rn
Вага: „Last Christmas“
rnВагите се безнадежни романтичари на кои божиќната романса им е природен избор. Плус, тие се доста несигурни и недоверливи така што совршено ќе се пронајдат во филмот за продавницата на џуџето Кејт, која ја глуми ѕвездата од „Игра на тронови“ – Емилија Кларк.rn
Скорпија: „Cats“
rnСкорпиите се љубопитни како мачки. Ниту еден друг знак не ја поседува потребната морбидна љубопитност слична на ликовите од „Мачки“. Овој знак сигурно ќе се пронајде низ метафорите од филмот.rn
Стрелец: „Little Women“
rnЏо Марч е олицетворение на Стрелецот, со нејзиниот авантуристички дух на скитник и жестоката независност. Плус, креаторката на овој лик, писателката Луиза Меј Алкот, е Стрелец, а неоспорно ова е ликот кој има најмногу допирни точки со нејзината биографија. Значи, нема подобар филм за Стрелците од филмската адаптацијата од режисерката Грета Гирвиг.rn
Јарец: „Uncut Gems“
rnАко сакате некоја работа да се заврши, му ја задавате на Јарец, особено ако тоа вклучува голема заработка. Главниот лик во филмот, исто така, бара начини за брзо збогатување и ги сака парите како Јарците.rn
Водолија: „Jumanji: The Next Level“
rnСо својот слободен дух секоја Водолија е тотално дете во срцето, така што ова продолжение на филмскиот хит „Џуманџи“, сигурно ќе ѝ се допадне на вашата љубопитна душа.rn
Риби: „It’s a Beautiful Day in the Neighborhood“
rnЛикот Фред Роџерс е архетипот за Риби: емпатичен, идеалистички, несебичен и сакан. Ако мислите дека нема да се расплачете заради овој лик кој го игра Том Хенкс, се залажувате.
Можеби сакате да го откриете и најсреќниот ден во 2020 година за секој хороскопски знак.

