КАФЕ ПАУЗА

Category: Направи сам

  • Еко-пријателски и економични новогодишни подароци

    Еко-пријателски и економични новогодишни подароци

    Нова година е еден од оние празници кои сакаме да ги поминеме со нашите најблиски и да ги изненадиме со многу креативни подароци. Во тој случај, нема ништо поубаво од персонализиран подарок, што покажува колку навистина ни значи личноста.rnrnДевојка држи подарок во ракатаrnrnАко решивте да подарите персонализиран подарок, ние подготвивме мала листа со новогодишни подароци за секој буџет, кои исто така се еко-пријателски и можете да ги направите сами.rn

    Рачно изработени подароци

    rnРазнобојни шаловиrnrnИмате талент за цртање, декупаж техника, плетење или обработка на дрво? Има толку многу работи што можете да ги направите со малку време и креативност. На пример, нацртајте смешна слика за вашите деца или пријатели и закачете ја во нивната соба. Исто така, може да направите убава чинија со декупаж техника или да исплетете топол шал за некого. Освен што се персонализирани, овие подароци се рачно изработени, а тоа ги прави навистина посебни.rn

    Новогодишни украси

    rnРачно направени новогодишни украсиrnrnМногу луѓе собираат предмети со сентиментална вредност, па затоа на пријателите или семејството, дајте им рачно изработен украс за новогодишната елка. Може да подарите и разгледница со лична порака.rn

    Природна и органска козметика

    rnПриродни парфеми и освежувачиrnrnОрганската козметика е чиста, здрава, еко-пријателска и без токсини. Со само неколку состојки, лесно можете да направите природни ексфолијанти, освежувачки спрејови и многу други продукти. Можете да подарите парфем направен од есенцијални масла или мелем за усни со мирис на какао и кокос.rn

    „Зелена“ Нова година

    rnКактусиrnrnПодарувањето растение е одлична идеја. Тоа е како домашно милениче, но подобро, затоа што бара малку одржување. Растенијата имаат многу здравствени придобивки и се одлични за прочистување на воздухот и освежување на ентериерот. Тие нè смируваат, а некои, како лавандата, го чуваат домот од разни инсекти.rn

    Еко-пријателско завиткување и украсување на подароци

    rnРустично украсување на подароциrnrnИзберете најекономично завиткување на подароците, на пример, стари весници или едноставна, кафеава хартија. Освен што е економично, тоа ќе изгледа оригинално и интересно. Исто така, можете да ги украсите со панделки од ленти и гранчиња, за да изгледаат рустично и инспирирано од природата.rnrnДевојче со зимска шапка и подароциrnrnАко сè уште не можете да го изберете совршениот подарок, погледнете ги и овие 15 креативни рачно изработени новогодишни подароци со кои ќе ги израдувате најблиските.rnrnСреќни празници!

  • Како да направите новогодишна елка од тестенини?

    Како да направите новогодишна елка од тестенини?

    Новогодишната елка од тестенини е прилично лесна за изработка, евтина и убава. Погледнете како да ја направите оваа златна елка направена од макарони во форма на панделки.rnrnКако да направите новогодишна елка од тестенини?rnrnЕлката од тестенини е едноставна и евтина декорација што можете лесно да ја направите заедно со своите деца. Најдобро е да започнете да ја правите елката малку порано затоа што изработката е долготрајна.rnrnМожете да залепите два реда панделки на картон и да ги оставите да се сушат еден ден, а потоа да продолжите со следните слоеви. За среќа, колку што е помал обемот на конусот, толку и работата оди побрзо.rn

    Потребни материјали:

    rn

      rn 011

    • Картон или стиропор
    • rn 011

    • Тестенини (можете да изберете форма по ваша желба)
    • rn 011

    • Лепило
    • rn 011

    • Златен или сребрен спреј
    • rn 011

    • Украси
    • rn 011

    • Стаклено шише со зашилен врв (на него ќе го ставите картонот)
    • rn

    rnИсечете полукруг од картон – колку што е поголем полукругот, толку поголема ќе биде елката. Залепете го во форма на конус и ставете го на шишето. Почнете да ги лепите тестенините колку што е можно погусто за да не се гледа картонот и продолжете така сè до врвот. Откако ќе се исуши лепилото, нанесете спреј. Потоа, откако ќе се исуши спрејот, залепете ги украсите.rnrnПогледнете ја постапката чекор по чекор.rnrnКако да направите новогодишна елка од тестенини?rnrnКако да направите новогодишна елка од тестенини?rnrnКако да направите новогодишна елка од тестенини?rnrnПогледнете ги овие 22 прекрасни новогодишни украси кои можете да ги направите со сопствените раце.

