Пронајдете го внатрешниот мир според вашиот хороскопски знак

Сподели

Илјадници години човекот барал знаци и знаење во ѕвездите. Астрологијата настанала 2000 години пред новата ера и внимателно била проучувана од древните Индијанци, Маи, Грци, Кинези и Арапи. И не само тоа, таа била користена како начин за проучување на човечките особини и мотивации, како што покажуваат истражувањата на Карл Јунг.

Реклама

Со помош на набљудување и анализа се открило дека постои корелација помеѓу движењето на небесните тела и животот на Земјата. Но, и покрај тоа многу луѓе имаат различни ставови за астрологијата. Додека некои се скептични и сметаат дека тоа не е наука, други се колнат во астрологијата, наведувајќи силни аргументи во нејзин прилог.

Според астрологијата, задоволството и духовниот мир можат да се пронајдат врз основа на вашите особини. Во продолжение ќе ги пронајдете дванаесетте различни астролошки особини и препораки кои ќе ви помогнат да најдете внатрешен мир.rn

Овен

rnВие сте страствени, динамични и самоуверени, имате бурен живот и често сте импулсивни.

Како да пронајдете рамнотежа:rn

    rn011

  • Одржувајте рамнотежа – во распоредот најдете време за релаксација.
  • rn011

  • На работа обидете се да бидете продуктивни.
  • rn011

  • Канализирајте ја вашата енергија на вежбање или трчање.
  • rn011

  • Најдете рамнотежа и со релаксирачки активности како готвење, читање или градинарство.
  • rn

rn

Бик

rnВие сте сигурна, топла и одлучна личност, меѓутоа некогаш можете да бидете тврдоглави и посесивни.

Како да пронајдете рамнотежа:rn

    rn011

  • Не отфрлајте ги туѓите гледишта.
  • rn011

  • Кога чувствувате дека сте заглавени, најдете мир во природата.
  • rn011

  • Бидете свесни како вашите постапки влијаат на другите.
  • rn011

  • Обидете се со медитација да ги насочите вашите мисли.
  • rn011

  • Истражете го светот на мирисите и лечете се со ароматерапија.
  • rn

rn

Близнаци

rnВие сте интелигентна, сестрана и темпераментна личност, но од друга страна можете да бидете и нервозни и недоследни.

Како да пронајдете рамнотежа:rn

    rn011

  • Не работете премногу.
  • rn011

  • Хранете се балансирано и не прескокнувајте оброци.
  • rn011

  • Научете да ги опуштите нервите, со растителни масла и топла бања.
  • rn011

  • Одморете го мозокот.
  • rn011

  • Научете ги техниките на дишење и секојдневно практикувајте ги.
  • rn

rn

Рак

rnВие сте грижлива, интуитивна и заштитничка душа, но често се борите со промена на расположението, осетливост и неможност да се опуштите.

Како да пронајдете рамнотежа:rn

    rn011

  • Не заборавајте да се грижите за вашите сопствени потреби, тоа не е себичност, туку е важно за вашата благосостојба.
  • rn011

  • Практикувајте медитација, јога и таи чи.
  • rn011

  • Живејте според вашиот ритам.
  • rn011

  • Научете да поставувате граници.
  • rn011

  • Отфрлете сѐ што не ви е потребно.
  • rn

rn

Лав

rnВие сте храбра, креативна и посветена личност, но сакате да давате заповеди и немате голема толеранција. Секогаш сакате да сте во право.

Како да пронајдете рамнотежа:rn

    rn011

  • Развивајте ја способноста да слушате, така што ќе им допуштите на другите да дојдат до израз.
  • rn011

  • Секој ден одвојувајте време за себе и правете нешто што сакате.
  • rn011

  • Избегнувајте зачинета и мрсна храна која ви ја одзема енергијата и ви ја поместува рамнотежата во организмот.
  • rn011

  • Пијте многу вода.
  • rn

rn

Девица

rnВие сте аналитична, практична и работлива личност, но некогаш знаете да претерате со перфекционизмот, а знаете да бидете и претерано критични и немирни.

