Ако некогаш дознаеш за мене, разбери го. Јас го разбирав, разбери го и ти. Разбери дека го посакував, го обожавав. Секоја моја емоција, верувај, наместо да ја кажам, паѓаше од моето срце. Ја газев со мојата штикла и пробував да ја закопам, но сè уште го носам неговиот парфем на мене, а по малку и твојот. Во секој наш состанок ти беше присутна, те имаше повеќе тебе одошто ме имаше мене. Ти си неговата кралица, мене ме помешал со златна рипка.rnrn
rnrnАко некогаш дознаеш за мене, разбери го, па и ти имаш повеќе од еден парфем. Ете, замисли дека јас сум оној парфем – секојдневен, а ти, за вечерни излегувања – специјален. Ти си таа која се чувствува надалеку. Така ќе биде полесно. Јас не очекував да ме љуби, неговата љубов ја троши на тебе, ќе бидам задоволна само да ме посакува.rnrnАко некогаш дознаеш за мене немој да го мразиш, немој ни мене. Верувам во карма, но немој…rnrnАко некогаш дознаеш за мене, да знаеш дека и јас се прашувам зошто сè уште сум тука. Нели за танго се потребни двајца, тогаш што сум јас? Вашиот ореол? Не, тоа е свето нешто, а јас… Јас сум најверојатно подиумот каде што танцувате. Погледни ме, сè уште стојам таму каде што давам сè од себе за да го задржам до мене.rnrn
rnrnНе е фер игра девојко, се натпреваруваме, а ти не ни знаеш дека стоиш на овој ринг. Не знаеш дека твоите соништа се на работ на бездната, а јас ја трошам мојата последна капка пот за да ги турнам. Далеку, во неповрат… Не знаеш дека во неговиот живот постои таа фатална жена – јас. Негов немир, негов благослов и проклетство.rnrnЈас како мало учениче со љубовта во раце секое гледање со него го замислувам како задолжителен час кој ќе ме научи на нешто ново. Претворајќи се во сунѓер впивам сè што неговата уста ќе исплука на површина. Јас сум девојка со надеж за десет животи, а тој не ми дава надеж ни за еден…rnrn
rnrnАко некогаш дознаеш за мене, не се прашувај што правам тука. Да знаеш дека јас и тој сме исти. А ти, ти си премногу за него, остави го тој е премалку за тебе. Знам дека го чувствуваш тоа.rnrnОстави го, не сте еден за друг, барем така се тешам јас… Ти мислиш дека тој е твоето подобро утре, но тој стана твоето најлошо вчера.rnrnАко некогаш дознаеш за мене, разбери го… Јас бев неговото затишје пред бура, а тој моето торнадо кое ме врти во круг!rnrnДругата девојка
Category: Колумни
-

Писмо до неговата девојка
-

Кого повеќе сакаш, мајка ти или татко ти?
Ако живееме во општество каде оригиналностa не постои и веќе сè е измислено од претходно, дали тоа значи дека сенешто треба да етикетираме и генерализираме?rnrnТочно е дека сите литературни па и општо, уметнички теми се веќе некаде употребени, точно е дека овој свет ретко што може да го зачуди, точно е дека веќе одамна шетаме со железни ракавици, но дали тоа значи дека уште од „прва рака“ треба да осудуваме и да категоризираме? Денешново општество се среќава со секаков вид стереотипизација за другоста. Сè она што потсетува на нешто друго веднаш треба да се етикетира според некој одреден шаблон.rnrnДа започнеме од наједноставното – девојките со „плава“ коса мора да се глупави? Или пак вицовите се виновни за ваквите ограничувања? Црногорците се многу мрзливи, Русите многу пијат, а пак северните народи се многу ладни како нација. А што ако се појави Русин кој не пие, или пие во нормални количини, што ако се појави скандинавец кој ќе ви се најде во тежок момент кога јужњаците како претставници на сите топли и љубопитни народи ќе ви го завртат грбот и нема да се интересираат за вашата приказна?rnrnКога ќе сфатиме дека поделбата на групи создава големи општествени проблеми, во системот, во законите, расни и полови поделби? Поради стереотипизацијата за тоа дека сите кои имаат црна кожа мора да работат како робови, и денеска светот ги трпи последиците од тој ужасен стереотип кој се провлекувал со години.rnrn
