КАФЕ ПАУЗА

Category: Рецепти

  • Италијанско кафе за најголемите љубители на овој кофеински пијалак

    Италијанско кафе за најголемите љубители на овој кофеински пијалак

    Почнете го викендот со многу енергија!

    rn(3) italijansko-kafe-za-najgolemite-ljubiteli-na-ovoj-kofeinski-pijalak-www.kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 120 милилитри свежо подготвено кафе
    • rn011

    • 120 милилитри свежо подготвено топло чоколадо
    • rn011

    • 60 милилитри слатка павлака (или шлаг пена)
    • rn011

    • Чоколадни трошки (по желба)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете тегла во замрзнувач (ова е за подготовка на кремот од слатка павлака одозгора. Ако сакате да користите обична шлаг пена, прескокнете го овој чекор). Подгответе го кафето како и секогаш порано, а потоа истото направете го и со топлото чоколадо. За најдобар вкус ви препорачуваме домашно, наместо инстант топло чоколадо.rnrnСипете го топлото чоколадо на дното, и внимавајте да не надмине 1/3 од вашата шолја. Потоа сипете го и кафето служејќи се со лажица (погледнете ја сликата од лево подолу), и внимавајте да не надминете 2/3 од вашата шолја. Слатката павлака ставете ја во теглата што претходно ја замрзнавте и затворете ја добро, па тресете ја сè додека не добиете густ крем. Потоа со помош на лажица (погледнете ја сликата од десно подолу), сипете го кремот врз останатите состојки во шолјата. За крај, декорирајте со чоколадни трошки.rnrnИталијанско кафе за најголемите љубители на овој кофеински пијалакrnrnГи обожавате италијанските кафиња? Пробајте го и овој рецепт за оригинално италијанско кафе од областа Фриули!

  • Ледено кафе со сладолед и чоколадо за ниските зимски температури

    Ледено кафе со сладолед и чоколадо за ниските зимски температури

    Кој вели дека леденото кафе е наменето само за летните денови?

    rnledeno-kafe-so-sladoled-i-chokolado-za-niskite-zimski-temperaturi-www.kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 500 милилитри млеко
    • rn011

    • 2-4 лажици инстант кафе во прав
    • rn011

    • 20 милилитри млака вода
    • rn011

    • 2 лажици шеќер
    • rn011

    • 1 топче сладолед од ванила
    • rn011

    • Чоколаден сируп
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете го кафето во прав во еден мал сад и додајте ја млаката вода, па мешајте додека не се соединат. Во поголем сад ставете го млекото, па додајте го кафето заедно со шеќерот. Повторно мешајте сè додека не добиете хомогена смеса. На ѕидовите од чашата во која ќе послужите ставете чоколаден сируп и потоа претурете го кафето во неа. На крај, ставете ја и топката сладолед.rnrnРасположени сте за нешто „позачинето“? Пробајте го ова ледено кафе со Калуа!

  • Вкусна комбинација од кафе и топло чоколадо за љубителите на француската кујна

    Вкусна комбинација од кафе и топло чоколадо за љубителите на француската кујна

    Густо париско топло чоколадо и храбро црно кафе – совршен пијалак за секое време

    rnvkusna-kombinacija-od-kafe-i-toplo-chokolado-za-ljubitelite-na-francuskata-kujna-www.kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 240 милилитри свежо подготвено црно кафе
    • rn011

    • 375 милилитри млеко
    • rn011

    • 120 милилитри слатка павлака
    • rn011

    • 1 лажица шеќер во прав
    • rn011

    • 220 грама темно чоколадо, исечкано на парчиња
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги млекото, слатката павлака и шеќерот во сад со средна големина, измешајте и загрејте ги на среден оган. Кога ќе почнат да се појавуваат балончиња од страните, веднаш тргнете го садот. Не дозволувајте смесата да зоврие!rnrnДодајте го исечканото чоколадо и оставете да отстои околу 2 минути, а потоа мешајте додека не добиете хомогена смеса. Оставете да отстои уште 5 минути.rnrnРаспоредте го претходно подготвеното кафе во 4 шолји, па одозгора дополнете со чоколадната смеса. За крај, слободно декорирајте со шлаг пена и чоколадни трошки.rnrnСовет: Доколку исечканото чоколадо не се топи, вратете го садот на тивок оган и мешајте сè додека не се растопи.rnrnАко ви се допадна овој рецепт, пробајте го и ова Барселонско топло чоколадо!

