КАФЕ ПАУЗА

Category: Факти и цитати

  • Цитати на познатите дами што ќе ви откријат како да бидете сингл

    Цитати на познатите дами што ќе ви откријат како да бидете сингл

    Не е тајна дека да се биде сингл понекогаш може да биде вистински предизвик, особено ако неодамна сте раскинале. Ако сте во фаза по тешко раскинување и се прашувате дали ќе можете да им се вратите на состаноците и на запознавањето нови луѓе, важно е да знаете дека не сте сами. И покрај стравовите и сомнежите што ги имате сега, има многу позитивни работи на кои треба да им се радувате кога сте слободни. Овие цитати на познатите личности ќе ве потсетат зошто е толку убаво да бидете во таа фаза од животот.rnrnЦитати на познатите дами што ќе ви откријат како да бидете синглrn

    „Во денешно време, да бидете жена постара од 32 години и да се забавувате, изгледа како мал политички чин. Под тоа не мислам на дрогирање и шиење затоа што никогаш не сум го направила тоа, туку да бидам луда, да излегувам и да правам што сакам, а не да седам дома и да чекам менопауза.“ – Кејт Бекинсејл

    rn

    „Мене ми беше навистина забавно сама да одлучам како ќе го поминам своето време. Имав денови кога се разбудував и не морав да правам ништо друго освен она што го сакав. Тоа е нешто што го изгубив со текот на годините. Чувството да имам свое време беше новина за мене.“ – Ема Робертс

    rn

    „Да се биде сингл порано значеше дека никој не ве сака. Сега тоа значи дека вие бирате со кого и каков  живот ќе живеете.“ – Кери Бредшо

    rn

    „Ако не сум добра кон себе, како можам да очекувам дека некој друг ќе биде добар кон мене?“ – Маја Анџело

    rn

    „Љубовта на мојот живот се моите деца и мајка ми. Не чувствувам како да ми недостасува маж во животот.“ – Дајана Китон

    rn

    „Бараме поврзаност, предвидливост и сигурност за цврсто да нè вкоренат. Но, имаме потреба и за промена, за неочекувано, за трансцендентност.“ – Естер Перел

    rn

    „Времето и сингл животот ве тераат да го гледате светот појасно.“ – Карола Ловеринг

    rn

    „Седев и ги запишував своите мисли, разговарав со „внатрешното дете“ кое сè уште се крие во мене. Напишав: Мојот живот е само мој. Тие зборови ме натераа да застанам и да заплачам. Оваа реченица изгледа толку очигледно, но сепак не е…“ – Трејси Елис Рос

    rn

    „Вие сте вашата најдобра навивачка. Не можам да го нагласам тоа доволно.“ – Серена Вилијамс

    rn

    „Никогаш не правете приоритет од никого ако вие сте само опција за него.“ – Маја Анџело

    rn

    „Мислам дека не можете да бидете партнер каков што сакате сè додека не откриете што ви треба и додека не бидете комплетна личност сама со себе. Мислам дека тоа е нешто што сите жени заслужуваат да го знаат.“ – Софија Буш

    rnПрочитајте ги овие инспиративни цитати што ќе ви дадат мотивација да соберете сила и да почнете од почеток.

  • Италијански народни мудрости: Никој не може да ви го одземе она што Бог го наменил за вас

    Италијански народни мудрости: Никој не може да ви го одземе она што Бог го наменил за вас

    Италијанците знаат што е навистина важно во животот. Тие се познати по поговорките, а во продолжение прочитајте некои од најинтересните.rnrnИталијански народни мудрости: Никој не може да ви го одземе она што Бог го наменил за васrn