rnrnСупериорноста на мажот врз жената е проблем кој трае со векови. Денеска сè уште не можеме да ја отфрлиме поделбата на машки и женски работни задачи, децата се учат дека има машки и женски бои, машки и женски игри. Не, светот е еднаков за сите, сите мора да работиме подеднакво за подеднакво добро на сите. Не ми го скратувајте опсегот на спектарот на боите со категоризација на мое и твое, машко и женско. Сината е одлична, зелената е смирувачка, црвената – енергична, виолетовата е елегантна, црната не ме асоцира на ништо тешко и мрачно, а белата не ме потсетува на среќа. Затоа оставете ги боите настрана и не ги осакатувајте со едноставни шаблони. Тие имаат свои нијанси и спектар кој ние луѓето не сме доволно совршени за да го видиме во целост. На децата не им ги скратувајте игрите, а со тоа не им го осакатувајте и слободниот ум, кој низ различни машини на општеството станува вкалапен и избрусен токму онака како што налага системот во одредена заедница. Зошто женските деца да не играат фудбал со машките, а машките да не играат фризери, шминкери, домаќини и многу други игри кои се дел од детската бескрајна имагинација?rnrnЕдна најголема траума од детството ми беше кога ќе дојдеа некои постари чичковци со мустаќи и некои предотерани тетки кои мислеа дека се суперзабавни и ќе ме прашаа: „А ти кого повеќе сакаш, мајка ти или татко ти?“ Може ли да не ме тероризирате со такви поделби? Зошто ме ставате под таков неблагодарен притисок да морам да одбирам помеѓу мајка ми и татко ми? Зошто мора ако сум ќерка да бидам „мамина маза“ или па „татина принцеза“? Не, јас сум ќерка на двајца родители. Престанете да ме ставате во некакви базени од категоризирани луѓе кои не се гледаат како индивидуи туку како редни броеви. Може ли на работите да гледам со релативитет или мора сè да биде црно-бело? Ако е „НЕ“ во спротива мора да е „ДА“? Јас сакам да зборувам за чувства, за нијанси, за широки погледи, апсолутно не ме засега бојата на кожата, ниту политичката определба, ниту возраста, ниту полот, сè додека се наоѓаме на иста фреквенција за еднаквоста на разликите. Не ги сакам изопачените слики, односно карикатурите за некого кого не го познаваме ниту цел саат. Првичната слика, со сите нејзини референци кои упатуваат на некаков портрет, за другиот е само едно мало парче од животот на индивидуата.rnrnИ токму поради тоа не треба секое машко кое се грижи за својот изглед по дифолт да биде геј, не треба алиштата да се показател за нечија мисловна и духовна содржина. И кога конечно ќе се ослободиме од поделбите, тогаш и светот ќе се ослободи од големите ѕидови помеѓу луѓето. Сè дотогаш ќе можеме само да седиме да го гледаме светот како забранета зона кон другиот и да си правиме вицови за несфатливото. Но, да имаме на ум дека она што тука претставува хумор, некаде не ќе го сфатат така.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Ѕрррр…. ѕвони за зрелост. На следниот час вратете се со детскиот жар!
Се сеќавате ли на вашето детство, на тоа какво дете бевте, какви сништа и желби имавте? Дали и сега доследно ги следите? Дали напуштајќи го детското тело го напуштаме и детето, па тој детски дух повеќе не се вклопува со веќе одраснатото тело?rnrnДетето во нас го оставаме низ годините и не се вртиме кон него, го забораваме. Како бесчувствителни ѕверови го оставаме во преполна железничка станица, да се изгуби помеѓу телата, не можејќи да види ништо освен забрзани чекори на некои занесени луѓе кои ги бараат патиштата до своите цели.rnrn
rnrnИ тие некогаш го направиле истото, тие одамна се приклучиле во толпата на возрасниот свет, каде хартиите се најважниот ресурс, каде познаваат само неколку симболи и многу бројки. Се претопиле во механизам и нив машината ги собрала и ги ставила на центрифуга. Соочени сме со фактот дека вака функционира овој свет: исклучете ги сите сетила, затворете ги очите, навијте се одзади и движете се само право следејќи ја линијата и слободно газете преку мртви лешови.rnrnНишто ново. Научивме да газиме со ѓон по земјава и по соништата, ладнокрвно да поминуваме покрај чувствата, да лапнеме трипати поголем залак отколку што можеме и без да го соџвакаме да го проголтаме. Овој свет повеќе личи на ринг со гладијатори, отколку на живеалиште за сите нас.rnНо, некаде околу нас сè уште живеат луѓе. Тие имаат способност да ги гледаат боите и нивните нијанси, не си ги осакатиле сетилата и можат да ги почувствуваат природните задоволства на своја кожа. Од нив блика детскиот живот и неокованиот младешки дух, независно од