Умереното пиење кафе го намалува ризикот од развој на рак на црниот дроб, покажува едно британско истражување.rnrn
rnrnНаучниците од Универзитетот во Единбург и од Универзитетот во Саутемптон ги проучувале медицинските податоци на речиси половина милион здрави луѓе и заклучиле дека „пиењето секаков вид кафе го намалува ризикот од развој на хронични заболувања на црниот дроб“.rnrnОливер Кенеди, главниот автор на истражувањето чии резултати беа објавени во списанието „BioMedCentral“, вели дека кафето може да биде „потенцијално средство за спречување хронични заболувања на црниот дроб“.rnrnЛуѓето кои консумирале кафе умерено имале за 20 проценти помал ризик од развој на замастен црн дроб и 49 проценти помал ризик од смрт од некои хронични заболувања на црниот дроб, во споредба со луѓето кои не пиеле кафе.rnrnНо, научниците истакнуваат дека и во овој случај, клучна е умереноста.rnrnСпоред научниците, за црниот дроб е најдобро да пиете три до четири шолји кафе дневно.rnrnПрочитајте зошто кафето наутро може да биде подобро од чајот.
Category: Добро е да се знае
-

Поради оваа причина ќе ја цените утринската шолја кафе уште повеќе
-

Фенг шуи: 3 растенија кои ќе ја привлечат вашата сродна душа
Цвеќето е жив организам кој зрачи со одредена енергија и може да влијае на луѓето кои живеат во домот каде што расте. Различни растенија имаат различна симболика, а според фенг шуи, постојат цвеќиња кои имаат магични својства. Се верува дека одредени растенија привлекуваат љубов и сродна душа, а во продолжение прочитајте за кои станува збор:rn
1. Спатифилум
rn
rnrnСе купува и се чува во ист ден со антуриум и се чуваат и се негуваат заедно како машка и женска среќа. Се препорачува да ги чувате во саксии со потемни бои кои симболизираат почва, лојалност и плодност. Овие две растенија формираат комбинација од машка и женска енергија и создаваат љубовна атмосфера.rn2. Хибискус
rn
rnrnХибискусот се нарекува и кинеска роза, а симболизира „љубовен магнет“. Ставете го ова растение во југозападниот дел од домот, кој според фенг шуи се нарекува агол на љубовта.rn3. Циклама
rn
rnrnСе верува дека овој неверојатно убав цвет привлекува љубов и хармонија во домот. Исто така, предизвикува мудрост и добра комуникација во врските, па затоа е идеален подарок за брачни парови за годишнина од свадба. Се препорачува да го одгледуваат оние што се осамени и веќе долго време бараат сродна душа, бидејќи покрај тоа што привлекува романтичен партнер, според симболиката на цикламата, ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор.rnrnЗа растенијата во вашиот дом да зрачат со позитивна енергија, важно е сами да ги купите, внимателно да се грижите за нив и да не ги запоставувате за да не се исушат и да не венеат. Додека ги наводнувате и ги пресадувате овие растенија, кажете магични афирмации за да привлечете вистинска љубов.rnrnПрочитајте како треба да изгледа женската чанта според фенг шуи. -

Норвешка шумска мачка: Прекрасно милениче кое сака други мачки и кучиња
Норвешката шумска мачка има долго крзно што може да биде во различни бои. Позната е по влакнестите уши, а нејзината елеганција дополнително се истакнува со специфичната триаголна форма на главата, рамниот профил на носот, раскошна опашка и многу силно тело.rnrn
rnrnНејзината тежина може да варира од четири до десет килограми. Станува збор за раса со бавен раст, така што својата физичка и емоционална зрелост ја достигнува на возраст од четири години.rnrnМачките од оваа раса сакаат каква било интеракција со луѓето со кои живеат. Тие се независни и многу интелигентни мачки кои ги сакаат своите сопственици, но бараат многу внимание.rnrn
rnrnНорвешката шумска мачка не го заборава своето потекло е голем ловец во срцето. Не се плаши од вода, сака да трча и да се крие низ домот и да се качува високо.rnrnНорвешката шумска мачка е една од оние мачки што многу брзо ќе се спријатели со сите, вклучувајќи ги и другите мачки, но и кучињата.rnrn
rnrnПогледнете што прават мачките кога не сте дома. -

