Раскинувањето никогаш не е лесно, но со одредени хороскопски знаци болката може да биде неподнослива. Дури и кога љубовта поминала, помислата на губењето на личноста е тешка кога станува збор за следниве знаци.rnrn
rn
Овен
rnОвните се страсни личности и кога еднаш ќе ги почувствувате нивните силни емоции, многу е тешко да се одвикнете од нив. Тие постојано ќе ве држат будни во ноќта. Кога ќе прекинете врска со Овен, најверојатно некогаш повторно нема да најдете доволно страстен партнер кој би ви го дал она што сте го добивале од Овенот.rn
Бик
rnНе сакате да го изгубите Бикот бидејќи тој ви дава чувство на сигурност. Без разлика дали се работи за подароци, романтични изненадувања или нешто поинтимно, Бикот знае како да го разубави секојдневието на својот партнер. Кој би сакал да се откаже од тоа?rn
Близнаци
rnБлизнаците имаат една ретка особина, а тоа е што прават секоја работа да изгледа полесна и поубава. Секогаш имате некој со кој би можеле да разговарате и да се дружите. Тие се интересни соговорници и многу се мудри кога треба да се донесе некоја важна одлука.rn
Лав
rnСо Лавот се чувствувате посебно. Партнерот кој е Лав во хороскоп ќе ве чува како нешто најсвето, но и секогаш е подготвен за авантура.rn
Скорпија
rnСкорпијата не сакате да ја изгубите бидејќи е една од најискрените личности кои ги знаете. Со Скорпијата секогаш знаете на што сте. Бонус е феноменалниот секс кој е посилната страна на овој знак.rn
Стрелец
rnНе мора да глумите кога се наоѓате покрај Стрелецот. Тој ве прифаќа онакви какви што сте и ги сака сите ваши недостатоци. Притоа, тој е многу посветен и ќе ве поддржува во сѐ. Малку луѓе ги имаат овие карактеристики.rn
Водолија
rnДоколку сте слободоумни и не сакате правила, не е воопшто чудно што страдате по раскинувањето со Водолијата. Овој знак ја разбира вашата потреба за самостојност. Тој, исто така, знае дека понекогаш ви е потребен простор само за вас и го почитува тоа.rnrnКога сме на тема за врските, дознајте и која емоција му е најтешко да ја изрази на секој хороскопски знак?