годините, свесни дека телото е само форма, белег за препознавање. Тие луѓе многу безбедно го чуваат своето дете, ослободено од старомодните и досадни принципи на возрасниот свет. Детето во нас не осудува според боите и не прави таква поделба, на црни, жолти и бели, па за него тоа е само дел од спектарот кој го нуди природата, здодевно би било кога сите би биле исти. Тоа ја има моќта да те соголи со искреност. Додека оперираните од чувства не само што ја прават таа поделба, туку имаат и поделба на партиски бои, на ваши, наши и на мои и ничии! Тука не можам, а да не ја споменам трката по парите, моќта и високиот углед во општеството. На оваа патека за трчање на 200 метри сите се подготвени и личниот опис да си го сменат само да стигнат до трофејот. Па не ме ни чуди, зарем имаат нешто да изгубат на таа коцка освен нивната толку избрусена душа што не можат ниту самите да си ја пронајдат. И токму така, парите го вртат светот, затоа што сме такви и цело време трчаме во круг. А најинтересно од сè e што само луѓето ги плаќаат оние основни придобивки кои природата ги дава бесплатно за сите други жители на планетата.rnrnГи замислувам сите луѓе, како егоистично под својот килим, чуваат едно парче шагринска кожа, како и сите нечистотии што се кријат под него. Го стискаат под пазувите, роботски и механички поставуваат цели, што за жал не се нивни желби, и итаат да ги достигнат, заборавајќи да функционираат со срцето – функционираат само со разум. Но, и шагринската кожа има своја цена, брзајќи кон остварување на најбизарните и непродуктивни цели, тие забораваат на вистинската животна суштина и на нејзините најмоќни алатки како љубовта, насмевките, енергијата, пријателите и радоста и си го дозволуваат луксузот да живеат без нив и се задоволни со беден живот кој се заснова само на материјални добра. И во оваа бескрајна дискусија теориите се безбројни, ставовите се спротивставени, а јас се одлучив да чекорам по работ на генијалноста и лудоста, бранејќи го детскиот дух, кој ми овозможува да се чувствувам жива.rnrnНе напуштајте го и вие детето на таа кобна железничка станица, не плашете се и осмелете се да дишете со полни гради, не хендикепирајте се и не ставајте го панцирот на вас за да ги избегнете чувствата кои хаотично летајќи се обидуваат да ве штипнат за срцето. Од тоа штипкање нема ништо посовршено во универзумот, тоа ви прави да ви се придвижи крвта во вените и конечно да почнете да живеете.rnrnДо читање!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Работна швалеранција: Од нагонот сè започнува и со него сè завршува
Сте се запрашале некогаш колку од врските кои ги гледаме и воспоставуваме секојдневно се испреплетени со други врски кои се кријат под површината на она што јавно го кажуваме и покажуваме? Секако да, а кој не? Јас, да. Се прашувате кој со кого имал секс, дали оној би имал секс со онаа – би биле сексуално компатибилни, дали тој би бил секси и без облека, дали таа е тазе депилирана под хулахопките – како би било да ги допирам нејзините нозе… Сето ова е нормално, светот се базира на секс, луѓето живеат за да постигнат многу нешта, но на крајот на краиштата – сè што прават е во функција на задоволување на нивните потреби. Размислете, кога би можеле да изберете редовен, доживотен страсен секс како од најинтимните фантазии или мнооогу пари, што би избрале? Ако избравте пари, зошто? Аха, добро, колата, куќата, стварите… А зошто, сето тоа? Ме сфаќате сега.rnrn
rnrnИ кога сето ова ќе се стави во контекст на секојдневниот живот и одењето на работа, зарем не е чудно сексот и понатаму да останува примарна потреба која секое зрело човечко битие тежнее да ја реализира!?rnrnНе, не сум напален тинејџер, кој го гледа светот низ своите пречести ерекции, ниту девојка во оние години кога најмногу сака да го става своето тело на располагање на други како извор на обострано задоволство. Јас сум од оние кои биле ваму-таму, чуле за некој што се шврљл со друга, додека жена му дома гледа деца, а него едвај; од оние кои виделе во ресторан двајца луѓе кои во тој момент би требало да вечераат посебно, секој со своите „официјални“ партнери; па и искусиле нешто на своја кожа.rnrnКога ќе загледате