Откако 7 години била исчезната, слепата Прери Џонсон се враќа дома, но со обновен вид и чудно однесување…
rn
Главни улоги: Емори Коен, Скот Вилсон, Алис КригrnrnЖанр: драма, мистеријаrnrnКреатори: Зал Батманглиж, Брит МарлингrnrnПремиера: 16 декември 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува типично за една мистерија од овој вид. По 7-годишно исчезнување, слепата Прери Џонсон се враќа во домот на родителите, но со обновен вид. Многумина гледаат на ова како чудо, но постојат и такви што сметаат дека таа е опасна. Сепак нејзините родители со срце ја дочекуваат и веднаш ја пренесуваат од болница во нивниот дом, за да ѝ помогнат полесно да се адаптира на стариот живот.rnrn
rnrnОднесувањето на Прери е целосно сменето и таа едвај зборува за тоа што ѝ се случило, но советниците и експертите за жртви на киднапирање објаснуваат дека тоа е сосема нормално по преживувањето толку тешка траума. Во овој момент, сè што знаеме за неа е дека таа 7 години била држена против својата волја. Тука завршува делот од приказната што веќе го имате видено во овој жанр и нештата почнуваат да добиваат необичен и необјаснив тек.rnrn
rnrnНетфликс е познат по специфичниот начин на раскажување, каде што поголем акцент се става на развој на ликовите отколку на сè останато, па затоа очекувајте бавно разоткривање на мистеријата. Бавно, но не здодевно. Прери, која сега се претставува како ОА, одбира група луѓе на кои решава да ја сподели својата приказна, која со секоја епизода станува сè поневеројатна и потешка за верување – токму затоа и нема да можете да престанете да гледате.rnrn
rnrnКреаторите на ТВ серијата не се плашеле да се препуштат на својата фантазија и да нè одведат на толку апсурдно и необично патување, што во еден момент ќе си помислите дека приказната не би можела да биде подалеку од реалноста одошто веќе е и во тој момент Прери за малку ќе се задави голтајќи птица направена од светлина. Да, тоа навистина се случува. Сепак начинот на кој таа раскажува ќе ви го задржи вниманието и каде што ОА оди, таму и вие ќе следите…rnrn