Не мора да значи дека морате да носите само тренерки и патики додека се возите на велосипед. Сем Полцер, основач на блогот The Preffered Mode е фотограф и велосипедист кој постојано ги фотографира велосипедистите со стил. Во текот на своето патешествие по улиците на светот, тој фотографирал жени кои носат апсолутно сѐ – од макси здолништа, гламурозни фустани, па дури и високи потпетици.rnrnМожеби ви изгледа чудно, но да, возможно е да возите велосипед со високи потпетици, сѐ додека штиклата не ја ставате на педалите. Не ви препорачуваме да возите велосипед додека носите штикли, но сепак ви препорачуваме да експериментирате со изгледот. Летото е наменето за експерименти. Забавувајте се, уживајте и носете го она што го сакате.rnrn
Шик модни инспирации кои ќе ве инспирираат за следното возење со велосипед