    „Оној што е роден како магаре, нема да умре како коњ.“

    rn

    „Постојат два начини да се расправате со жена. Ниту еден од нив не функционира.“

    rn

    „Подобро да живеете еден ден како лав отколку сто години како овца.“

    rn

    „Тој што се познава себеси, го познава целиот свет.“

    rn

    „Не е доволно да знаете како да заработите пари, треба да знаете и како да ги потрошите.“

    rn

    „Ништо не е невозможно ако го сакате тоа.“

    rn

    „Не судете им на луѓето според она што светот го кажува за нив.“

    rn

    „Ако лажете, бидете кратки.“

    rn

    „Одвреме-навреме сослушајте некоја будала – може да научите нешто вредно. Но, никогаш не расправајте се со нив.“

    rn

    „Непријателот е најопасен кога изгледа поразено.“

    rn

    „Одмаздата е јадење што се сервира ладно.“

    rn

    „Ако сакате луѓето да ве ценат – умрете.“

    rn

    „Никој не сака да биде сам, дури ни во рајот.“

    rn

    „Сè е дадено од Бог – освен жената.“

    rn

    „Љубовта, пожарот и кашлицата не можат да се скријат од луѓето.“

    rn

    „Не допирајте го проблемот сè додека проблемот не ве допре вас.“

    rn

    „Бог сака да зборува со оние што молчат.“

    rn

    „Годините го менуваат човекот повеќе од книгите.“

    rn

    „Никој не може да ви го одземе она што Бог го наменил за вас.“

    rnПрочитајте ги овие 16 моќни шпански поговорки што секој треба да ги прочита.

  • 15 инспиративни цитати од контроверзната писателка Анаис Нин

    15 инспиративни цитати од контроверзната писателка Анаис Нин

    Животот на француската писателка Анаис Нин бил исклучително специфичен, исполнет со многубројни контроверзии и интриги. Сепак, таа посветила значаен дел од својот живот на изучување на психоанализата и напишала многу есеи и голем број страници од своите дневници за животот во слобода и за слободното, неограничено уметничко творештво. Во продолжение прочитајте неколку нејзини помалку познати цитати:rnrn15 инспиративни цитати од контроверзната писателка Анаис Нинrn

    „Пишуваме за да го чувствуваме животот двапати – во даден момент и преку ретроспектива.“

    rn

    „Ќе дојде денот кога ризикот од тесно во сопствениот кожурец станува поголем од ризикот од цветање.“

    rn

    „Го знам животот лирски, мелодично – моите чувства се посилни од причините и од принципите. Јас сум жедна за чудесното и таа желба е единственото нешто што може да ме победи. Сè што не можам да претворам во нешто чудесно, го оставам. Реалноста не ме зачудува. Верувам само во екстаза, слобода, а кога животот ме тресе – бегам, каде било. Нема веќе ѕидови.“

    rn

    „Ние не се развиваме хронолошки. Понекогаш се развиваме во една димензија, а понекогаш во друга – нерамномерно. Ние сме релативни. Зрели сме во еден поглед, а деца во друг. Ние сме составени од слоеви, клетки, соѕвездија. Зарем тоа не е прекрасно?“

    rn

    „Улогата на писателот не е да го каже она што сите би можеле да го кажеме, туку она што никој не може или што никој не смее да го каже.“

    rn

    „Ако не дишете низ пишувањето, ако не плачете низ пишувањето, ако не пеете низ пишувањето – тогаш не пишувајте. Културата нема никаква корист од тоа.“

    rn

    „Животот е процес на постоење, комбинација на услови што треба да ги поминеме. Луѓето грешат кога сакаат да изберат состојба во која ќе останат засекогаш. На овој начин, тие сами се осудуваат на смрт.“

    rn

    „Човекот се обидува да го препознае само она со кое е запознаен. Функцијата на уметноста е да ни ја промени нашата перцепција. Задачата на писателот е да ги разбранува познатите сцени толку магично што одеднаш ќе видиме ново значење во нив.“

    rn

    „Верувам дека човекот пишува за да создаде за себе свет во кој може да живее.“

    rn

    „Непознатото беше мојот компас. Непознатото беше мојата енциклопедија. Непознатото беше и останува мојата единствена наука.“