Дали знаете која е најпопуларната раса на куче во светот?
Поврзаноста помеѓу кучето и човекот трае 40.000 години и кучето е првото животно што било припитомено од човекот. Денес постојат повеќе од триста раси кучиња, а една раса го држи првото место како најпопуларна.rnrnЛабрадор ретривер е најпопуларната раса во светот, па дури и оние кои не сакаат во кучињата ќе бидат разнежнети кога ќе ја видат оваа убавина. Овие кучиња имаат смирувачки ефект врз луѓето, лојални се, интелигентни и лесни за дресирање.rnrnВо продолжение погледнете кои се десетте најпопуларни раси на кучиња во светот:rn
1. Лабрадор ретривер
rn
rn2. Германски овчар
rn
rn3. Златен ретривер
rn
rn4. Булдог
rn
rn5. Бигл
rn
rn6. Пудлица
rn
rn7. Француски булдог
rn
rn8. Боксер
rn
rn9. Јоркширски териер
rn
rn10. Ротвајлер
rn
rnrnПогледнете ги овие 7 раси кучиња чија убавина секогаш предизвикува воодушевување. -

Дали знаете што се „наметливи мисли“ и како тие влијаат врз вас?
Дали некогаш сте наишле на мисли што ве натерале да помислите: „Па, од каде ли доаѓаат? Иако понекогаш може да бидат позитивни, честопати таквите мисли се вознемирувачко искуство. Во најлош случај, тие имаат форма на самоубиствени мисли или размислувања да се повредите себеси (или другите).rnrn
rnШто се наметливи мисли?
rnНаметливите мисли се негативни модели на однесување во нашиот ум што често се повторуваат и дејствуваат како да се дел од нас. Ова се деструктивни навики кои можат да предизвикаат негативен стрес во мозокот и во телото, во односите и во животот.rnrnВреметраењето на наметливите мисли зависи од индивидуата и потребни се најмалку 63 дена за да се промени нервната мрежа и да се воспостави нов модел на размислување. Наметливите и негативни мисли можат да трошат многу енергија и на тој начин да влијаат на мозочните клетки и да доведат до можна депресија, нефлексибилност, отпорност на промени, додека во исто време мозокот се обидува да одржува рамнотежа.rn
Совети како да управувате со наметливите мисли
rn1. Правете вежби за смирување и фокусирање: ова значи длабоко дишење, медитација, молитва или јога – сè што ви е потребно за да ја усогласите врската ум-мозок и да го олесните протокот на енергија до мозокот.rnrn2. Вежбајте развој на размислување за можностите: барајте различни начини и можности за согледување на ситуацијата бидејќи и најлошите ситуации имаат можности и решенија.rnrn3. Вежбајте временско дистанцирање: фокусирајте се на долгорочно размислување, менување перспективи и ослободување од емоционалниот притисок. Ова би значело однапред да размислувате како би изгледала ситуацијата во минатото или во иднината и дали би била вредна за вас и би значела нешто. Исто така, размислете за она што сте го научиле и како прво да се промените себеси.rnrn4. Управувајте со вашиот ум и со вашиот начин на живот: ако сте свесни за вашата ментална моќ, полесно ќе ги контролирате наметливите мисли што предизвикуваат хаос во вашиот ум. Така ќе научите да слушате, пред сè себеси и да се приспособите на она што го мислите и што го чувствувате, а ќе научите и како да реагирате на луѓе и настани.rnrnПрочитајте кои 5 едноставни активности ќе ви ги смират мислите.
-

Петминутни навики за посреќен ден
Секој има различна дефиниција за тоа што значи да се живее среќен живот, но постојат кратки навики што може да ви помогнат да се чувствувате подобро во текот на денот.rnrn
rnСредување на креветот
rnИако многумина мислат дека е преценето, средувањето на креветот наутро ви дава чувство на некакво постигнување уште на почетокот на денот.rn
Кратка комуникација со саканите
rnНе мора да е долг разговор, можете само да им испратите смешно видео или порака дека треба да се видите наскоро. Не треба многу за да им покажете дека мислите на нив. Покрај тоа што ќе бидете во тек со случувањата во животите на најблиските луѓе, ќе го почувствувате и нивното присуство во текот на денот.rn
Есенцијални масла
rnИако постојат многу контрадикторни истражувања околу ефикасноста на есенцијалните масла кога станува збор за лекувањето болести, факт е дека мирисот на лаванда опушта, а рузмаринот ќе ве расони. Изберете го она што најмногу ви одговара.rn
Движете се пет минути
rnМногу е важно да одвоите пет минути дневно само за себе, без разлика дали станува збор за кратка медитација, танцување на вашата омилена песна или истегнување – изберете сами. Важно е да почнете да се чувствувате самоуверени и силни и не заборавајте да му се заблагодарите на вашето тело за сè што прави за вас.rn
Јадете го вашето омилено овошје
rnКога последен пат јадевте ананас? Купете го вашето омилено овошје и уживајте.rnrnПрочитајте ги овие 13 причини зошто некои луѓе се толку среќни во животот.
-