вака човек отстрана, можете ли да претпоставите како функционираат неговите сексуални апетити. Како ги задоволува? Дали банкарот што работи на кредити ја мерка девојката на платен промет? Дали маж ѝ на другарката што беше да работи и студира две години во Англија, ѝ бил верен за сето време? Дали на семинарот момците што ги гледам од бината шушкаат за мојата презентација или за моето деколте?rnrnМожеби не размислувате вака за луѓето, и рака на срце – не треба. Сите толку се трудиме да си ја зачуваме интимата, да имаме приватен живот, без да ги изложуваме валканите алишта на ачик, а само треба да дојде таков момент – да се подигне нивото на хормони во две човечки тела – и веќе пред целосен странец добиваш храброст да ја кажеш најголемата тајна што ја чуваш дури и од жена ти, особено од жена ти – сакам да те легнам.rnrnСекако, ова се суптилни работи кои не можеме да ги видиме од страна, освен ако прељубопитно не навлеземе во длабока анализа на меѓучовечките односи.rnrnЖената ја има таа огромна моќ, кога е згодна, да привлече погледи, внимание и наклонетост од другите, дури и од другите жени, но за некоја што не знае како да работи со својот сексапил, секогаш останува дилемата: дали го одбра мојот проект затоа што му се допаѓам или навистина цени како работам?rnrnВо крајна линија, не е ни битно кој со кого се секса, кој кого шмека и дали секој од учесниците има друг „официјален“ партнер во својот живот. Работата е дека настануваат незгодни ситуации. Пример, кога идеш во печатница да ги одобриш боите, не очекуваш дека типот ти го земал бројот за.. па не за боите. Боите одобрени на лице место, СМС-ите почнуваат во моментот кога си заминуваш од таму. Како ли ме запишал во телефонот? Што ли би си помислила жена му ако знае? Сирото дете што ќе расте со ваков татко!rnrnИли идеш на службен пат, среќаваш еден куп луѓе и никако не можеш да знаеш кој сака да се социјализира (networking, нели?), а кој сака ептен да се зближи. И нормално, ако згрешиш во проценката, треба или да се тргнеш на страна или да почнуваш со други луѓе да се зближуваш од почеток.rnrnНекој тоа го сака. Во ред е да се трага по задоволување на потребите. Некој одлучува да се воздржи за да го направи тоа со оној што го чека дома, некој не сака да им се покори на правилата и ужива да ужива во „забранетиот“ секс. И тоа е во ред, кој како сака, така си прави.rnrnИ едните и другите го чувствуваат истото, некои само поразлично се справуваат со своите нагони за разлика од други. Не осудувам. Или живееш со страст или со совест, двете доведени до 100% на линијата за мерење не функционираат заедно.rnrnНе би рекле дека сме сексуални суштества во кои врие желбата за задоволување на таа стимулирачка потреба која нè тера да правиме „гревови“ или макар да имаме „црни мисли“? Па зошто тогаш секоја е*ана бизнис комуникација помеѓу лица од спротивен пол (најчесто) се сведува на основната перцепција на другиот, степенот на општа привлечност, сопствените размисли да се биде нешто повеќе со другата личност? Зошто директорот има миленичка од другата канцеларија, кога ние во оваа даваме трипати подобри резултати во извештаите? Зошто колегата има женска со цицки на ѕидот и често дава недолични коментари за други жени кога неговата дома ги вади цицките за да го нарани нивното штотуку родено бебе? Зошто тој инсистираше да се видиме за да ми го даде цедето кога можев да пуштам да го земат со точак? Дека многу му се прави маабет со мене? Не би рекла, инаку не би го избрал кафичот што е толку скриен, што да сакам да отидам пак, нема да можам да го најдам.rnrnЖенети, мажени, со деца, без деца, со врска на далечина или со врска која опстојува во 40 квадрати – не е битно, нагонот и совеста не бираат по брачен статус. Инаку немаше да има толку разводи, откази добиени без јасна причина и незгодни ситуации помеѓу луѓе кои наеднаш не контактираат повеќе.rnrnА да, ќе останам анонимна, не сакам да стане незгодно кога ќе се сретнам во ходник со колегата кој веројатно се пронашол во приказнава.rnrnАнонимкаrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најубавото писмо за Пролет
Автор: Александар Димитровrnrn
rn(Волјата на времето е безусловна.)
rnО, Време,rnНавидум кротко, а проклето сето,rnод каде извира твојот гласен молк?rnrnНаслушнувам како вреска твојата нова рожба. И пак ќе ја крстиш Пролет. И твојата радост никој нема да ја расколеба. Но, додека се радуваш на животот кој го даруваш, душава ми се нажалува и тропа однатре за да те потсетам на оние што ги заборави.rnrnОбјасни ми! Зарем не ти е трула утробата кога ја проголта и неа? Како успеа да ми ја одземеш кога очиве и рацеве беа оков за неа? А јас никогаш не те пријавив за киднапирање…rnrnТоа што ја познаваш од првиот нејзин ден не ти дава право да ја сокриваш од мене. Та нели заедно ги мирисавме деновите од нејзиното детство? Та нели заедно ги пречекувавме пеперутките кои слетуваа во нејзината коса… онаа иста коса во која засолниште си наоѓаа пролетните ветрови? Та зарем… почекај, некој тропа на прозорец…rnrnДождот беше. Ме прашуваше пак за неа. Ме утешува дека ја бара. Јас, како по обичај, му велам да почека, да испечам нешто и ѝ испратам, ако наиде на неа. Не знам дали ќе ја нахранат солзите – жешки, честопати прегорени, но тој, дождот, го чувствувам како им се радува. Понекогаш дури се сомневам во неговата чесност… што ако на пола пат застанува и ги голта лакомо, пред да стигнат до неа?rnrnКажи ѝ Време, кажи ѝ дека не мириса ниту оваа пролет, трета по ред. Прати ѝ го писмово што ќе го свиткам како куферче со зборови, макар што зборовите не знам да ги здиплам по оној војнички ред. Пренеси ѝ дека не научив како се заборава. Секогаш кога се погледнувам во огледало, таа доаѓа одзади, ми го топли вратот, шепотејќи ги забира рацете околу мене, а нејзиниот стисок не ги гуши, ами ги буди копнежите. И кога се свртувам, таа исчезнува. Живее само во одразот во огледалото.rnrnИ тогаш те проколнувам. Душата за соговорник каменот го наоѓа. А, таа, сирота, секогаш те спомнуваше по добро. Еднаш, додека топев од медот на устето ѝ, ми прошепоти: „Ќе дојде Време, ќе ти облечам бело…“rnrnЦрнеат тие сеќавања. Срам да ти е! Злосторнику! Ја штитиш ли барем од болести, од погледи, од уроци? Ја храниш ли? Колку да знаеш, љубовта ѝ беше омиленото јадење. Затоа со писмово ти праќам и сронета трошка љубов за неа. Да живее за мене.rnrnИ навечер носи ѝ по едно јаболко. Најмногу ги сакаше оние од градината на баба ѝ, во кои ги мешавме нашите заби и се смеевме на фигурите што ги правевме. Кога ќе дојдевме до срцевината на јаболките, велеше дека ѝ наликуваат на анорексични манекенки со афро фризури и широко разиграни кратки фустанчиња околу колковите. Смеејќи се на забелешката, го затворавме преминот на сончевите зраци меѓу нашите тела, допирајќи си ги носевите, галејќи си ги усните, мешајќи си ги срцата… и сонцето немаше друг излез, освен да продре во нашите срца.rnrnИ вети ми дека ќе изградиш градина онаму каде што е таа… онаква како нашата – да заспива меѓу птиците, а ако таму не никне трева, дозволи да ја галат облаците.rnrnО, Време, ти што вечно постоиш, ти што сведок и крадец си на сè, па и на мојата недоречена биднина, однеси ѝ го ова писмо. Колку да ја потсетиш за моето постоење; да ја потсетиш дека моето постоење е и нејзино живеење. И барем на мигови, кратки, делумно постоечки, навраќај ја нејзината вечност во моето сеќавање. Навраќај ги годините. Само, те молам, пролетта не ја навраќај.rnПролет беше и тогаш…rn
Од Александар,rnтвојот минувач
-

Страв од височини
Знаете ли на колку дипломци оваа година им се тресат нозете бидејќи ќе излезат од безбедната зона – учи, оди на факултет и полагај испити – и ќе се впуштат во море полно ајкули. Ќе бараат работа, ќе треба да одат на работа, да покажат што научиле и самите да го заработат својот леб. И тоа навидум е страшно.rnrnУште од основно паметам, само сакав да завршам со образование. Чекав да заврши основно за да почнам средно, па одвај дочекав да завршам средно за да почне факултетот, и со петни сили сега се готвам да го завршам и факултетот. Моментот кој секој млад човек го чека целиот свој живот. И што потоа?rnrn