    rn

    „Луѓето кои го живеат животот со полни гради не се плашат од смртта.“

    rn

    „Последната лекција што ја учи секој писател е дека сè може да го нахрани и да го инспирира. Речник, новооткриен збор, патување, средба, разговор на улица, книга, нова научена фраза – апсолутно сè.“

    rn

    „Занимавањето со уметност е еден вид лебдење – одвојување на сопственото битие од заробеништвото на земјата.“

    rn

    „Креативната личност никогаш нема да остане во првиот свет што ќе го открие. Таа не знае за граници и не се потчинува.“

    rn

    „Животот е толку флуиден што ни останува само да се надеваме дека барем еднаш сме успеале да искористиме свеж и чист момент на уживање, без да го уништиме.“

    rnПрочитајте ги 15-те најважни цитати на Иво Андриќ за животот, љубовта и страдањето.

  • 13 факти за животните што ќе ве зачудат

    13 факти за животните што ќе ве зачудат

    Нема потреба да одите во друга галаксија за да бидете возбудени затоа што сте сретнале нови и чудни суштества. Сè што треба да направите е да ја истражите фауната на нашата планета. Природата никогаш не престанува да се развива и ние сè уште не сме свесни за новитетите на еволуцијата. Во продолжение ќе научите нешто повеќе за чудата на животинскиот свет.rn

    1. Некои зоолошки градини им даваат на своите посетители очила како овие. Тие се дизајнирани да имитираат страничен поглед и да не предизвикуваат чувство на непријателство кај горилата

    rn13 факти за животните што ќе ве зачудатrn

    2. Прериските кучиња се бакнуваат со цел да се поздрават едни со други и да откријат дали сè е во ред

    rn13 факти за животните што ќе ве зачудатrn

    3. Ласиците често ловат плен што е неколку пати поголем од нив и дневно можат да јадат количина на храна што е еднаква на една четвртина од нивната телесна маса

    rn13 факти за животните што ќе ве зачудатrn

    4. Рибите од видот Notothenioidei живеат во водите на Антарктикот кои се многу ладни, но другите риби не се во можност да живеат во такви услови

    rn13 факти за животните што ќе ве зачудатrn

    5. Арктичките зајаци се најголемите зајаци во Северна Америка. Нивните уши се премногу кратки во однос на големината на нивното тело

    rn13 факти за животните што ќе ве зачудатrn

    6. Перитофталмусот е еден вид риба што може да најде храна во тињата за време на ниските плими и може да се искачува на дрвја

    rn13 факти за животните што ќе ве зачудатrn

    7. Јапонските истражувачи откриле дека очите од китот-ајкула се прекриени со заби

    rn13 факти за животните што ќе ве зачудатrn

    8. Големата пиштарка може да остане во воздухот повеќе од половина година без да слета на земја

    rn13 факти за животните што ќе ве зачудатrn

    9. Духови-ракови се група ракови кои живеат во тропските и суптропските крајбрежни региони ширум светот и ги користат забите на стомакот за да ги исплашат непријателите

    rn13 факти за животните што ќе ве зачудатrn

    10. Постојат топки мов кои мигрираат низ Арктикот, управувани од некоја непозната надворешна сила

    rn13 факти за животните што ќе ве зачудатrn

    11. Патките сакаат да сурфаат. Тие го прават тоа за да фатат повеќе ракови

    rn13 факти за животните што ќе ве зачудатrn

    12. Ова е јужноазиски речен делфин. Речиси е слеп и се води низ просторот со помош на ехолокација

    rn13 факти за животните што ќе ве зачудатrn

    13. Дали некогаш сте размислиле зошто забите на крокодилите се толку бели? Тие се менуваат до 50 пати во текот на животот

    rn13 факти за животните што ќе ве зачудатrnrnПрочитајте ги овие 9 фасцинантни факти за животните што сигурно не ви ги кажале на училиште.