  • Направете „дождовна“ честитка

    Направете „дождовна“ честитка

    Еве една супер идеја за честитка што можете да ја направите сами за нечиј роденден кој е токму овој месец или по некој друг повод кој е во овој период. Покажете им ја и на вашите дечиња, па и тие нека се обидат да ја направат за своите другарчиња, баби или дедовци.rnrnНаправете „дождовна“ честиткаrn

    Потребни материјали:

    rn

      rn 011

    • Колажна хартија
    • rn 011

    • Ножички
    • rn 011

    • Лепак
    • rn 011

    • Маркери
    • rn 011

    • Водени бои
    • rn

    rnНаправете „дождовна“ честиткаrn

    Постапка:

    rnЗемете бел лист хартија кој ќе ви биде честитка и превиткајте го на два еднакви дела. Потоа, земете еден од колажните листови во боја и свиткајте го како хармоника, па соберете го и свиткајте го на пола и залепете го на средината од честитката, како на сликата. Потоа, под хартијата која ја залепивте (а која претставува чадор) нацртајте му рачка на чадорот и девојче или момче кое го држи чадорот.rnrnМожете дополнително да ја украсите вашата честитка и да додадете капки дожд, суви лисја и друго според вашата желба и креативност.rnrnЗа уште поинтересна честитка, на ликот кој го држи чадорот, може да му залепите пластични очи.rnrnНаправете „дождовна“ честиткаrnrnСе чувствувате креативно? Сакате да изработите уште нешто? Погледнете ја оваа прекрасна декоративна кутија со лалиња која може да биде одличен подарок со личен печат.

  • Евтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот дом

    Евтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот дом

    Дрвјата веќе пожолтеа, а времето нѐ принудува да ги извадиме скриените џемпери и топлите обувки. Есен е. Донесете ја есента и во вашиот дом со овие евтини идеи за декорации.rnrnЕвтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот домrn

    Наполнете ја вазната со хортензии

    rnХортензијата е летен цвет, но овие денови тој изобилува со есенски бои. Затоа, лесно може да се вклопи во кој било простор. Интересно кај овој цвет е тоа што изгледа убаво дури и кога е сув.rnrnЕвтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот домrn

    Послужавник со тикви

    rnДеновиве може да најдете тикви во различни бои и големини. Од нив може да се направат многу декорации, а наједноставната е групирањето на повеќе тикви со различни големини на еден послужавник. Тоа може да биде декорација за трпезариската маса.rnrnЕвтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот домrn

    Стаклена вазна со костени

    rnСледниот пат кога ќе шетате во паркот соберете диви костени кои потоа може да ги искористите како есенска декорација. Едноставно ставете ги во стаклена вазна или во некој поширок сад. Во садот потоа може да ставите и свеќи кои ќе ја направат декорацијата уште поуникатна.rnrnЕвтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот домrn

    Венец од шипки

    rnНа вашата влезна врата ѝ недостасува декорација? Соберете шипки и направете венец користејќи жица. Едноставно, свиткајте ја жицата во круг и гранките закачете ги на неа за да направите венец.rnrnЕвтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот домrn

    Ерика во сите бои

    rnПојавувањето на билката ерика на пазарите е еден од првите знаци дека есента пристигнала. Таа се наоѓа во бела, розова, виолетова и црвена боја и затоа одговара на секој ентериер. Групирајте повеќе видови за да добиете прекрасен цветен аранжман.rnrnЕвтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот домrnrnЗа дополнителна инспирација, погледнете уште предлози за топли есенски промени во вашиот дом.

  • 5 алтернативни начини за пренамена на детската облека што децата ја надраснале

    5 алтернативни начини за пренамена на детската облека што децата ја надраснале

    Децата растат многу брзо и поради тоа речиси секоја сезона им треба нова облека. Како што купувате нови алишта, старите остануваат во плакарот, во подрумите или на таванот подолго отколку што треба. Старата облека не само што зафаќа дополнителен простор туку не може повеќе да се користи бидејќи е мала и износена. Наместо да ги оставите да стојат и да зафаќаат непотребен простор во вашиот дом, ние ви даваме идеи што би можеле да ги употребите за да ѝ најдете нова намена на старата детска облека.rn

