечката еволуција, палеоантропологијата, еволутивната медицина и вежбањето. Тој вели дека правилото за осум часа на ноќ постои долго време, од индустриската револуција. Сепак, тој и неговите колеги спровеле истражување на луѓе кои спијат шест или седум часа и не дремнуваат во текот на денот и дошле до заклучок дека наместо осум, доволни се седум часа сон.rnrnНеговото тврдење, од друга страна, има смисла имајќи предвид дека предложената количина на сон зависи од возраста. Седум или повеќе часа сон во текот на ноќта се препорачуваат за возрасни, додека децата на најрана возраст треба да спијат подолго.rn

    „Ви требаат повеќе часа сон ако сте болни, но седум часа се доволни за повеќето луѓе“, заклучува д-р Либерман.

    rnОткако прочитавте за најновите истражувања во поглед на тоа колку часа сон ни се потребни, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 техники за подобар сон додека патувате.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Неколку занимливи факти за архитектурата

    Неколку занимливи факти за архитектурата

    Историјата на градењето датира одамна во минатото. За тоа време, човечката потреба за градење се трансформира во архитектонска професија, а во тој процес привлече секакви ексцентрични, визионерски и тврдоглави поединци. Во продолжение ви споделуваме дел од најинтересните факти за архитектурата.rnrnНеколку занимливи факти за архитектуратаrn

    Архитектурата некогаш била олимписки спорт

    rnВо текот на првите четири децении од модерните Олимписки игри, доделени се 151 медали за музика, сликарство, скулптура, литература и архитектура. Освен тоа, основачите на меѓународниот олимписки комитет, сметале дека уметноста е суштински дел од натпреварувањето. Единствениот критериум кој требало да се исполни бил сите овие категории споменати погоре да бидат поврзани на некој начин со спортот.rn

    Првиот облакодер во светот

    rnЗградата на „Home insurance“,изградена во Чикаго во 1885 година, се смета за првиот вистински облакодер во светот. Во исто време, тој бил и првиот облакодер со челична конструкција. Висок 42 метри и распослан на 10 ката. Сепак, дури и да одите во Чикаго, овој облакодер нема да го видите денес, бидејќи бил срушен во далечната 1931 година.rn

    Најбрзиот лифт во светот

    rnСпоред најновите податоци, најбрзиот лифт во светот се наоѓа во Шангајската кула во Кина. Тој оди со неверојатна брзина од околу 70 километри на час. Споредете го тоа со брзината на првиот лифт, поставен уште во 1857 година, чија просечна брзина била околу 0,7 километри на час…rn

    Понекогаш не е потребна диплома

    rnЧовекот кој се смета за еден од најголемите и најважните архитекти на сите времиња, Ле Корбизје, немал формално архитектонско образование, односно не завршил Архитектонски факултет. Наместо тоа, читал и проучувал, скицирал згради и посетувал музеи. Навистина, човекот бил мултиталентиран!rn

    За да се изгради Кинескиот ѕид било потребно подолго време отколку што постои христијанството

    rnВремето е навистина нешто релативно. Идејата за единствен, обединет ѕид за заштита на Кина од напаѓачите започнала кога Чин Ши Хуанг, првиот кинески цар (221-206 п.н.е.) поврзал различни утврдувања изградени помеѓу 8 и 3 век п.н.е. Изградбата продолжила до 1878 година, што значи дека, вклучувајќи ги и првобитните утврдувања, изградбата траела околу 2500 години.rnrnОткако ги прочитавте овие занимливи факти за архитектурата, можеби ќе сакате да прочитате и дали иднината на архитектурата лежи во т.н. живи куќи.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Мудри индијански поговорки кои можат да послужат како патоказ во животот