  • Највредните цитати на Гијом Мисо што секој треба да ги прочита

    Највредните цитати на Гијом Мисо што секој треба да ги прочита

    Гијом Мисо се стекна со голема популарност со неверојатна брзина и успеа да ги освои срцата на многу читатели ширум светот. Покрај книгите што ги пишува, тој е познат и по неговите мудри зборови што постојано се препрочитуваат. Овие совети треба внимателно да ги прочитате:rnrnНајвредните цитати на Гијом Мисо што секој треба да ги прочитаrn

    „Ако ги погазите сопствените вредности, сте погазиле сè.“

    rn

    „Судбината е изговор за оние кои одбиваат да преземат одговорност за сопствениот живот.“

    rn

    „Понекогаш мора да ја свртиме страницата за да можеме да напишеме нешто ново на следната.“

    rn

    „Светот нема да ви подари ништо, верувајте ми. Ако сакате да имате живот, украдете го.“

    rn

    „Најубавите години се оние што допрва треба да се доживеат.“

    rn

    „Со последниот здив сфаќам сè: дека времето не постои, дека животот е единственото нешто што го имаме, дека сите ние сме едно и дека она што ни е најважно секогаш се оддалечува.“

    rn

    „Ништо не може да излаже повеќе од фотографијата: веруваме дека сме овековечиле еден среќен момент, но сме создале само носталгија.“

    rn

    „Постојат настани чиј тек не можеме да го запреме. Тоа што треба да се случи, ќе се случи, без оглед на сите наши обиди да го спречиме.“

    rn

    „Љубовта е секогаш опасна. Да се сака, значи да се надевате и покрај ризикот да изгубите сè. Понекогаш, љубовта значи да прифатиш дека ќе сакаш повеќе отколку што ќе бидеш сакан.“

    rnПрочитајте ги овие 25 цитати на Габриел Гарсија Маркез што заслужуваат да бидат запаметени засекогаш.

  • 10 факти што може да ве натераат да се посомневате во сè што знаете за светот

    10 факти што може да ве натераат да се посомневате во сè што знаете за светот

    На Интернет има премногу информации и секој ден можете на научите нешто ново за светот. Најфасцинантното нешто во врска со тоа е што има бесконечно многу чуда во светот, како виножита ноќе, печурки што светат во темнина и пајаци што можат да нуркаат и да ловат риби.rn

    1. Виножитата може да се појават ноќе – тие се направени од Месечината, а не од Сонцето

    rn10 факти што може да ве натераат да се посомневате во сè што знаете за светотrn

    2. Бројот на точки на грбот на бубамарата не зависи од возраста, туку од видот: има бубамари со 2, 7, 14, па дури и 22 точки

    rn10 факти што може да ве натераат да се посомневате во сè што знаете за светотrn

    3. Овој гулаб не е ранет, тоа е неговата природна боја

    rn10 факти што може да ве натераат да се посомневате во сè што знаете за светотrn

    4. Во Туркменистан постои гасен кратер познат како „Портите на пеколот“ што гори повеќе од 40 години

    rn10 факти што може да ве натераат да се посомневате во сè што знаете за светотrn

    5. Мажјакот од видот кафеав антихиенус може да умре од исцрпеност на крајот на сезоната на парење

    rn10 факти што може да ве натераат да се посомневате во сè што знаете за светотrn

    6. Желките од реката Фицрој можат да дишат низ задникот

    rn10 факти што може да ве натераат да се посомневате во сè што знаете за светотrn

    7. Медузите немаат мозок и срце, но тие постојат најмалку 500 милиони години

    rn10 факти што може да ве натераат да се посомневате во сè што знаете за светотrn

    8. Некои пајаци можат да нуркаат и да ловат риби

    rn10 факти што може да ве натераат да се посомневате во сè што знаете за светотrn

    9. Околу 80 видови печурки светат во темнина

    rn10 факти што може да ве натераат да се посомневате во сè што знаете за светотrn

    10. Вулканот Стромболи во Италија бавно еруптира во последниве 2.000-5.000 години

    rn10 факти што може да ве натераат да се посомневате во сè што знаете за светотrnrnПогледнете ги овие 27 природни чуда во светот кои секој би требало да ги посети.