  • За бестрашните пиратски срца: Шверцерско кафе со рум

    За бестрашните пиратски срца: Шверцерско кафе со рум

    Кафе со двојна доза рум, зачинето со цимет и изрендана кора од портокал

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 120 милилитри силно црно кафе
    • rn011

    • 2 кафени лажички шеќер (може да се прилагоди по вкус)
    • rn011

    • 30 милилитри златен рум
    • rn011

    • 30 милилитри темен рум
    • rn011

    • ½ кафена лажичка цимет
    • rn011

    • 1 кафена лажичка изрендана кора од портокал
    • rn011

    • Шлаг пена, засладена
    • rn011

    • Темно чоколадо, изрендано
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо чаша што е отпорна на топлина, сипете го свежо подготвеното црно кафе и додајте му шеќер. Мешајте додека не се растопи. Потоа додајте ги двете дози рум и циметот. Измешајте уште еднаш. Декорирајте со шлаг пена, изрендајте го чоколадото на врвот и просејте ја изренданата кора од портокал.rnrnСакате и нешто благо што содржи кафе, рум и ванила? Погледнете ги овие тирамису тортички кои нема да ве остават рамнодушни!

  • Кофеински милкшејк со Нутела

    Кофеински милкшејк со Нутела

    Највкусниот кофеински милкшејк што некогаш сте го пробале!

    (1) kofeinski-milkshejk-so-nutela-www.kafepauza.mkn

    Потребни состојки:

    n

      n 011

    • 220 грама сладолед од ванила
    • n 011

    • 240 милилитри млеко
    • n 011

    • 4 лажици Нутела
    • n 011

    • 3-4 лажички инстант кафе
    • n 011

    • 1 лажичка чиа семе
    • n 011

    • 1 лажичка ленено семе
    • n 011

    • Прстофат ванилин шеќер
    • n

    *Количните се за еден голем или два нормални пијалаци.nn(2) kofeinski-milkshejk-so-nutela-www.kafepauza.mkn

    Начин на подготовка:

    Ставете ги сите состојки во еден сад и матете сè додека не добиете комбинирана и мазна смеса. Сипете во чаша, по желба ставете шлаг пена на врвот и попрскајте со какао во прав и вашиот пијалак е готов!nnАко ви се допадна овој рецепт, пробајте ја и оваа комбинација на кафе и Нутела!

  • Веганско кафе со само 3 состојки за бескрајно уживање во продолжениот викенд

    Веганско кафе со само 3 состојки за бескрајно уживање во продолжениот викенд

    За сите вегани и вегетаријанци, како и за оние што внимаваат на своето здравје

    rnvegansko-kafe-so-samo-3-sostojki-za-beskrajno-uzhivanje-vo-prodolzheniot-vikend-www.kafepauza.mkrn

    Потребни состојки за две кафиња:

    rn

      rn011

    • 2 кафени лажички инстант кафе во прав
    • rn011

    • 470 милилитри млеко од бадеми или соја
    • rn011

    • 2 кафени лажички шеќер (може да се менува по вкус)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНајпрво подгответе ги сите состојки, а потоа во мало тенџере, на среден оган, загрејте го млекото заедно со шеќерот. Мешајте сè додека млекото не се стопли и шеќерот не се стопи. Исклучете го шпоретот и потоа додајте го кафето. Мешајте додека не добиете комбинирана смеса. Претурете го во чаша и сервирајте. За подобар изглед, попрскајте малку од кафето во прав на врвот.rnrnПогледнете ги и овие 3 зимски рецепти за кафиња што ќе ве стоплат за време на студените денови.

  • 3 зимски рецепти за кафиња што ќе ве стоплат за време на студените денови

    3 зимски рецепти за кафиња што ќе ве стоплат за време на студените денови

    Ако сте како нас, тогаш сигурно зимата ве натерала да пиете позачинети кафиња за да се стоплите за време на студените денови и ноќи. Но не грижете се, не сме единствени! Според науката, сите ние се чувствуваме погладно за време на зимата и однатре нешто нè тера да се снабдиме со повеќе калории. Па, за да ви помогнеме да ги задоволите вашите потреби, ви подготвивме листа од богати, вкусни рецепти за кафиња што се едноставни за правење…rn

    1. Црно кафе со цимет

    rn(2) 3-zimski-recepti-za-kafinja-shto-kje-ve-stoplat-za-vreme-na-studenite-denovirn

    Ова е најлесниот начин да го зачините вашето утринско кафе, без многу труд.

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Свежо подготвено црно кафе
    • rn011

    • Стапче цимет
    • rn011

    • Шеќер и шлаг пена, по желба
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете го стапчето цимет во ѓезвето додека го подготвувате кафето. Оставете го да отстои 10-тина минути, со цел да го впие вкусот на циметот. Сипете во омилената шолја, по желба додајте шеќер и шлаг пена и уживајте во богатиот вкус.rn

    2. Макијато со лешници

    rn(3) 3-zimski-recepti-za-kafinja-shto-kje-ve-stoplat-za-vreme-na-studenite-denovirn

    Ако сакате силно кафе, тогаш ова е најдобриот избор за вас!

