Ако среќата се состои од мали работи, тогаш ситниците што можат да го усреќат вашиот партнер се доста важни во вашата врска. Еве како хороскопот ги дефинира обичните гестови на внимание и однесување, кои на вашиот партнер би му значеле многу.
rn
Овен
rnТој сака кога го слушате, особено кога тоа воопшто не го барал и не морал да се труди да го привлече вашето внимание. Всушност, тој сака да ги забележите неговите потреби. Кога е нерасположен и под стрес, бидете во близина и помогнете, или пак предложете му некоја заедничка физичка активност во природа како што е пешачењето, возењето велосипед или вежбањето во природа. Ова сигурно ќе му го поправи расположението, додека истовремено ќе биде и задоволен што се грижите и знаете што му треба.rn
Бик
rnНив ги усреќува добрата храна и интимното домашно опкружување. Понудете му заедничко готвење на неговата омилена храна и вечер со филм по негов избор. Тоа е наједноставниот начин тој да биде среќен и добро расположен.rn
Близнаци
rnТие се среќни кога се уважени и вреднувани, особено на емотивно ниво. Сакаат да знаат дека нивниот труд, посветеност и внимание наидуваат на полно уважување, одобрување и највисока оцена. Аплаудирајте им и фалете ги, гласно и јасно. Тоа воопшто не е тешко, бидејќи навистина заслужуваат.rn
Рак
rnКога ќе го оставите Ракот да биде сам, тогаш кога му треба да биде оставен на мир и во самотија, тој ќе ви биде многу благодарен. Но, исто така ќе биде и расположен за сите оние други ситни вниманија што ги обожава – прегратки, галења и пазења.
rn
Лав
rnЛавот сака да биде опкружен со луѓе чие друштво го цени, и да дава придонес на таа избрана група. Бидете задоволен што е толку впечатлив, па и тој ќе биде задоволен со вас. А потоа ќе сака заедно со вас во интимна атмосфера да ја гледа својата омилена ТВ серија.rn
Девица
rnАко сакате да ја усреќите Девицата, потрудете се да ја уверите со своето внимание и времето кое ѝ го посветувате, дека потполно ја разбирате и прифаќате. Одобрувањето ќе го усреќи секој, но на Девицата ѝ е едноставно неопходно.rn
Вага
rnОставете им слобода на изборот. Вагите се познати по неодлучноста, но тоа е само двоумење пред да се донесе конечната пресуда (или која било друга одлука) без да бидат сигурни дека сè, ама баш сè е земено предвид. Оставете ја Вагата да постигне баланс, без никаков ваш притисок и барање, па ќе имате среќен партнер покрај себе.rn
Скорпија
rnПотребно им е разбирање, чувство на припадност и вклученост во сите аспекти од вашиот живот. Скорпиите сакаат партнерство и ќе бидат среќни да делат сè со вас.
rn
Стрелец
rnТие сакаат друштво од забавни луѓе и секогаш се расположени да одат некаде. Истражувањето навистина ги усреќува. Бидете некој кој разбира, поддржува и со радост учествува во нивниот начин на живот.rn
Јарец
rnТие сакаат да бидат наградени за нешто што добро направиле. Пофалбата и искрената благодарност и уважувањето ќе бидат доволни, а малиот поклон, со назнака дека заслужиле посебно внимание, бидејќи биле толку добри, ќе ги воодушеви.rn
Водолија
rnВодолиите се најсреќни со своите мисли, кога можат да бидат опуштени и да чувствуваат слобода и припадност на непрегледниот универзум. Придружете им се во тоа или не ги вознемирувајте.rn
Риби
rnНајмногу ја сакаат интимната атмосфера на својот дом и телесната блискост и размената на нежности со личноста која ја сакаат. Држете ги во прегратка и оставете им да изберат програма на телевизија.


