Оваа полна месечина ќе се наоѓа во Вага, па може да ја наруши хармонијата во бракот или во врската. Не се препорачуваат големи расправи, но поради положбата на месечината веројатно нема ни да помислите на тоа. Бидете опуштени и не плашете се да ги кажете вашите ставови и мислења.rnrn
rnrnМногу луѓе ќе посакаат да се разубават и ќе бидат подготвени за флерт, па доколку сте во врска или во брак, внимавајте да не го повредите партнерот. Вагата е симбол и на правдата, па многу луѓе ќе се почувствуваат неправедно обвинети или запоставени. Ова чувство може да зависи од тоа колку другите ви даваат признание, но и од тоа на колкумина од нив сакате да им угодите. Погледнете што ве очекува за време на супермесечината според вашиот хороскопски знак.rn
Овен
rnКај вас полната месечина ќе се наоѓа на седмото поле на партнерството и на професионалниот живот, како и на љубовно поле. Можни се добри односи со другите, хармонија во врската и популарност помеѓу пријателите. Некои поединци можеби ќе се одлучат за брак и проширување на семејството. Доколку сте неодлучни, можеби ќе решите да ставите и крај. Сепак, најдобро е да почекате малку за конечната одлука.rn
Бик
rnОваа полна месечина ќе се наоѓа во вашата шеста куќа која е поврзана со работата, секојдневието и здравјето, па најдобро е да обрнете внимание на овие нешта. Доколку настанат некои промени, можете многу лесно да се прилагодите. Сега можете да се истакнете и на работното место, па сите да видат колку вредно работите. Некои луѓе можно е да се соочат со психолошки проблеми, па добро е да се држите настрана од нервоза. Исто така немојте да се впуштате во голем шопинг.rn
Близнаци
rnПолната месечина ќе биде во вашето поле на љубовта, децата, спортот и забавата. Најверојатно ќе се појави желба за деца, како и за искажување на љубовта што ја чувствувате кон другите. Вашиот шарм ќе се истакне, а желбата за љубов може да ви донесе и нов партнер. Исто така можен е и голем прилив на пари.rn
Рак
rnОваа месечина ќе биде во вашето поле на куќата, корените, новите почетоци и заедницата, па очекувајте изразени емоции поврзани со овие нешта. Бидејќи месечината е вашиот владетел, можно е овој период да се чувствувате напнато и нервозно. Исто така можно е да донесете брза одлука, па добро внимавајте што ќе направите.rn
Лав
rnКај вас сè ќе се случува во полето на комуникацијата, кратките патувања, семејството и пријателите. Од 21-ви март ве очекува поволен период, а полната месечина може да ви донесе и нова љубов доколку сте сингл. Овој потенцијален партнер може да биде навистина моќен и да ви помогне во секоја област од животот. Целосно можете да ѝ верувате на оваа личност и да се потпрете на неа.rn
Девица
rnПолната месечина ќе има добро влијание на вашите финансиски средства. До 29-ти март внимавајте кога станува збор за професионалните партнери, како и за романтичниот партнер, со цел да не настане некоја расправија или недоразбирање. Морате да средите многу документи, а најверојатно ќе задоцните со ова. Сепак, на крајот ќе успеете да ги завршите сите обврски.rn
Вага
rnБидејќи полната месечина ќе се наоѓа во вашето лично поле, можете да очекувате некакви новости во љубовта. Можно е да посакате да му се вратите на некој поранешен партнер, но не правете го тоа. Оставете го минатото зад вас и движете се напред.rn
Скорпија
rnБидејќи полната месечина ќе се наоѓа во вашата 12-та куќа, можно е да почувствувате немир, изолираност или да се најдете во чудно и непознато опкружување. Исто така можат да настанат промени кои ќе ви го подобрат животот. Движењето на Уран ќе ви приреди многу изненадувања, додека благодарение на Марс ќе имате многу енергија.rn
Стрелец
rnОваа полна месечина ќе се наоѓа во вашето поле на дружењето, пријателите, планирањето и желбите. Поради ретроградниот Меркур, можно е да се појават проблеми во домаќинството како расипан бојлер, перална или чешма. На некои поединци полната месечина ќе им донесе многу причини за славење и забава.rn
Јарец
rnПолната месечина ќе се наоѓа во вашето поле на кариерата, надредените и родителите. Можно е да ве очекува навистина стресен период, па доколку сте направиле некоја грешка, сега не е време да ја исправите. Исто така внимавајте доколку треба да потпишете или да договорите нешто.rn
Водолија
rnПолната месечина ќе биде во вашето поле на филозофијата, религијата и патувањата. Многу Водолии ги очекува прилив на пари преку партнерот, а може дури и да започнат врска од интерес. Невработените можно е да добијат вест за некое работно место. Добро проверувајте ги информациите – можно е да добиете поголема заработка или покачување на сегашната плата.rn
Риби
rnКај вас полната месечина ќе се наоѓа во осмата куќа која ги претставува трансформацијата, наследството, парите и партнерот. Во периодот што следи очекувајте прилив на пари од сите страни. Поради положбата на Венера, можно е некои ваши соништа и фантазии да станат реалност. Ќе ја чувствувате добрата енергија на планетите, па уживајте во неа.rnrnДознајте и што треба да избегнувате до 28-ми март според вашиот хороскопски знак.