  • 15-те најважни цитати на Иво Андриќ за животот, љубовта и страдањето

    15-те најважни цитати на Иво Андриќ за животот, љубовта и страдањето

    Многу е тешко да се изберат најзначајните мисли и цитати на Иво Андриќ, но овие 15 цитати ќе ве натераат да размислите за животот, љубовта и страдањето.rnrn15-те најважни цитати на Иво Андриќ за животот, љубовта и страдањетоrn

    „Од оној што прави добро, се очекува да прави уште повеќе добро.“

    rn

    „Љубовта, кога е искрена и длабока, лесно простува и заборава.“

    rn

    „Мирот и спокојството се единственото добро и најголемото достоинство на смирените и безимени луѓе.“

    rn

    „Младоста е среќен период во кој човекот почнува да верува во себе, а сè уште не престанал да верува во другите.“

    rn

    „Не може лесно да се побегне од потеклото и од детството.“

    rn

    „Оној што не го изложува нежниот цвет на својата душа на ветровите на искушението, па дури и да го спаси и да го донесе до крајот, исто како никогаш да го немал.“

    rn

    „Раната што се крие, бавно и тешко заздравува.“

    rn

    „Човекот никогаш не може да им се изнагледа на ѕвезденото небо и на човечкото срце.“

    rn

    „Животот ни го враќа само она што им го даваме на другите.“

    rn

    „Сите вистински животи се убави и тешки.“

    rn

    „Животната сила на човекот се мери, меѓу другото, со неговата способност да заборави.“

    rn

    „Многумина го постигнуваат она што го сакаат, но се губат себеси.“

    rn

    „Животот е состојба на активност која постојано се стреми кон смрт и ѝ приоѓа бавно и постепено, а смртта е решението за таа долга болест наречена живот.“

    rn

    „Сите сме мртви, само се погребуваме еден по еден.“

    rn

    „Имаше толку многу работи во животот од кои се плашевме. Но, не требаше. Требаше да живееме.“

    rn

    „Ако луѓето знаеја колку малку памет владее со светот, би умреле од страв.“

    rn

    „Сè додека има мрак, има и зори.“

    rnПрочитајте ги овие 13 цитати што може многу да ве инспирираат.

  • 13 цитати што може многу да ве инспирираат

    13 цитати што може многу да ве инспирираат

    Да се биде среќен е прашање на избор. Можете да изберете да уживате во животот или да страдате од болката што ви е нанесена. Животот може да биде игра. Можете да се грижите дека може да изгубите или едноставно да заборавите на загубата и да уживате во играта. Кога некој ќе ви го скрши срцето и ќе ве растажи, мора да ги контролирате своите емоции. Можете да тагувате или едноставно да одлучите дека сакате да продолжите да носите насмевка на лицето. Животот е добар, без оглед на тоа како се чувствувате во моментот, а овие инспиративни цитати може да ве мотивираат целосно да уживате во него.rnrn13 цитати што може многу да ве инспирираатrn

    „Само играј. Забавувај се. Уживај во играта.“

    rn

    „Забавете и уживајте во животот. Не само што ќе го пропуштите пејзажот затоа што одите премногу брзо, туку ќе го изгубите и чувството каде одите и зошто.“

    rn

    „Живејте го секој ден како да ви е последен, барем за тој ден ќе бидете сигурни дека е добар.“

    rn

    „Уживам во животот кога нешто ќе се случи. Не ми е грижа дали е добрo или лошo, тоа значи дека си жив.“

    rn

    „Престанете да барате бури и уживајте повеќе во сончевата светлина.“

    rn

    „Правете го она што ве прави среќни, бидете со оние што ве смеат, смејте се колку што дишете и сакајте сè додека живеете.“

    rn

    „Не прашувајте што му е потребно на светот, запрашај се што ве тера да се чувствувате живи. Потоа, направете го тоа затоа што на светот му требаат луѓе што се живи.“

    rn

    „Мора да бидете подготвени да се ослободите од животот што сте го планирале, за да го имате животот што ве чека.“

    rn

    „Сонувајте како да живеете вечно, живејте како да треба да умрете денес.“

    rn

    „Учествувајте во животот наместо да гледате како поминува.“

    rn

    „Не постои пат до среќата, среќата е патот.“

    rn

    „Животот е или смела авантура или ништо.“

    rn

    „Живејте во моментот. Заборавете на минатото и не грижете се за иднината.“

    rnПрочитајте ги овие инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да ја надминете токсичната врска.

  • Најубавите зборови на големите уметници за љубовта и за среќата

    Најубавите зборови на големите уметници за љубовта и за среќата

    Многумина пишуваат за љубовта, се обидуваат да ја објаснат, да ја научат и да ја разберат, но за некои љубовта претставува страдање и болка. Прочитајте што рекле за љубовта некои од најпознатите уметници, големи умови, важни историски и современи личности.rnrnНајубавите зборови на големите уметници за љубовта и за среќата rn

    „Може ли некогаш да се заборави она што еднаш сте го сакале?“ – Жан Жак Русо

    rn

    „Ни фустанот не треба да се крпи, а камоли љубовта. Подобро е да заминете.“ – Меша Селимовиќ

    rn

    „Бакнежот е прекрасен трик дизајниран од природата за да го прекине говорот кога зборовите стануваат излишни.“ – Ингрид Бергман

    rn

    „Бракот се состои од три работи: љубов, доверба и трпеливост.“ – Бранислав Нушиќ

    rn

    „Ако сакаш некого, кажи му го тоа, затоа што срцето може да биде скршено дури и од зборовите што не се изговараат.“ – Жарко Лаушевиќ

    rn

    „Љубовта нема години, таа секогаш се раѓа.“ – Блез Паскал

    rn

    „Заљубувањето е нешто добро, забавно и може многу да го збогати животот. Но, тоа е различно од љубовта. Љубовта нема цена и не треба да се менува за ништо.“– Пауло Коелјо

    rn

    „Оние кои сакаат длабоко, никогаш не стареат; дури и ако умрат од старост, умираат млади.“ – Жарко Лаушевиќ

    rn

    „Ако воопшто знам што е љубов, тогаш тоа го знам поради тебе.“ – Херман Хесе

    rn

    „Треба да се навикнете на малку тага во животот. Нема да знаете што е вистинската среќа, ако немате со што да ја споредувате.“ – Пауло Коелјо

    rn

    „Кој мисли дека е среќен, тој е навистина среќен.“ – Јован Дучиќ

    rn

    „На тој што има среќа не му треба ништо друго.“ – Матија Бешковиќ

    rn

    „Тој што има среќа во картите, нема во љубовта. А, тој што нема среќа во љубовта, нема во ништо друго.“ – Ѓорѓе Балашевиќ

    rn

    „Не зависи од вас дали ќе бидете богати, но од вас зависи дали ќе бидете среќни.“ – Епиктет

    rn

    „Успех е да го добиеме она што го сакаме. Среќа е го сакаме она што ќе го добиеме.“ – Дејл Карнеги

    rn

    „Сјајот на една топла мисла вреди многу повеќе од парите. Среќата не ни ја носат богатството и луксузот, туку смиреноста и работата.“ – Томас Џеферсон

    rnПрочитајте ги 25-те цитати на Габриел Гарсија Маркез што заслужуваат да бидат запаметени засекогаш.

