Чудо едно како нештата на кои не им обрнуваш баш многу внимание, или не им придаваш некое големо значење, можат да те исполнат и да те направат среќен. Бев на детска претстава. Душава ми се наполни небаре приклучена на струја. Шеткаат срциња сегде околу тебе со балони во рацете и насмевки на лицата. Некои се вистински дами уште од мали нозе. Други пак се џентлмени, има и срцекршачи а најбројни се палавковците. Душа им извадија на фотографите. Човекот се препоти дури ги собра на исто место за да направи групна слика. На учителките во градинка секоја им чест. За таа работа требало човек да има челични нерви и многу љубов кон човештвото.rnrnПотем им врачија признанија на пензионираните учителки. Една од нив беше и мојата комшивка која ме чуваше како мала. Уште еден бран на ежење по целово тело. Колкаво било значењето на таа работа. Колку деца ѝ поминале низ раце, за колку малечки животи се погрижила, на колку работи ги научила. Во колку животи засекогаш ќе остане запамтена како првата учителка…Туку муабетот ми беше…rnrn
rnrnДетските песнички.rnrnСи ги препознав, на памет ги знаев, па од мое време се. Зелката има кошули триста, се скаравме вчера со Боби, сакам кола убава, визба стара и гитара и што ли уште не… Па нормално дека ќе им ги пуштаат тие песни, па тоа навистина беа детски песнички. Кога ќе ги слушам поновиве т.н. детски песни косата ми се крева. Ма каква љубов, какво срце скршено! Добро, кој компонира детски песни базирани на неговите љубовни искуства? Најверојатно тој што ужасно ги помешал брзините.rnrnЕте јас ја памтам Никола, Никола нешто чудно ми се случува од збор до збор, и може да се каже дека песната на некој начин има „љубовна“ содржина, ама барем нагласува дека треба да поминат уште девет години, да пораснат, па и на двајцата да им стане јасно што им се случува. Инаку 5-годишно девојче со косата врзана во кики и розово фустанче, не би требало да пее за скршено срце.rnrnВо последно време размислувам за детскиот свет. За тоа дека не сегде и не за секој е така розов и безгрижен. Размислувам за деца кои им бараат ајфони на родителите и за други кои единствено сакаат топол дом и заштита. Чарл Дикенс на 11 години почнал да работи во фабрика за чевли. Какви услови имал тој за да учи, да се образува и да напише дела кои одбележуваат еден посебен период во историјата на светската литература?rnrnДенес информациите ни се дадени на рака. Готови, средени, со други зборови изџвакани. Со помош на Гугл во рок од 3 секунди стануваш експерт за сè живо и диво. Но моето прашање е дали сета оваа модерна технологија нè прави попаметни или дополнително ни ги затупува мозоците? Дали 10-годишниците со ајфони и љубовни маки ќе пораснат во напредни и талентирани млади личности или ќе бидат генерацијата која ќе нè разочара?rnrnЕлиrnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