4 скриени знаци дека страдате од осаменост
Ако луѓето некогаш научиле да бидат сами, тогаш дефинитивно тоа било за време на оваа пандемија. Токму во овој период повеќето луѓе се чувствуваа осамено, а тоа остави последици врз физичкото и емоционалното здравје и ги зголеми шансите за вознемиреност и депресија, но и последици поврзани со недостатокот на сон и слаб имунолошки систем.rnrn
rnrnСега сè повеќе работи се враќаат во нормала, но на некои луѓе им е многу потешко отколку што изгледа. За да помогне во ова, психологот Џули Смит објави видео на ТикТок во кое нагласи четири клучни знаци на осаменост што можете да препознаете и на кои треба да внимавате:rn@drjuliesmithLoneliness has a serious impact on mental health. Call someone today who might feel lonely. #letstalkloneliness #mentalhealthawarenessrnrn♬ drivers license – Olivia Rodrigornrn rnrnrn1. Повеќе би сакале да купувате работи отколку да се дружите со луѓе.rnrn2. Знаете што се случува во животот на вашите пријатели затоа што го видовте тоа на социјалните мрежи, не затоа што ви кажале.rnrn3. Дури и кога сте во близина на други луѓе, се чувствувате како да не припаѓате таму.rnrn4. Друштвените ситуации ви предизвикуваат стрес и ве исцрпуваат, па ги избегнувате.rnrnАко се наоѓате во една од овие ситуации или во некоја друга што предизвикува да се чувствувате осамени, постојат работи што можете да ги направите за да ги ублажите тие болни чувства. За почеток, не обвинувајте се и не казнувајте се себеси за тие чувства. Најдете утеха во некои едноставни работи што ги сакате, како што се поминување време во природа или правење работи во кои уживате.rnrnПоврзете се со вашите пријатели, особено со оние со кои не сте се слушнале долго време. Секогаш имајте на ум дека времето лечи сè и дека со мали чекори може да постигнете многу. Не спротивставувајте им се на чувствата што ги имате, туку ублажете ги со работите што ги сакате, бидејќи на тој начин ќе се чувствувате вистински среќни.rnrnПочитајте ги овие митови за депресијата во кои треба да престанете да верувате.
-

3 природни средства што ги отстрануваат модринките
За да спречите појава на модринки кога ќе се удрите, важно е да реагирате навреме, а колку често и со каков интензитет ќе ви се појавуваат модринки зависи од вашето ткиво, од количината на железо што ја имате во крвта, но и од количината на витамин Ц во телото. Со цел што побрзо да ги отстраните модринките, пробајте некое од овие природни средства.rnrn
rn1. Маска од компири и мед
rnОваа природна маска содржи варен компир, малку мед и обична вода. Откако компирот ќе се свари, излупете го и изгмечете го. Потоа ставете една лажица мед во неа и измешајте со малку млака вода додека не добиете каша. Ставете ја подготвената маска на модринката и оставете да отстои околу 15 минути. Можете да ја повторите постапката.rn
2. Зеленчук како облога
rnНекои зеленчуци ќе ги ублажат подринките и ќе го забрзаат нивното исчезнување. Најмногу ќе ви помогнат зелката, магдоносот, кромидот и доматот. Црвениот кромид е одличен за модринки бидејќи ја ублажува болката и има антивоспалителни својства. За да ја ублажите модринката, ставете го сечканиот кромид во газа и ставете го на местото на ударот.rnrnИстото можете да го направите со зелка или сечкан магдонос. И свежите домати би можеле да помогнат во намалувањето на модринките. Ставете го сечканиот домат на местото на ударот и држете го половина час. По овој природен третман, модринката треба да биде помала и побрзо да исчезне.rn
3. Масажа со оцет и вода
rnИзмешајте оцет и топла вода во сооднос 50 : 50 и лесно тријте на местото на ударот. Овие две состојки треба да ја стимулираат циркулацијата под површината на кожата и да предизвикаат насобраната крв побрзо да се апсорбира или да исчезне.rn
Совет плус:
rnЗа модринките да исчезнат побрзо, земете доволно витамин Ц. Тоа го стимулира формирањето колаген и ја обновува кожата, која ги штити крвните садови. Најмалку колаген има во рацете и во нозете, па модринките во овие области се почести и потемни.rnrnАко можете, обидете се да не земате аналгетици, кои поради нивниот ефект врз крвта, создаваат поголем контраст помеѓу модринката и кожата, така што местото на ударот е уште поизразено.rnrnПрочитајте кои 10 секојдневни навики ја уништуваат вашата кожа.
-