    1. Донирајте ја

    rnrnrnДонирајте ја облеката во некоја добротворна организација, иако тоа изгледа многу полесно да се каже отколку да се направи. Донирањето подразбира планирање и перење. Најпрво одберете која облека ќе ја донирате, сортирајте ја и откако ќе ја исперете ќе треба да одлучите каде ќе ја однесете. Можеби облеката ќе разбуди кај вас сентиментални чувства, на пример некое парче облека ќе ве потсети на првиот ден од тргнување на училиште или некој посебен настан од животот на вашето дете. Оставете настрана некои од тие парчиња доколку не можете да се одделите од нив, но ограничете се на мал број. Потоа купот од облеката што сте ја испрале и исушиле убаво здиплете го. Ви останува само да закажете погоден датум кога ќе го направите донирањето.rn

    2. Направете уникатни рачни чанти

    rnrnrnТрансформирањето на несаканите материјали во производи што ќе вредат е добро за вашата средина и за вашиот џеб. Старите детски маички имаат совршена големина за да се направат рачни чанти – сè што ви треба се само еден пар ножици.rnrnМаичката со кратки ракави се здиплува на половина, а ракавите треба да се во рамна една линија. Пресечете ги ракавите заедно. После тоа пресечете го деколтето и формирајте широк отвор за чантата оставајќи доволно материјал за рачките. Пресечете отвори во ширина на палецот од почеток на долниот дел од маичката и потоа врзете ги во јазли формирајќи ја основата на чантата. Како алтернативна опција е да го прескокнете кратењето на отворите и наместо тоа сошијте го долниот дел од маичката за да ја направите основата. Завртете ја наопаку и новата чанта е готова. Помладите деца можат да употребат некои креативни начини со цртежи, а постарите можат да прикачат некои апликации со помош на пегла.rn

    3. Претворете ја маицата во покривач полн со спомени

    rnrnrnАко ви оди шиењето тогаш имаме уште една супер идеја за правење на покривач. Ова е одлична идеја за тие што се сентиментално поврзани со облеката. Колку повеќе растат вашите деца толку повеќе маички се собрани од учество во различни активности. Пресечете ги сите испрани и исушени маички во квадрати зачувувајќи ги деталите од напред и средина. Применете техника за правење покривки, а доколку не сте многу вешти во тоа изгледајте видеа кои ќе ви помогнат за да ги научите основните техники. Ваквиот покривач ќе биде одличен подарок за да се одбележат посебните моменти од животот на вашите деца.rn

    4. Зачувајте ги хартиените крпи со помош на крпи за повеќекратна употреба

    rnrnrnНа домот секогаш му треба чистење, а старите алишта ќе ви се најдат! Облеката направена од памук ќе ви послужи да направите крпи за миење и бришење. Детските алишта од полиестер се корисни за да ги претворите во крпи за бришење прашина. Со остри ножици од материјалот формирајте си ја посакуваната големина и должина на крпите за бришење.rn

    5. Претворете ги кошулите во прекривки за сушење коса

    rnrnrnНема полесно од сечењето на стара кошула или блуза и нејзиното наменување за сушење на косата. Ваквите блузи се многу покорисни за сушење на косата без употреба на фен, а тие се и подобра опција отколку да ја завиткате во обичен пешкир за бањање. Впрочем, многу е полесно да ја завиткате косата во ваква блуза отколку во пешкир за бањање.rnrnПогледнете ги и овие креативни идеи што ќе ви се најдат за следното реновирање на домот.

  • Направете сами: Персонализиран шешир за на плажа

    Направете сами: Персонализиран шешир за на плажа

    Шеширите за на плажа никогаш не излегуваат од мода. Тие се практични и корисни, а истовремено се и впечатлив моден детаљ. Во комбинација со едноделен костим за капење и очила за сонце со мачкест облик ќе добиете шик моден аутфит. Ваквите шешири можете да го носите кога не сте на плажа – убаво одговараат со летни панталони и со лесни фустани. Во богатата понуда сигурно ќе најдете некој шешир којшто ви се допаѓа. Во последните неколку години многу се популарни шеширите со натписи, кои обично се со летни мотиви. Доколку сакате уникатен шешир, а притоа да останете во текот со модните трендови, вие можете и самите да го дизајнирате. Како? Дознајте во продолжение.rnrnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажаrn

    За овој проект ќе ви бидат потребни:

    rn

      rn 011

    • Шешир
    • rn 011

    • Леплива трака
    • rn 011

    • Лепило за ткаенина
    • rn 011

    • Ножици
    • rn 011

    • Декоративна машна по избор
    • rn

    rnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажаrn

    Начин на подготовка:

    rnШеширот ставете го на рамна површина. Земете ја машната и пробувајте разни комбинации – натписот можете да го искреирате од целосната машна или да ја исечете на неколку пократки дела. Инспирација за фонтот можете да најдете на Интернет.rnrnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажаrnrnКога ќе го најдете вистинското место кое одговара за натписот, наместете ја декоративната машна според натписот, а на одредени места залепете ја со леплива трака за да не ви се измести. Потоа почнете да ја лепите машната на шеширот со лепилото за ткаенина. Откако ќе завршите со лепењето, извадете ја лепливата трака бидејќи повеќе не ви е потребно дополнително фиксирање.rnrnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажаrnrnНа овој начин вие ќе го освежите својот стар сламен шешир, а со малку пари и труд ќе добиете модно парче кое е целосен тренд ова лето. Зарем не изгледа прекрасно?rnrnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажа

  • Направи сам: Декоративна зимска свеќа што ќе го стопли вашиот дом

    Направи сам: Декоративна зимска свеќа што ќе го стопли вашиот дом

    Потребно ви е само малку труд и креативност со цел да ја направите најдобрата зимска декорација за вашата дневна соба. Студеното време, кратките денови и првиот месец во годината не се изговор да не правите ништо и едноставно да чекате да пројде зимата. Времето што го минувате во вашиот топол дом можете да го искористите за активно надградување на својата креативна страна. Па, ако сте вешти со своите раце и ако барате нов проект за јануари – тогаш имаме одличен предлог за вас!rnrnrn

    За овој проект ќе ви бидат потребни:

    rn

      rn 011

    • Една голема свеќа
    • rn 011

    • Лента со чипка
    • rn 011

    • Лепило
    • rn 011

    • Стапчиња цимет
    • rn 011

    • Декоративни детали по ваш избор, како шишарки, цвеќиња, снегулки…
    • rn

    rnrn

    Начин на подготовка:

    rnЗалепете ги стапчињата цимет за свеќата и почекајте лепилото да се исуши, а потоа обвијте ги со лентата.rnrnrnrnОставете да отстои малку, за сè убаво да се залепи, и потоа почнете да ги редите декорациите што ги одбравте.rnrnrnrnВашата ароматична свеќа е готова! Откако ќе ја запалите, без сомнение ќе ја стоплите атмосферата и ќе го исполните домот со богата миризба на цимет.rnrnrnrn 

  • Креативни начини да го претворите сувото цвеќе во уметност

    Креативни начини да го претворите сувото цвеќе во уметност

    Цвеќињата се прекрасна творба на природата, но за жал, не секогаш може да ги имаме доволно долго свежи, за да може да уживаме во нивната убавина. Меѓутоа, со помош на техниката на хербариум или сушење, можеме да ги употребиме во „направи сам“ креации и со тоа да ги зачуваме покрај себе засекогаш. Сушењето и пресувањето се техники кои постојат уште од старите Рим и Грција, а на овој начин и ботаничарите успеваат целосно да ги проучат и да ги дознаат нивните тајни.rnrnКреативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметностrnrnУпотребете го исушеното цвеќе за да создадете накит, маска за телефон или најразлични декорации за домот. На овој начин секогаш ќе имате уникатна креација која зрачи со убавината на природата.rn

    Привремена тетоважа

    rnКреативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметностrnrnСо помош на лепење и премачкување со специјална маса наменета за нанесување на кожа, можете да создадете уникатна привремена тетоважа, која лесно ќе ја измиете по еден или два дена.rn

    Освежувачи за воздух

    rnКреативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметностrnrnСо правилно измешани есенцијални масла и сушени цвеќиња, можете да направите спреј за освежување на воздухот.rn

    Цветна сол за капење

    rnКреативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметностrnrnИсушените цветови измешајте ги со сол за капење и неколку капки етерично масло со мирис по ваш избор. Користете ја оваа сол за капење или за купка за стапала.rn

    Цветна рециклирана хартија

    rnКреативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметностrnrnСо помош на процесот на рециклирање стара хартија, можете да создадете одлична основа за изработка на честитка или картичка со убава порака испратена до некого.rn

    Украсување на подароци

    rnКреативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметностrnrnЗавиткајте го подарокот со еднобојна хартија и на машничката врзете ѝ гранче суво цвеќе, за да постигнете единствен и декоративен изглед.rn

    Маска за мобилен телефон

    rnКреативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметностrnrnЕдноставно, поставете го сувото цвеќе под проѕирната маска на вашиот телефон. Можете и да го менувате секој ден, во зависност од желбата.rn

    Природа во рамка

    rnКреативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметностrnrnПресуваните цвеќиња и растенија поставете ги помеѓу две парчиња стакло и врамете ги. На овој начин ќе постигнете модерен и природен изглед на вашата соба.rn

    Накит

    rnrnrnВградете ги сувите цвеќиња во изработки од епоксидна смола или помеѓу две проѕирни парчиња пластика. Навистина одличен моден додаток.rnrnДознајте и што зборува за жените нивното омилено цвеќе.