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Свежо подготвено еспресо
    • rn011

    • Млечна пена
    • rn011

    • Сируп од лешници
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНа веќе подготвено макијато, додајте една лажица сируп од лешници и добро измешајте. За викендите, слободно искористете и ликер од лешници. Вкусот ќе биде незаборавен!rn

    3. Лате со карамела

    rn(4) 3-zimski-recepti-za-kafinja-shto-kje-ve-stoplat-za-vreme-na-studenite-denovirn

    Доколку сакате побогат вкус, ве советуваме да го пробате овој рецепт со карамела!

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Свежо подготвено еспресо
    • rn011

    • Млечна пена
    • rn011

    • Карамела
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПодгответе го еспресото на вообичаениот начин, а потоа сипете една лажица карамела. Препуштете се на благиот вкус што ќе ве загрее однатре!rn

    Дополнителни совети за подготовка:

    rn3 зимски рецепти за кафиња што ќе ве стоплат за време на студените деновиrnrnТопло кафе – ако вашиот кофеински пијалак пребрзо се лади, тогаш слободно однапред загрејте ја шолјата, уште пред да го сипете кафето во неа. Ова е одличен начин да го задржите подолго време топло за да уживате во неговиот вкус до последната голтка.rnrnМлечна пена – ако немате електрична направа за пареа или не знаете како да го користите додатокот за пареа на вашиот кафемат, не грижете се. Еден од најлесните начини да добиете цврста млечна пена е тенџерето. Едноставно сипете го млекото во тенџере и варете на среден оган додека не забележите балончиња. Важно е да го мешате додека се загрева, за да спречите лепење на дното од садот.

  • Топло кафе за студени зимски денови

    Топло кафе за студени зимски денови

    Затоплете се овој викенд со вкусно кофеинско задоволство

    rntoplo-kafe-za-studeni-zimski-denovi-www.kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 400 милилитри кокосово млеко
    • rn011

    • 400 милилитри млеко
    • rn011

    • 170 милилитри свежо подготвено, незасладено какао
    • rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • 1 лажица инстант еспресо во прав
    • rn011

    • 1 лажица екстракт од ванила
    • rn011

    • Прстофат сол
    • rn011

    • 120 милилитри ликер со вкус на ментол
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзматете ги сите состојки освен ликерот во големо тенџере и ставете ги на среден оган да се варат. Кога ќе се затоплат, тргнете ги од огнот и сипете го и ликерот. Декорирајте по ваш вкус.rnrnСакате да пробате уште еден одличен зимски рецепт? Погледнете го и ова зимско кафе со цимет, урми, морско оревче, каранфилче и портокал!

  • Барселонско топло чоколадо

    Барселонско топло чоколадо

    Оваа комбинација од топло чоколадо и еспресо е најпопуларна во Шпанија!

    rnbarselonsko-toplo-chokolado-www.kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 150 милилитри зовриена вода
    • rn011

    • 50 грама темно чоколадо, изрендано
    • rn011

    • 300 милилитри млеко
    • rn011

    • 60 милилитри свежо подготвено еспресо
    • rn011

    • 30 грама незасладено какао во прав
    • rn011

    • 30 грама кафеав шеќер
    • rn011

    • 1 лажица изрендана кора од портокал
    • rn011

    • 30 грама шлаг пена
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете го исечканото чоколадо во зовриената вода и мешајте додека не се стопи. Додајте го млекото со следните 4 состојки на листата и оставете ги да повријат на среден оган, притоа мешајќи ги полека. Варете 5 минути или сè додека не се формираат балончиња на работ на тенџерето. Сипете ја смесата во 4 различни шолји, па поставете по 1 лажица шлаг пена над секоја од нив. Декорирајте со какао во прав, по желба.rnrnПробајте ја и оваа торта од кафе, чоколадо и лешници – совршена за најубавите моменти во вашиот живот!rnrn

  • Зимско кафе со цимет, урми, морско оревче, каранфилче и портокал

    Зимско кафе со цимет, урми, морско оревче, каранфилче и портокал

    Стоплете се со ова вкусно кафе

    rnzimsko-kafe-so-cimet-urmi-morsko-orevche-karanfilche-i-portokalrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 лажици кафе
    • rn011

    • 1 лажица цимет во прав
    • rn011

    • 2 суви урми
    • rn011

    • Прстофат морско оревче
    • rn011

    • 2 каранфилчиња
    • rn011

    • Кора од портокал, изрендана
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете го кафето заедно со циметот и урмите во ѓезве. Измешајте, па додајте го морското оревче, каранфилчињата и изренданата кора од портокал, па прелијте со 400 милилитри свежо зовриена вода. Мешајте полека со дрвена лажица, сè додека не се комбинираат состојките, а потоа оставете да отстои 4 минути. Исцедете ја смесата низ филтер за кафе или газа и послужете.rnrnПробајте го и ова зимско кафе со вкус на ментол кое ќе ви ја стопли душата!