Најдобрите етерични масла за совршен спа-ден
Етеричните масла ни помагаат да ги намалиме стресот и симптомите на сезонските алергии, а неколку капки масло во бањата можат да ни помогнат да отстраниме голем број заболувања, од воспаление на мускулите до симптоми на настинка. Ако барате да се опуштите и да ги ублажите симптомите, етеричните масла се одличен природен избор.rnrn
rnЗа опуштање
rnМаслото од лаванда ја подобрува циркулацијата и има смирувачки ефект. Покрај тоа, се препорачува за ублажување на воспалението на мускулите и ќе ви помогне да заспиете подобро.rn
За намалување на болките
rnМаслото копаиба е направено од дрво што расте во Северна Америка и се покажа дека е ефикасно во намалувањето на болката, особено на артритисот. Ова масло има антиинфламаторно и антибактериско дејство, така што има корисен ефект врз кожата.rn
За воспаление на мускулите
rnПокрај тоа што има антиинфламаторно дејство, маслото од темјан го смирува телото и е идеално за намалување на воспалението во мускулите.rn
Против настинки
rnМаслото од еукалиптус се препорачува во третманот на симптомите на настинка. Го одзатнува затнатиот нос, го опушта телото и се бори против сувата кожа склона кон иритации.rn
За расонување
rnЦитрусните масла (од портокал, грејпфрут, лимонска трева) ќе ги разбудат сите ваши сетила со својот мирис. Затоа, овие масла се препорачуваат за утрински бањи.rn
Рецепти за бањи со етерични масло
rnЗа опуштање: 5 капки масло од лаванда и 5 капки масло од портокалrnrnЗа расонување: 5 капки масло од еукалиптус, 3 капки масло од лимонска трева и 3 капки масло од грејпфрутrnrnЗа слатки сништа: 8 капки масло од лаванда, 4 капки масло од камилица, 3 капки масло од портокал и 1 капка масло од сандалово дрвоrnrnПрочитајте во кои 6 ситуации не треба да користите етерични масла.
-

Фенг шуи: 3 работи што не треба да ги имате во претсобјето
Според фенг шуи, претсобјето е многу важен простор што ја отсликува целата енергија на вашиот дом. На неговото уредување треба да посветите посебно внимание, бидејќи ходникот е еден вид „премин“ за енергијата што влегува и излегува од вашиот дом. Постојат неколку фенг шуи правила за овој простор до кои вреди да се придржувате, но, според експертите, овие 3 правила не треба да се прекршуваат. Еве кои работи никогаш не треба да ги имате во ходникот:rnrn
rn1. Неред – расфрлани чевли, многу облека…
rnХодникот треба да биде минималистички, со колку што е можно помалку работи. Уредниот и чист простор привлекува мир и хармонија, а нередот ја натрупува негативната енергија и го блокира протокот на позитивнта енергија. Расфрлани работи, многу чевли на подот или гардероба, како и корпа за отпадоци, никогаш не треба да бидат во преден план бидејќи привлекуваат лоши вибрации.rn
2. Ѕид како блокада
rnАко имате ѕид во близина на вратата во ходникот, тоа е знак на негативна енергија. Кога ќе влезете во домот и првото нешто што ќе го видите е ѕид, ќе имате чувство на блокада на енергија. Ова не мора да значи дека ѕидот треба да се сруши, но можете да го користите стариот трик со огледало. Закачете огледало на тој ѕид и оставете го да одразува слободен простор. Така, кога ќе влезете во просторијата, веднаш ќе го видите одразот на просторот во огледалото, наместо самиот ѕид. Важно е да избегнете да не се гледа влезната врата во одразот на огледалото.rn
3. Расипана врата
rnАко влезната врата ви е скршена, крцка или тешко се отвора, треба да ја поправите. Се верува дека проблемот со вратата го отежнува отворањето нови можности. Затоа, проверете ја вашата врата дали има пукнатини или гребнатини. Отстранете ги сите предмети што го попречуваат слободното затворање или отворање на влезната врата.rnrnПрочитајте како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи.