КАФЕ ПАУЗА

Најсреќните денови во јануари 2022 година: Откријте кога е идеалното време да се посветите на остварување на вашите цели!

Најсреќните денови во јануари 2022 година: Откријте кога е идеалното време да се посветите на остварување на вашите цели!

Астролозите ви откриваат кои се најсреќните денови во јануари 2022 година – овие датуми се идеални за нов почеток, за остварување на вашите амбиции како и за позитивни животни промени!rnrnНајсреќните денови во јануари 2022 година: Откријте кога е идеалното време да се посветите на остварување на вашите цели!rnrnЈануари ни ги отвора вратите на 2022 година, а според астролошките прогнози, овој месец ќе ни донесе позитивна енергија и ќе направи да се чувствуваме подобро од вообичаеното. Во текот на јануари, многумина ќе добијат инспирација за да почнат да работат на новогодишните цели и замисли. Како и секој месец, така и јануари има т.н. нумеролошки или астролошки среќни денови. Овие денови ќе бидат идеалниот момент да донесете важна одлука, да решите некој проблем, да направите некаква промена во животот.rn

1 јануари – магична серија 1-1

rn1 јануари е важен ден во годината бидејќи ни носи среќа во новите потфати. Корисно е да го поминете првиот ден од новата година без да дозволите негативните емоции да влијаат врз вас. ако нешто не ве исполнува и не ви носи среќа, не правете го тоа на првиот ден од 2022 година!rn

2 јануари – транзиција на Меркур во Водолија

rnНа 2 јануари Меркур ќе биде во единаесетта куќа каде ќе остане сè до 25 јануари. Овој ден како и следните 3 недели ќе бидат поволни за работа, шопинг, комуникација и остварување нови познанства. Посветете го овој ден на партнерот и на работата, така што ќе најдете рамнотежа меѓу овие два аспекта.rn

3 и 4 јануари – метеорски дожд од квадрантиди

rnКвадрантидите ќе бидат присутни уште од почетокот на годината, но на 3 и 4 јануари ќе бидат најактивни. Овој метеорски дожд се одликува со многу моќна енергија. Од астролошка гледна точка, третиот и четвртиот ден од годината ќе бидат многу поволни за започнување на секој важен бизнис и за решавање на насобраните проблеми.rn

18 јануари – крај на ретроградното движење на Уран

rnНа 18 јануари ќе се ослободиме од сета негативна енергија што се собрала во нас. Почнувајќи од овој ден, многумина од нас ќе се обидат да го заборават минатото и да гледаат почесто во иднината. Уран ќе ни помогне да ги елиминираме сите стравови и несигурности. Астролозите предвидуваат дека овој ден ќе биде полн со пријатни изненадувања.rn

24 јануари – ден на преминот на Марс во Јарец

rnНа 24 јануари Марс ќе премине во знакот Јарец каде што ќе остане сè до 5 февруари. Ова ќе биде поволен период за подобрување на финансиската состојба бидејќи присуството на Марс во десеттата куќа на хороскопот создава одлични услови за работа и носење важни одлуки. Многумина од нас ќе можат да ја напуштат својата удобна зона и да преземат конкретни чекори.rn

29 јануари – крај на ретроградното движење на Венера

rnНа овој датум ќе бидеме опкружени со романтична енергија благодарение на движењето на Венера. Оваа планета ќе ни даде силен поттик да продолжиме да работиме на своите цели. многу луѓе ќе станат значително попродуктивни, не само на 29 јануари туку и во текот на останатите месеци од годината.rn

30 јануари – Месечина во соѕвездието Јарец

rnВо овој период Месечината ќе почне да опаѓа, достигнувајќи ја фазата на трета четвртина. Сепак, тоа не значи дека ќе се намали интензитетот на моќната лунарна енергија. Напротив. Ако земеме предвид дека на 30 јануари Месечината ќе биде во соѕвездието Јарец, можеме да заклучиме дека денот ќе биде многу продуктивен. Многумина ќе се посветат на реализација на своите планови и амбиции.rnrnОткако прочитавте кои ќе бидат најсреќните денови во јануари од астролошка гледна точка, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во јануари 2022 година.rnrnИзвор: atma.hr