Без разлика кои сте или од каде доаѓате, секој сака да добива подароци. Какви се подароците… тоа е веќе друго прашање.rnrn
rnrn1. Вашата мачка не ви го дава нејзиниот плен само како знак на благодарност или великодушност. Таа веројатно ги забележала вашите очајни ловечки способности и се обидува да ве научи, исто како што ги учи своите мали мачиња.rnrn
rnrn2. Во текот на сезоната на парење, мажјакот мора да го декорира гнездото во соодветни бои, прифатливи за женката. Ако женката не е импресионирана од неговиот дизајнерски вкус, може да одлета кај друг мажјак.rnrn
rnrn3. Истражување спроведено на Универзитетот Дјук покажа дека мајмуните бонобо доброволно ја споделуваат својата храна, дури и со непознати бидејќи сакаат да се социјализираат и уживаат во секоја интеракција. Но тие ќе ги споделат своите богатства без разлика дали ќе се формира нова врска.rnrn
rnrn4. Луѓето од племето Масаи од Кенија и Танзанија плукаат на предметите кои имаат намера да ги подарат. Тие тоа го прават поради обострана почит. Плукањето се смета како благослов, а не навреда.rnrn
rnrn5. Омијаги (јапонски збор за сувенир) во Јапонија се сфатени сериозно, така што постои општествена одговорност да донесете подароци за вашето семејство и колегите кога ќе се вратите од одмор.rnrn
rnrn6. Кога авиокомпанијата Јунајтед воведе лет од прва класа до Хонгконг, вработените и патниците ги даруваа со бели каранфили без да знаат дека во тој регион од светот тоа значи несреќа и смрт.rnrn
rnrn7. Во Азиските култури се избегнува да се подарува огледало на свадби. Бракот треба да трае додека смртта не ги раздели сопружниците, па поради кршливоста на огледалото и несреќата што ја симболизира скршеното огледало, се смета како ризичен подарок.rnrn
rnrn8. За Денот на мртвите некои семејства трошат повеќе од две месечни плати на подароци и декорации во чест на мртвите роднини, со надеж дека нивните духови ќе им обезбедат заштита, среќа и мудрост.rnrn
rnrn9. Без разлика дали тоа бил убав камен, коска, заб од животно, гранка од дрво или каков било друг предмет од природата, подарувањето било вообичаено многу векови пред да се создадат напредните цивилизации.rnrn
rnrn10. Постои традиција ловците на китови од племето Инупиак да споделат голем дел од својот улов со останатите соселани. За возврат, стекнуваат почит во селото и си обезбедуваат повисок статус во општеството.
10 чудни човечки и животински навики за размена на подароци