    Мудри индијански поговорки кои можат да послужат како патоказ во животот

    Поговорките се едно од најголемите богатства во фолклорот на секој народ. Луѓето создавале поговорки за да пренесат мудрост и искуството на идните генерации.rnrnМудри индијански поговорки кои можат да послужат како патоказ во живототrnrnВо секоја поговорка се крие длабока мудрост. Тие помагаат во пронаоѓање решенија, справување со тешки ситуации и донесување правилни одлуки. Денес ви споделуваме индијански поговорки кои сигурно ќе ве воодушеват со својата мудрост.rn

    „Дури кога ќе се исече последното дрво, кога ќе се улови последната риба и ќе се отруе последната река, ќе сфатиме дека не можеме да јадеме пари.“

    rn

    „Не дозволувајте вчерашниот ден да ви троши премногу време и енергија од денешниот ден.“

    rn

    „Во секој од нас се борат два волци. Првиот е зол, вториот е добар… Кој волк ќе победи? Оној што го храните.“

    rn

    „Лесно е да се биде храбар од далечина.“

    rn

    „Веќе имате сè што ви треба за да бидете одлични.“

    rn

    „Ниту една река не може да се врати на својот извор, но сите реки мора да имаат почеток.“

    rn

    „Не можете да разбудите личност која се преправа дека спие.“

    rn

    „Добро постапувајте со земјата: не ви ја дадоа вашите родители туку вашите деца ви ја позајмија. Ние не ја наследуваме земјата од нашите предци, ја позајмуваме од нашите деца.“

    rn

    „Не се потребни многу зборови за да се каже вистината.“

    rn

    „Колку повеќе знаете, толку повеќе ќе верувате и помалку ќе се плашите.“

    rn

    „Пазете се од човек што не зборува и куче што не лае.“

    rnОткако ги прочитавте овие индијански поговорки, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 17 јапонски поговорки што ќе ги променат вашите ставови кон животот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Направете го овој тест и откријте кој е вашиот скриен талент!

    Направете го овој тест и откријте кој е вашиот скриен талент!

    Денес ви споделуваме тест на личноста кој ќе ви помогне да откриете кој може да биде вашиот скриен талент. Доволно е да ја погледнете сликата подолу и да обратите внимание на првото нешто што ќе го видите.rnrnНаправете го овој тест и откријте кој е вашиот скриен талент!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”1. Санта мраз” active=”false”]Вие сте природно надарени за математика; ги сакате бројките и математиката. За среќен живот ви се важни логиката и редот, а по природа сте многу практична личност – го применувате математичкото знаење за практични цели, како што е решавање на задачи во секојдневниот живот, финансиско планирање и анализа на податоци.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”2. Сладолед” active=”false”]Креативноста е вашата најизразена особина. Сите активности кои вклучуваат креативна работа ви доаѓаат природно, па уживате во нив. Пријателите често ве прашуваат за совет како да уредат дел од просторот бидејќи ги забележувате и најситните детали. Се истакнувате со вашата иновација, имагинација и способност да размислувате надвор од конвенционалното.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”3. Китови” active=”false”]Имате талент за пишување и покажувате исклучителна вештина, имагинација и способност да ги искажувате мислите, чувствата и идеите преку пишување. Обожавате да смислувате роденденски честитки или пораки за луѓето кои ви се драги. Оние кои ве познаваат сметаат дека сте исклучително внимателни и забележувате нијанси во секојдневниот живот што другите можеби ги пропуштаат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест за да добиете совет кој може да ви го промени животот на подобро.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Направете го овој тест и добијте ја вашата магична порака за денес!

    Направете го овој тест и добијте ја вашата магична порака за денес!

    Направете го овој тест и добијте ја вашата магична порака за денес. Доволно е да изберете една од овие три картички.rnrnНаправете го овој тест и добијте ја вашата магична порака за денес!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Картичка бр. 1″ active=”false”]Животот е поубав кога знаете да уживате во него. Затоа, денес не дозволувајте ничија негативна енергија или мисла да ве спречи да блеснете со вашата позитивна енергија![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Картичка бр. 2″ active=”false”]Бидете љубопитни и денес размислувајте за авантурата наречена „живот“. Откријте како можете да го направите вашиот живот подобар и посреќен и посветете им повеќе внимание на луѓето и нештата кои ве прават среќни.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Картичка бр. 3″ active=”false”]Денес заблагодарете му се на животот што секогаш ви дава втора шанса и уште едно лето да ги остварите вашите соништа. Каде и да одите, што и да правите, понесете го внатрешниот мир со себе![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете на кој начин можете да ја подобрите вашата иднина.

