КАФЕ ПАУЗА

Полна Месечина во Вага од 16 април: Време е за хармонија!

Полна Месечина во Вага од 16 април: Време е за хармонија!

Полната Месечина во знакот Вага ќе го достигне својот врв на 16 април околу 21 часот. Сепак, нејзината енергија ќе ја почувствуваме четири дена пред и четири дена по оваа Месечева мена.rnrnПолна Месечина во Вага од 16 април: Време е за хармонија!rnrnМожно е во овој период да се зголемат одредени тензии во нашите животи, но полната Месечина е овде за да ни даде сила да се ослободиме од сето она што нè ограничува, да ги прифатиме промените и да најдеме хармонија во нашето постоење.rnrnЗа да добиеме нешто во животот мора да се ослободиме од нешто друго. Мора да ѝ ставиме крај на напнатоста доколку сакаме среќата да нè води во животот. Една од планетите која ќе биде особено активна во текот на овие денови е џуџестата планина Ерида.rnrnЕрида е позната како божица на раздорот и расправиите. Таа ќе биде „главниот играч“ за време на полната Месечина, но нека не ве плаши значењето на нејзиното име. Меѓу другото, таа е и моќен воин со женска енергија. Силна, самоуверена и борбена, ќе ни помогне да ја прифатиме нашата силна женска страна, онаа која нè прави неуништливи воини. Ова е моментот кога ќе откриете кои се вашите моќи и со нови сили ќе тргнете по патот до целта.rnrnЗа сето ова време, енергијата на полната Месечина во знакот Вага ќе ви биде водичот кој ќе ви го покаже патот. Ќе се почувствувате моќни, посакувани и сигурни во вашето тело. Магијата на полната Месечина ќе го разгори вашиот пламен кој ќе ви ги врати мудроста и силата. Одново ќе воспоставите рамнотежа на енергијата во себе што ќе ви помогне да ги постигнете сите цели.rnrnПрифатете ја вашата интуиција, нагласете ги вашите квалитети и обидете се да се справите со лошите карактерни црти. Со оглед на тоа дека периодот ќе биде идеален за воспоставување рамнотежа, запрашајте се себеси во кој аспект од животот ви е потребна поголема рамнотежа.rnrnЧестопати, напнатоста се јавува како резултат на неурамнотежениот начин на живеење и функционирање, затоа искористете ја енергијата на Месечината за да го вратите животот на вистинскиот пат.rnrnВагата е знак кој влијае врз начинот на кој се поврзуваме со другите, па така овој период ќе бидат истакнати нашите односи. Не заборавајте дека повеќето луѓе кои ќе ги сретнете во животот се еден вид ваши „огледала“. Тие можат да ви откријат работи за самите вас кои вие свесно или не сте ги скриле во себе или не сте можеле да ги увидите.rnrnОд друга страна, не заборавајте ја идејата за хармонија. Знајте дека сè што се распаѓа и исчезнува, секое „несогласување“ е, всушност, можност да се посветите на нешто ново и добро.rnrnПолната Месечина ќе ви ја даде потребната сила да се збогувате со сето она кое не ви носи хармонија во животот. Верувајте во мудроста и интуицијата кои лежат длабоко во вас, особено кога треба да донесете важни одлуки.rnrnОткако прочитавте каква енергија ќе ни донесе полната Месечина во Вага на 16 април, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за април.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs