Како карактеристиките на хороскопските знаци им влијаат на навивањето во текот на фудбалските натпревари? Прочитајте во продолжение и кажете ни дали и вие се пронајдовте во описите!rnrn
rnrnКога станува збор за навивање, Овенот е главен. Ниту во еден момент не се сомнева дека победата на неговиот тим е недостижна, дури и кога ситуацијата го покажува спротивното. Тој веќе се спремил за славење уште да пред да почне натпреварот. Најгласното „ајдеее“ доаѓа токму од Овенот кој се сместил на најудобното место во просторијата.rnrnВо негова близина секогаш се наоѓа по еден Бик што се обидува да го стиша, бидејќи тој сака да ужива во тишина, грицкајќи солен чипс. Тој е многу поразумен и посмирен, па најчесто чека судијата да отсвири крај за да почне со славење. Или пак, ако неговиот тим губи, тогаш до последниот момент со целото срце ќе се надева на пресврт.rnrnНемирните Близнаци не знаат како да се забавуваат само гледајќи во екранот, па затоа и уште на самиот почеток од првото полувреме ќе почнат да го прават тоа што најдобро го знаат – ќе ги забавуваат луѓето околу себе со своите коментари.rnrnИ големи се шансите со своите непромислени шеги да навреди некој Рак кој баш тогаш минува низ една од своите меланхолични фази и воопшто не му е до шегување.rnrnСвоето незадоволство од однесувањето на Близнаците ќе се обиде да сподели со Лавот кој не е заинтересиран за разговорот во кој тој не е главната тема. А и премногу е зафатен со коментирање и давање „стручни“ мислења за самиот натпревар.rnrnЗа тоа време Девицата во кујната вредно подготвува мала закуска и ги мие садовите.rnrnУдирањето на чашите и чиниите бескрајно ја нервира Вагата која едвај чека да одржи некому лекција за бонтон за гледање фудбалски натпревар, но не е сигурна дали е вистинското време за тоа. Можеби малку подоцна. Или пак, сепак не. Ќе се обиде да одлучи до крај на натпреварот.rnrnСтрасната Скорпија му парира на Овенот во навивачкиот жар, но додека Овенот е целосно фокусиран на играта, Скорпијата ќе ја искористи оваа шанса за да ги шармира девојките или момците околу себе со фудбалски фори. „Оп, ми влета од офсајд“, знае да се чуе од неа.rnrnТоа го забележува Стрелецот кој му возвраќа со поглед полн презир и потоа оди да го озборува со Јарецот кој ја преиспитува можноста за трансфер на својот омилен играч во нов клуб доколку тој се покаже корисен во важен натпревар.rnrnВодолијата е единствената без навивачки моден стил бидејќи претопувањето со толпата не е во нејзината природа. Но, тоа го надополнува со страсно навивање.rnrnДури и ако нивниот омилен тим не игра во финале, Рибите веќе го замислиле со пехарот во своите раце.rnrnДознајте и какви се хороскопските знаци на социјалните мрежи!
Забавен хороскоп: Какви се знаците за време на фудбалски натпревар?