  • Зошто е препорачливо да се носи црна облека во лето?

    Зошто е препорачливо да се носи црна облека во лето?

    Најверојатно одбегнувате да носите црна облека во летните месеци, но дали знаевте дека црната облека му го обезбедува на телото потребното разладување во топлите денови?rnrnЗошто е препорачливо да се носи црна облека во лето?rnrnВистина е дека црната облека се загрева на сонце во лето, но црната боја го забрзува процесот на ладење на телото – токму затоа што апсорбира повеќе топлина.rnrnПобрзо се потите во црно отколку во бело, но токму затоа телото побрзо се лади. Освен тоа, темната облека рефлектира дел од опасното сончево УВ зрачење, што ја прави околу 97 проценти безопасна и нуди подобра заштита од можни изгореници што може да ги добиете ако носите облека со светла боја.rnrnБелата облека, од друга страна, не собира топлина, туку пропушта околу 40 проценти од штетните УВ зраци. Покрај бели комбинации, задолжителна е и кремата за сончање под облеката.rnrnВо лето особено се препорачуваат природни влакна што „дишат“. Памук, лен или свила се удобни за кожата на високи температури, а исто така ја апсорбираат потта.rnrnОд друга страна, синтетичките влакна ја изолираат кожата и ја зголемуваат топлината на телото. Пошироките парчиња облека, пак, овозможуваат циркулирање на воздухот, што создава ефект на ладење. Се препорачува да се носат пошироки туники, фустани и пошироки панталони.rnrnОткако прочитавте зошто е препорачливо да се носи црна облека во лето, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 бои на облека привлекуваат изобилство во животот.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Направете го овој тест и добијте убава мисла за убав ден!

    Направете го овој тест и добијте убава мисла за убав ден!

    Направете го овој тест и добијте ја вашата позитивна мисла за денес!rnrnНаправете го овој тест и добијте убава мисла за убав ден!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Картичка бр. 1″ active=”false”]Секогаш сум способен/а да најдам прибежиште во мојот внатрешен мир. Благодарен/а сум за моето силно, здраво тело. Имам сè во себе за да го постигнам успехот што го посакувам.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Картичка бр. 2″ active=”false”]Привлекувам љубов и изобилство. Моите потреби и желби се важни. Учам да не ги потценувам моите емоции.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Картичка бр. 3″ active=”false”]Секој ден носам одлуки кои ја зацврстуваат мојата самодоверба. Секогаш се надевам на најдоброто. Сакам да напредувам и покрај сите предизвици и непријатности.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете од што треба да се откажете за да бидете среќни.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Сакате денот да ви започне со позитивна мисла? Направете го овој тест!

    Сакате денот да ви започне со позитивна мисла? Направете го овој тест!

    Сакате денот да ви започне со љубов? Доволно е да изберете една од овие картички и да ги следите нејзините совети!rnrnСакате денот да ви започне со позитивна мисла? Направете го овој тест!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Картичка бр. 1″ active=”false”]Моето срце е отворено. Градам односи на доверба и љубов со луѓето што ги сакам. Вистинската љубов започнува од мене. Гледам љубов каде и да одам.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Картичка бр. 2″ active=”false”]Се сакам себеси и отворен/а сум за љубов. Колку повеќе љубов давам, толку повеќе добивам. Сакам да давам и примам љубов. Заслужувам вистинска и автентична љубов.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Картичка бр. 3″ active=”false”]Мир сум, знаејќи дека љубовта ми доаѓа природно. Отворен/а сум за љубов во сите форми. Љубовта што ја барам ме бара и мене.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува ова лето.rnrnИзвор: atma.hr