  • 7 интересни факти за мустаќите на мачките

    7 интересни факти за мустаќите на мачките

    Мустаќите се многу симпатични на прв поглед, а кога ќе дознаете дека тие се најдобрата алатка на мачките кога станува збор за сетилата, за комуникацијата и за координацијата, тогаш ќе сфатите дека тие не се само симпатични, туку и фантастични. Можеби не знаете, но мустаќите им кажуваат на мачките каде да одат, дали може да поминат низ некој тесен простор, а го откриваат и расположението на мачката. Во продолжение прочитајте ги овие 7 интересни факти за мустаќите на мачките и за нивната улога.rnrn7 интересни факти за мустаќите на мачкитеrn

    1. Мустаќите на мачките се исклучително чувствителни

    rnКоренот на мустаќите, во споредба со останатите влакна, се наоѓа многу подлабоко во кожата, а пределот околу мустаќите е вистинска ризница на нервни завршетоци и крвни садови, па овој дел од главата е исклучително чувствителен на дразби.rnrnОбласта околу мустаќите и самите мустаќи се исклучително чувствителни, а мачките можат да почувствуваат дури и минимална промена на правецот на ветерот.rnrnНе треба да ја допирате областа околу муцката и мустаќите на мачките бидејќи овој дел од главата е многу чувствителен и можете да им предизвикате болка.rnrnИсто така, садот за храна треба да биде поширок и порамен, така што мачката нема да удира со мустаќите во ѕидот на чинијата.rn

    2. Мустаќите не се само околу носот

    rnМачките имаат 8-12 мустаќи од двете страни на носот, но имаат и пократки мустаќи над очите, на брадата, како и на задниот дел од предните нозе.rn

    3. Мустаќите и навигацијата

    rnМустаќите обично се долги колку што е широка самата мачка, така што тие се еден вид патоказ кога мачката е пред тесен простор. Тие откриваат дали таа може да помине таму или не.rn

    4. Мустаќите ѝ покажуваат на мачката каде е пленот

    rnМачките се далековидни, што значи дека не го гледаат тоа што е пред нив. Затоа, за време на ловот, треба да најдат начин како да почувствуваат дека пленот е доволно близу за да му го зададат смртоносниот напад. Токму мустаќите им покажуваат на мачките кога е време да нападнат и да каснат.rn

    5. Никогаш не скратувајте ѝ ги мустаќите на мачката

    rnИако на мачките одвреме-навреме им паѓа по некој мустаќ, вие никогаш не треба да ѝ ги кратите мустаќите. Ако го направите тоа, вашата мачка ќе биде дезориентирана, може да има вртоглавица и ќе биде збунета затоа што мустаќите веќе нема да ја имаат таа драгоцена улога на навигација на којашто таа е навикната.rn

    6. Мустаќите се показател на емоциите на мачката

    rnПозицијата на мустаќите на вашата мачка кажува многу за нејзиното расположение. Ако мустаќите се опуштени и слободно паѓаат на двете страни на лицето, мачката е мирна и опуштена. Ако се насочени напред, тоа значи дека таа е возбудена и вознемирена. Ако се паднати под брадата, мачката е лута или тажна. Набљудувајте го и говорот на другите делови од телото на мачката, како што се ушите и опашката, за да може подобро да откриете што ви кажуваат мустаќите на мачката.rn

    7. Мустаќите ја менуваат бојата

    rnКако што стареат мачките, нивното крзно станува сиво, па и нивните мустаќи стануваат сиви. Немојте да бидете изненадени ако вашата постара мачка со црно крзно одеднаш добие бели мустаќи. Сепак, ова ќе го забележите само ако мачката има темно крзно.rnrnПрочитајте зошто некои мачки сакаат да лежат во мијалникот.