rnrnЌе ви кажам и за една девојка, која пред две години сè што посакуваше беше стабилна љубовна врска, онаа соба како од соништата во каталозите, оној лаптоп кој ѝ беше баш по мерак, како и решавање на проблемот со заостанатите испити кои се влечеа и ѝ создаваа нервози. Сега таа девојка го има сето тоа и се прашува што понатаму?rnrnЗнаеме ли да уживаме во она што го имаме? До кога ќе продолжиме да чекаме некој момент за да почнеме да живееме?rnrnЌе ви раскажам и за еден човек кој сонуваше да отвори своја фирма. Од толку што му беше голем сонот, замислете успеа! Фирмата порасна, никна како печурките после дожд. Сега гледа во својата креација и си вели, што е следно?rnrnСè ми се чини дека само итаме напред и напред, кон некој момент, кон нешто што го посакуваме, во меѓувреме прескокнувајќи го и не обрнувајќи му внимание на она што се случува СЕГА, или поточно на ЖИВОТОТ.rnrnДа, амбициите се прекрасна работа. Всушност, човек без амбиции, без аспирации за иднината, што е? Кон што цели, што ќе постигне?rnrnНо колку правилно и рационално си ги поставуваме тие амбиции? Колку сме подготвени цврсто да останеме на тлото, колку сме спремни да жртвуваме? Или само напразно си поставуваме цели кои безизразно стојат над нашите глави, а не сме спремни да го поднесеме патот до нив?rnrnПостојат многу млади личности кои ќе се задоволат со средина, со статичност. Кои порадо би прифатиле пониска плата отколку повисока која доаѓа во пакет со голема одговорност. Зошто не собереме храброст цврсто да ги фатиме уздите на нашите животи и да управуваме со нив наместо да дозволиме некој друг да нè носи само затоа што ја има храброста која нам ни недостига?rnrnПогледнете околу себе. Вашата 16-годишна верзија би дала сè за да го има сето тоа што го имате. Нели е тоа голем успех? Браво, радувајте му се! Но истовремено не заборавајте дека ќе треба да се восхитите самите себе за 10 години и да речете да, она што го замислив цврсто го посакував. Вложив труд, можеби пуштив по некоја солза или капка пот, но еве сум. И најважно од сè, во меѓувреме не заборавив да уживам во сегашноста, и токму затоа со себе носам многу прекрасни спомени.rnrnНие всушност, немаме проблем со стигнувањето до успехот. И верверичките знаат дека оној кој се потрудил постигнал. Ние имаме проблем со самиот успех. Ние имаме страв од височини, страв од кој мора да се ослободиме. Нели ние сме младината? Нели на нас се потпира иднината?rnrnЕлиrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

ТОЈ
Ќе те побарам за жена. Ќе видиш. Еден ден, како гром од ведро небо има да клекнам пред тебе и да ти кажам дека кога се гледам себеси во староста се гледам со тебе… гледам како ти ја држам збрчканата рака. Ама уште си убава. Многу си убава. И ќе ти кажам тогаш дека сакам да бидеш мајката на моите деца. Ти и ни една друга. Ќе ти кажам тогаш дека сè останато во животот мој било само минлива фаза а ти си она вистинското. Па ќе почнеш да плачеш. Оти си лигушка. Па низ загушен плач ќе речеш да.rnrnКога се прашуваат зошто уште си ја немаат најдено сродната душа, оној вистинскиот или онаа вистинската, јас само се мислам дали навистина го/ја посакуваат. И дали знаат што сакаат. Зошто ние луѓето во главите си креираме нешто недостижно? За да имаме изговор кога нема да го најдеме, или кога нешто добро ќе пуштиме да ни се излизга од раце? Јас вистинската никогаш не ја замислував совршена. И фуфиците кои сум ги имал биле со рок на траење.rnrnТи си толку несовршена. Навидум збунета, неретко се бламираш а и да бидеме искрени не знаеш што сакаш во поголем дел од времето. И смешна си од што си толкава плашливка. Немаш веќе 5 години за да се плашиш од грмотевици. И дај престани да трошиш толку пари на козметика бидејќи никогаш нема да изгледаш како девојките од каталозите. И затоа проклето те обожавам.rnrn
rnrnКога те погледнав за прв пат, си реков подобро да има намера да ме прави среќна до крајот на животот. И кога за прв пат ме прегрна сакав да си стоиме така а светот околу нас што сака нека прави. Има еден филм со Кевин Костнер. Стар е. Излезе во годината кога сум се родила. Сепак тој е стар а јас не сум. Секогаш мојот совршен сум го замислувала како телохранителот. Да гази сè пред себе, да постои за да ме штити, а јас да бидам по малку размазена прцла.rnrnДека девојките во одреден период во животот се привлечени од страна на лошите момци е вистина. Ама девојката ќе мине низ многу фази во животот. Ако она што го гледате пред себе ви личи на онаа вистинската за вас, не глумете кретени. Само мит е тврдењето дека девојките сакаат да бидете кретени кон нив или кон другите. Ќе го одберат оној кој ги гледа како скапоцен камен со непроценлива вредност. И само ќе замислуваат како би му рекле „да“ кога еден ден ќе го постави големото прашање. И во главите имаат милион видови „да“ за таа намена.rnrnДа, секој човек минува низ многу фази во животот. Ама постои нешто што е вечно. Нели мора да постои? Инаку која е целта?rnrnЕли rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Спакувај ми пролет