Како да пронајдете рамнотежа:rn

    rn011

  • Откажете се од рутината и бидете спонтани.
  • rn011

  • Опростете – и на себеси и на другите.
  • rn011

  • Излезете од вашиот мозок и влезете во своето тело.
  • rn011

  • Заменете ја негативноста со прифаќање.
  • rn011

  • Направете распоред за спиење и одморете го вашиот мозок.
  • rn

rn

Вага

rnВие сте романтична и идеалистичка личност, но понекогаш знаете да бидете наивни, претерано попустливи и неодлучни.

Како да пронајдете рамнотежа:rn

    rn011

  • Направете список на задачи кои треба да ги завршите – тоа ќе ви помогне да останете организирани и да избегнете стрес.
  • rn011

  • При носење важни одлуки, наведете ги сите причини „за“ и „против“.
  • rn011

  • Покажете ги вашите чувства преку песна, сликање или јога.
  • rn011

  • Допуштете си уживање, но бидете умерени.
  • rn

rn

Скорпија

rnВие сте страствена, интуитивна и привлечна личност, но исто така знаете да бидете љубоморни и опсесивни.

Како да пронајдете рамнотежа:rn

    rn011

  • Практикувајте смирувачки техники кога сте под стрес, како на пример длабоко дишење, визуелизација и слично.
  • rn011

  • Обидете се со хидротерапија како начин за смирување на духот и телото.
  • rn011

  • Простете им на другите за да избегнете бескрајни расправии.
  • rn011

  • Секогаш гледајте ја поголемата слика и немојте да се губите во деталите.
  • rn

rn

Стрелец

rnВие сте искрени и добронамерни. Имате смисла за филозофија и хумор, но исто така често сте оптимистични без причина, знаете да бидете неодговорни и немирни.

Како да пронајдете рамнотежа:rn

    rn011

  • Користете го спорт за насочување на енергијата.
  • rn011

  • Научете како да најдете рамнотежа меѓу оптимизмот и реалноста.
  • rn011

  • Преиспитајте го вашиот живот.
  • rn011

  • Научете свесно да ги контролирате чувствата.
  • rn011

  • Најдете радост во малите нешта.
  • rn

rn

Јарец

rnВие сте духовита, практична и дисциплинирана личност, но понекогаш тоа се граничи со фатализам и песимизам.

Како да пронајдете рамнотежа:rn

    rn011

  • Откажете се од лошите врски и опкружете се само со позитивни луѓе.
  • rn011

  • Мислете на своите вредности и соништа секогаш кога носите одлуки.
  • rn011

  • Како вашиот внатрешен дијалог влијае на вас? Ако е негативен, работете на вашата самодоверба.
  • rn011

  • Опуштете го телото и умот низ практични вежби.
  • rn011

  • Запомнете дека среќата е избор.
  • rn

rn

Водолија

rnВие сте инвентивни, имате слободен дух и секогаш сте пријателски расположени, но исто така може да бидете непредвидливи и емоционално нестабилни.

Како да пронајдете рамнотежа:rn

    rn011

  • Бидете автентични.
  • rn011

  • Направете распоред на вашите активности, така што ќе најдете време за себе.
  • rn011

  • Ценете ја ранливоста и фактот дека тоа ве прави посилни.
  • rn011

  • Бидете свесни за сегашноста.
  • rn

rn

Риби

rnВие сте осетлива, сочувствителна и имагинативна личност, но исто така можете да бидете таинствени и несигурни.

Како да пронајдете рамнотежа:rn

    rn011

  • Ослободете се од сѐ што ви создава стрес.
  • rn011

  • Немој да се сожалувате и избегнувајте ја улогата на жртва.
  • rn011

  • Дајте му слобода на романтичниот ум, но не заборавајте да се вратите на земјата.
  • rn011

  • Научете да наоѓате рамнотежа помеѓу левата и десната хемисфера на мозокот.
  • rn011

  • Развијте здраво ниво на скептицизам и тоа ќе ве заштити од манипулации.
  • rn

Популарно

Може ќе ве интересира