Спасија Филипова е родена во јули 1991 година во Кавадарци. Таа завршила основно и средно образование во родниот град, а потоа се преселила во Скопје каде што дипломирала на департманот за Маркетинг и менаџмент при Европскиот факултет. Подоцна се здобила и со две мастер дипломи – едната во областа на Е-бизнисот, а другата во секторот на Банкарството и финансиите.rnrn
rnrnИако таа нема никакво формално образование, сепак нејзините уметнички дела се едноставно неверојатни. Во нејзината работа доминираат реалистичните портрети, но тоа што најмногу се издвојува се токму очите на ликовите што таа ги црта. Како да можете да видите душа во нив, нечии емоции, амбиции и сеќавања. Сакате да дознаете нешто повеќе за оваа талентирана македонска уметница? Прочитајте го нашето интервју со неа во продолжение…rn
Како би се опишала себеси во само неколку реченици?
rnПа неколку реченици не би ме опишале, затоа што сум многу комплицирана личност која сака сè што е динамично и ново. Преокупирана сум со естетика и организираност, сакам дружење со пријателите и едноставно не ми стигнуваат 24 часа во денот.rnrn
rn
Кога прв пат го забележа својот талент за цртање и дали чуваш нешто од твоите први цртежи?
rnОд малечка цртам и обожавам сè што е креативна работа, омилен предмет ми бил ликовно и сите кои ме познаваат го знаат тоа. Можеби мајка ми чува нешто од моите цртежи кои ги цртав како мала. Едноставно повеќе почнав да го изразувам сликањето кога најдов повеќе слободно време релаксирајќи се секој ден надвор од работните обврски.rnrn
rn
Кои артисти имаат најголемо влијание на твојата работа?
rnОмилен сликар ми е австрискиот уметник и светски познат артист Густав Климт кој мислам дека е најуникатен со својот стил на изразување. За мене претставува голема мотивација за изразување на својот талент врз платното.rnrn
rn
Повеќето од твоите цртежи се реалистични портрети. Зошто токму овој правец го имаш одбрано?
rnЈас не сум универзитетски уметник и немам теоретски знаења за уметноста и техниките, па затоа секогаш сум се водела од својата емотивна состојба. Сликам со помош на своите емоции кои ги изразувам најчесто преку реалистични портрети. А зошто портрети? Затоа што, некако најмногу можам преку очите на одреден лик/модел да го изразам чувството кое длабоко од себе сакам да го пренесам на платно и да го оживеам.rnrn
rn
Од каде црпиш инспирација?
rnИнспирацијата сама по себе доаѓа кога најчесто во вечерните часови со добра музика и кафе наоѓам мир покрај платната и боите. Единствена терапија покрај теретана ми е сликањето, кое надвор од работните обврски во Кодвел каде што работам како маркетер, ме полни со енергија.rnrn
rn
Каква порака сакаш да пренесеш преку своите уметнички дела? Дали луѓето ја разбираат твојата уметност?
rnПреку своите дела ја изразувам искреноста, а тоа мислам дека на секој му се допаѓа. По природа сум затворена личност кога станува збор за моите чувства. Со помош на сликите сите мои моментални или навратени чувства на некои спомени остануваат засекогаш. На некој начин портретите самите по себе ги пренесуваат тие чувства кон оние кои сакаат да ги анализираат.rnrn
rn
Можеш ли да издвоиш еден момент од твојата уметничка кариера што никогаш нема да го заборавиш?
rnМожам слободно да кажам дека мојата уметничка кариера само што почнува, и се надевам ќе имам сè повеќе свои дела и изложби во иднина. Момент кој секогаш ќе го памтам и кој е една од причините да почнам сè повеќе да верувам во себе и да продолжам да сликам, е тоа што првата слика која ја насликав на платно и ја споделив на социјалните мрежи, еден мој сега драг пријател, во рок од 5 минути побара да ја купи.rnrn
rn
Како е да се биде уметница во Македонија? Дали е тешко да се успее и дали може да се живее од таа работа? Исто така, каде можат да се купат твоите дела?
rnДа се биде уметница без претходно искуство и помош е многу тешко за да се успее, без разлика дали е Македонија или друго место во прашање. Но, јас мислам дека го скршив мразот, па за понатаму се надевам на позитивни резултати од мојата работа. Отворањето на мојата прва изложба на 3-ти мај помина одлично, и ќе трае сè до 13-ти во Галеријата Акантус во Скопје, па сега засега моите дела можат да се погледнат, но и да се купат таму. Наскоро ќе биде пуштен и веб-сајтот www.angelart.studio каде што ќе може да се погледнат и купат сите други мои постари и нови слики.rnrn
rn
Уживавме во твојата прва изложба. Колку време ти беше потребно да се подготвиш и дали си задоволна од резултатот?
rnИзложбата под името „Сè што остана се само спомени” ја спремав околу 7 месеци и секојдневно напорно работев на тоа. Сега засега сум задоволна од посетеноста и заинтересираноста за моите слики, со што крајниот резултат ќе го видиме по завршувањето на изложбата на 13-ти мај.rnrn
rn
Што планираш следно на полето на уметноста?
rnПа, кога првата изложба ќе заврши во Скопје, најмногу би сакала да успее и планот и подготовките за излегувањето надвор од Македонија, односно, следната дестинација за изложување на моите дела е Њујорк, Америка, каде што се надевам дека мојата кариера во уметноста би резултирала со едно огромно искуство и усовршување во она што уживам да го правам.rnrnПогледнете ги и овие забавни фото-манипулации, изработени од страна на талентиран македонски фотограф!