rn
Вага
rnИако по природа сте личност што бара рамнотежа во секој аспект од животот, сепак на почетокот од неделата ќе наидете на ситуација што нема да можете да ја контролирате. Но, тоа ќе трае кратко бидејќи ѕвездите ви се наклонети и ве штитат, па така ќе успеете онаму каде што мислевте дека нема никакви шанси да победите. Околу 17-ти ноември ќе наидете на нови, извонредни можности, особено доколку треба да патувате, да менувате работа или пак да се преселите.rnrn
rn
Скорпија
rnБез разлика дали сте во врска, во фаза на раскинување, или пак сакате да ја промените динамиката во врската, вие ќе имате можност да се ставите себеси на прво место. Од 10-ти ноември па понатаму, ќе одлучите да му дадете нова смисла на вашиот живот и ќе си поставите цел за реализирање на нови проекти. Вашата силна мотивација и желба за успех е таа што ве турка напред. Продолжете да чекорите храбро и решително.rn
Стрелец
rnАстролозите имаат добри вести за вас. Иако на почетокот на месецот вашите проекти ќе се одвиваат со забавено темпо, сепак, ќе имате можност да ја забрзате нивната реализација кон средината на ноември. На овој начин ќе докажете дека ништо не може да ве одврати од претходно утврдениот план.rn
Јарец
rnПред да започнете со нови идеи, важно е да ги завршите претходните обврски. Сепак, бидете дискретни што се однесува до новите планови и не правете нешто што би можело да ги компромитира. Сте виделе и подобри денови од овие, можеби затоа што сте уморни од секојдневната рутина, а тоа ја објаснува и вашата пасивност во врската. Не грижете се, работите ќе се средат за кратко и партнерот ќе покаже разбирање за вас.rn
Водолија
rnНа почетокот на месецот ќе се соочите со недостаток на енергија и волја. Не двоумете се да се одморите и длабоко да размислите за вашите вистински желби. Така сама по себе ќе се наметне желбата за патување што најверојатно ќе се реализира во почетокот на ноември. Време е и да размислите и за сопственото здравје, па пожелно би било да почнете да спортувате.rn
Риби
rnВо првите денови од месецот ќе бидете затворени во својот внатрешен свет без да им дозволите пристап на другите. Во овие тешки мигови за вас од особена помош ќе биде присуството на вашата сакана личност, затоа поминете го секој слободен момент со неа и ќе видите дека веднаш ќе се чувствувате подобро. Иако на почетокот на неделата ќе се справите со недостаток на самодоверба, сепак на повидок се добри вести особено во поглед на вашата кариера.rnrnОткако откривте што ве очекува во првата недела од ноември, прочитајте и кои 3 хороскопски знаци ги очекува неверојатна среќа до 22 ноември 2021.rnrnИзвор: knowinsiders.com