Мозокот ми се буди од зимски сон. Сакам да си ја спакувам росата од тревата и цветовите за да си ја имам преку целата година. И оној мирис на свежо косена трева, или на расцветаните гранки на дрвјата. Пролет да си спакувам во мало кутиче. А мирисот на пролетта делува на тебе како наркотично средство. Колку повеќе и подлабоко го вдишуваш, толку си послободен, помоќен, посреќен. Доза позитива ти струи низ вените и ти се чини дека во моментот можеш да полеташ. Дека сè што е труло ќе се опорави, ќе се исправи, ќе расцвета.rnrn
rnrnШтета што некои работи ги потценуваме.rnrnКако читањето добра книга на балкон. Жешкото кафе во рака со силен мирис кој ти го здрмува мозокот. Или чаша црвено вино додека читаш поезија навечер… Ама најголемата радост е сепак, можноста слободно да го отвориш прозорецот без страв од мрзнење. Го отвораш за да те погали сонцето.rnrnДа ја искористиме пролетта за да ни се разбуди инспирацијата како никогаш порано. Ги креваме чашите и наздравуваме за добрите а и за лошите времиња, за новата брилијантна идеја која се раѓа во овој момент, за возбудата што ја чувствуваме итајќи кон нашите соништа. Наздравуваме за она пријатно чувство на скокоткање во вените од возбуда. За саксиите со цвеќе кои ги извадивме по балконите на виделина сонцето да ги гали. Секое утро нов почеток, секоја пролет преродба. Наздравуваме за оние кои ги сакаме најмногу, за нашите најблиски, за нашите поддржувачи и „хејтери“, за нашите радости и предизвици. Наздравуваме за креативците, за оние кои си го живеат животот по свои правила. За чудните, несфатените, различните.rnrnОваа пролет одбирам да го вдишувам мирисот на расцветаните гранки наместо отровните медиумски информации, да апсорбирам од мирисот на свежо косена трева наместо од изборни кампањи, самата себе да си поставам предизвик и да видам што ќе биде. На крајот на краиштата сè во животот се менува, освен пролетта.rnrnТаа секогаш е најубава.rnrnЗатоа нозете во вис, пуштете си добра музика и скројте си по некој план, зацртајте си некаква цел.rnrnОти има една тајна.rnrnПролетниот воздух е магичен.rnrnДа се чудиш какви сè нешта ти стануваат достижни.rnrnЕлиrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Глупостите на новото време – или зошто ми се смачи од Бредшо
Ако размислите подобро, Кери Бредшо си има проблеми. Ама ич не ѝ е лесно. Како прво и основно, нема доволно место во својот плакар за сите пара чевли што ги поседува. Работи како колумнист, и со таа работа успева да го покрие живеењето во Њујорк, скапата брендирана облека, како и купишта штикли Маноло Бланик. Животот кон неа е толку нефер, што не може на раат да си се гледа со својот бивш, кој патем е женет. Подоцна, мора да се справи со лудо богатиот руски уметник кој упорно ѝ нуди луксузен живот во Париз (како не му е срам)! За тука да не биде крајот, таа е скоро секогаш заглавена во љубовен триаголник меѓу двајца прекрасни (често и многу богати) мажи. Лудило.rnrn
rnrnЖивееме во време на испрани мозоци. Младината се огледува на некои старлети кои поставуваат вакви стандарди:rn- rn011
- Најдобрата работа на свет е да си славен бидејќи си познат.
- Твојата свадба треба да биде раскошна и скапа, не е важно ако бракот после ти трае цели 72 дена.
- Цел во животот треба да ти биде да ја држиш јавноста „гладна“ за секакви детали за твојот живот – каде си, што правиш, што јадеш, како си облечен, колку глупости си направил/а во изминатото деноноќие.
- Ако немаш никаков талент едноставно привлекувај внимание кон себе, којзнае, можеби еден ден некој ќе те забележи и ќе станеш познат.
- Вистинските вредности во животот се: скапи одмори, луксузен накит и брендирана облека.
- Твоите доблести се: деколте, задник, нозе, способноста да направиш секс снимка.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnСекојдневно сме изложени на секакво медиумско влијание, а пак медиумите ни малку не доцнат со тазе свежи и воглавно небитни информации. Младино повели, живеј нормално! Восхитувај се на личности со пилешки мозок. Немојте случајно да сте потрошиле пари на книга, вистинска инвестиција се гаќи, на пример.rnrnЖивееме во време кога 12–годишници се ослободуваат од часови за да се сликаат во веце со нивниот ајфон. Кога „пријателите“ редовно нè информираат каде се и што јадат. Кога новопечената мајка го апдејтува својот Фејсбук профил 5 минути по породувањето. Кога ќе видам слика од 5-годишно црнче од Етиопија со подуено стомаче и слаби рачиња, и кога ќе се вратам во виртуелниот свет на ФБ и ќе видам како некој постирал слика од својата салата или пица, ми иде да го најдам кај и да е и да го задавам. Во ред е, знаеме дека јадете и пиете. И останатите го прават истото, само не чувствуваат потреба да се фалат.rnrnНе, не сум ни јас совршена. Па човек сум на крајот на краиштата. И мене ме скокотка стомакот од среќа кога ќе си купам ново парче облека. И јас понекогаш од досада ќе пуштам Sex and the City или ќе отворам да видам што има ново во таблоидите. Само држете се до некоја нормала (ако веќе сосем не е избришана). Гледајте да не им се препуштите на глупостите на модерниот свет, барем не целосно. Сфатете дека сите романтични ликови и ријалити ѕвезди постојат за да го забавуваат народот. Дека тоа е нивната работа, улогата која ја играат оти за друго не се способни.rnrnИ за крај. Можеби на 20-и-нешто години, нема да живеете во луксузен стан со работа од соништата и плакар од кој боли глава. Можеби за вас нема да се тепаат 3-4 јаки батки со полни џебови и клучеви од црна мечка. Ама пак ќе бидете среќни.rnrnЕлиrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

„Изгледот не е важен“ – рече девојката од насловната страна
Изгледот не е сè. Проценувањето на луѓето според нивниот изглед е сосема погрешно и плитко размислување. Ок, тогаш зошто се трудиш да бидеш убава? Зошто се дотеруваш? Зошто правиш фризура, зошто ставаш шминка?rnrnИзгледот не е сè. Проценувањето на луѓето според нивниот изглед е сосема погрешно и плитко размислување. Ама ако си згодна плавуша и те застане полиција, доволно ќе ти биде „Се извинувам нема да се повтори“. Ако си ќелав 50-годишник со пивско меше ќе си платиш казна.rnrnИзгледот не е сè. Проценувањето на луѓето според нивниот изглед е сосема погрешно и плитко размислување. Тогаш зошто Пепелашка не си појде на балот облечена во парталави алишта?rnrn
rnrnОценувањето на луѓето според тоа како изгледаат е плитко, навистина. Ама изгледот е важен.rnrnМислите дека не е така?rnrnВо ред. Ако видите девојка која на работно место е дојдена со минич кој „со напор“ ѝ го покрива само задникот, со длабоко деколте и евтина шминка придружена со вртоглаво високи потпетици, ќе си речете таа е способна и паметна само не ѝ се погодил денот? Не, нема да мислите така.rnrnАко во дискотека ти пријде тип облечен како од 90-тите години на минатиот век, ќе го откачиш. Ако на интервју за работа некој се појави по тренерки нема некои големи шанси. Ако си заболекар а имаш расипани заби или си фризерка а имаш катастрофална фризура, твоите клиенти ќе имаат доверба во твојата способност? Ако си шеф и се појавуваш на работа по маички со тинејџерски натписи и логоа, мислиш дека уживаш авторитет кај твоите вработени? Ако кажеш дека работиш како манекенка, никој нема да верува дека си паметна.rnrnЗошто упорно тврдиме дека изгледот не е важен, дека важно е она што доаѓа од внатре кога всушност не веруваме во тоа? Дали сме големи хипокрити поради тоа? И дали воопшто мора сè да биде така црно-бело, нема ли средина? Да речеме дека е важно она што го носиш во себе, ама дека изгледот е она што го претставува тоа што си ти, тоа е прва и основна слика за тебе.rnrnДа речеме, на пример, дека продаваш прекрасни и вкусни тортички, но си ги завиткал во многу глупава амбалажа. Што фајде од добриот вкус? Не, не кажувајте глупости дека изгледот не е важен во вакво време. Милиони се трошат на маркетинг кампањи кои треба да го презентираат најдоброто, кои треба сè да спакуваат во „украсна кутија“, да те хипнотизира, да те привлече.rnrnНекогаш скапите фустани се „шминка“ за евтината душа, и во денешно време релативно лесно е да „му замачкаш“ очи некому. Набилданиот батка не мора да значи дека е силен, нашминканата женска не мора да значи дека е убава.rnrnАма тоа е. И книгата ја одбираме според кориците.rnrnЕлиrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.