Автор: Зорица ТодороваrnrnСезоната на Скорпиите е во тек и имате токму време да размислите што да ѝ подарите на вашата партнерка во овој хороскопски знак. Како најстрасниот и најмистериозен астролошки знак, Скорпиите се многу чувствителни, па затоа што и да земете, бидете сигурни дека го подарувате од срце. Ви даваме неколку предлози кои сигурно ќе ја израдуваат вашата партнерка.rnrn
rn
Нешто исполнето со тајност и мистерија
rnНикој не почитува добра тајна или мистерија повеќе од жената Скорпија. Доколку самата не може да учествува во нешто такво, обожава тоа да го прави во слободното време. Таа обожава да разрешува загатки, па подарете ѝ нешто како специјалното издание на целата серија „Мис Марпл“ или „Поаро“ ако е обожавател на Агата Кристи. Исто така можете да ја земете предвид нејзината љубов спрема астрологијата и неоткриеното, на пример двоглед или телескоп, или пак тарот карти, книга за сонови или нумерологија за да ја задоволите нејзината љубопитна природа.rnrn
rn
Моќни аксесоари
rnЖената Скорпија има посебен вкус кога станува збор за модни додатоци, она што го носи треба да претставува одраз на нејзината моќ и самодоверба. Затоа би можела да цени кожна чанта или паричник кои не би останале незабележани на работното место. Елегантен кожен каиш и црни хулахопки, во пар со убави црни кожни чизми се уште еден добар предлог. Доколку сте покреативна личност, можете сами да изработите парче накит кое ќе ги одразува овие нејзини карактеристики, или може да ѝ подарите накит со нејзиниот омилен скапоцен камен.rnrn
rn
Мириси кои одговараат на нејзиниот карактер
rnСекој парфем кој ја истакнува сексуалноста без претерување е совршениот избор. Парфеми со ориентални ноти се одлични за атрактивната Скорпија која верува во својот сексуален магнетизам. Тие треба да бидат благи, богати и сензуални и направени од заводлива мешавина на темјан, килибар, зачини и балзами. Примери за такви парфеми се „Opium“ од Ив Сен Лорен и „Obsession“ од Келвин Клајн.rnrn
rn
Интимни игри
rnФизичката интимност е многу важен дел од врската со една Скорпија. За жена која располага со многу силни емоции, нормално е дека тие ќе дојдат до израз и во нејзината физичка страст. Сексот е најверојатно див и забавен со вашата партнерка и одличен начин да ги зачините работите за нејзиниот роденден би бил да ѝ поклоните покер или некоја друга игра на слекување. Одберете секси долна облека за неа и оставајте скриени траги насекаде низ домот кои би ја довеле до крајната дестинација – креветот.rnrn