  • Направете сами: Декоративна кутија со лалиња

    Направете сами: Декоративна кутија со лалиња

    Постои едно верување дека ако добиете розово лале за подарок, вие сте вистинска среќничка бидејќи таа личност има намера да ви донесе уште многу радости во животот. Ако покрај розовите цветови се наоѓа и една црвена, бидете сигурни дека таа личност освен што сака да ги дели среќните моменти со вас, исто така сака и да ви ја искаже својата вистинска љубов. Но, ова не се однесува само на мажот во вашиот живот. Дали и вие сакате некому да ја покажете својата љубов и неизмерната поддршка? Дали им кажувате доволно на мајка ви, сестра ви, пријателките и колегите дека тие секогаш можат да сметаат за вас?rnrnrnrnЦветните аранжмани отсекогаш биле одлична шанса да ги изразите своите најубави чувства, како и да го разбудите креативецот во себе. Па, наместо да разубавите нечиј ден со помош на букет, направете го тоа на малку поинаков начин така што самите ќе направите прекрасна декоративна кутија со лалиња. Кога ќе го завршите овој мал „направи сам“ проект, сè што останува е да се обидете да се одлучите кому да го подарите иако сме сигурни дека веќе имате некој на ум и додека го читате ова. Подготвени? Епа ајде да почнеме…rn

    Прв чекор

    rnЗа овој проект ќе ви бидат потребни следниве материјали:rn

      rn 011

    • Сунѓер за цвеќиња
    • rn 011

    • Проѕирна фолија
    • rn 011

    • Декоративна метална кутија
    • rn 011

    • Лалиња (по можност розови)
    • rn

    rnrn

    Втор чекор

    rnОбложете ја кутијата со фолија, а потоа внимателно исполнете ја со сунѓерот. Вишокот фолија и сунѓер тргнете ги настрана, а во сунѓерот направете дупки за да можете да го наредите цвеќето.rnrnrn

    Трет чекор

    rnИсечете ги лалињата така што само цветот ќе наѕира од кутијата и потоа нежно наредете ги додека не ја исполните целата.rnrnrn

    Четврт чекор

    rnДоколку сакате дополнителна декорација, додајте какви било колачиња во нежни бои, така што ќе ги наредите внимателно врз лалињата. Исто така во кутијата можете да ставите и пораки, цитати или што било друго за да го разубавивте денот на вашата посебна личност.rnrnrnrnДополнителен совет: Ако сакате вашиот цветен аранжман да трае подолго, наместо природно изберете сушено или вештачко цвеќе.rnrnЕдноставно и преубаво: Разиграјте ја пролетта со венче од цветови коe ќе го направите сами!

  • Велигденски еднорози за незаборавни празнични денови

    Велигденски еднорози за незаборавни празнични денови

    Претворете ги велигденските јајца во слатки ендорози и изненадете ги најблиските

    rnВелигденски еднорози за незаборавни празнични деновиrn

    Потребни материјали:

    rn

      rn011

    • Бели пластични јајца
    • rn011

    • Црн маркер
    • rn011

    • Дебела хартија
    • rn011

    • Декоративно лепило
    • rn011

    • Светки
    • rn011

    • Ножици
    • rn011

    • Кутија
    • rn011

    • Вештачки цвеќиња
    • rn011

    • Пиштол за топло лепило
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНаправете мали конуси од дебелата хартија, па декорирајте ги со лепилото и светките. Потоа, со помош на пиштолот за топло лепило, залепете ги „роговите“ на врвот од јајцата. Со црн маркер внимателно нацртајте ги очите и трепките. За крај, наредете ги цвеќињата по ваш вкус и прицврстете ги со помош на лепилото.rnrnПогледнете го целиот процес на изработка и преку следните фотографии…rnrnВелигденски еднорози за незаборавни празнични денови Велигденски еднорози за незаборавни празнични денови Велигденски еднорози за незаборавни празнични денови Велигденски еднорози за незаборавни празнични денови Велигденски еднорози за незаборавни празнични денови Велигденски еднорози за незаборавни празнични денови