Ниту еден хороскопски знак нема да ги трпи овие нешта во љубовната врска

Сподели

Добро познато е дека никој не е совршен. Секој има одредени недостатоци, па кога се во врска, партнерите учат како да ги прифатат истите и да живеат со нив. Многу работи „се прогледуваат низ прсти“, но некои едноставно не може да се занемарат. Всушност, овде влијание има и хороскопскиот знак, односно неговите доминантни карактеристики. Во продолжение погледнете што не би трпел секој од хороскопските знаци во една љубовна врска.

Реклама

rn

Овен

rnОвните се независни, ентузијастични и љубопитни личности. Тие уживаат во возбудувањата во животот, па не им одговараат мрзливи и зависни партнери кои не го делат нивниот ентузијазам.rn

Реклама

Бик

rnСтабилноста и редот се важни работи за Биковите. Овие личности се уредни и сакаат да ги прават работите на одреден начин. Импулсивниот партнер кој не размислува пред да направи нешто, нема да успее да оствари долга врска со внимателниот Бик.rn

Близнаци

rnЛичностите родени во знакот Близнаци се радосни, сакаат забава повеќе од сите други останати хороскопски знаци, а многу сакаат и да зборуваат. Тие претпочитаат личности кои може да им се придружат во нивниот духовен и имагинативен ум и на кои нема да им пречи нивното излегување и дружење.

rn

Реклама

Рак

rnРакот е сигурна, верна и грижлива личност, а за него многу се значајни и односите со другите луѓе. Ако неговиот партнер не ги почитува неговото семејство и пријателите, најчесто нивната врска прекинува. Исто важи и доколку партнерот не покажува милост и сочувство кон другите.rn

Лав

rnЛавот сака да биде во центарот на вниманието и да му се восхитуваат. Тој ужива кога другите копнеат по него и ќе биде среќен доколку тоа му го покажете. Ако не го правите ова, треба да знаете дека вам не ви е судено.rn

Девица

rnДевиците се практични, одговорни и уредни. Тие сакаат ред и работи кои имаат смисла. Некој кој не ги вреднува овие карактеристики, не е идеален партнер за Девиците.

rn

Вага

rnВагите се социјални суштества. Личностите родени во знакот Вага ги сакаат луѓето и секогаш сакаат да запознаваат нови пријатели. Ним им треба партнер кој може да им се приклучи во таа забава. Несоцијалните луѓе не им доаѓаат на ум.rn

Скорпија

rnИако личностите родени во знакот Скорпија може да бидат сомнителни, тие се многу верни кога станува збор за луѓето на кои им веруваат. Доколку им криете нешто, тие засекогаш ќе ја изгубат довербата.rn

Стрелец

rnНа Стрелецот му е важна независноста и авантурата. Па, тој сака партнер кој ќе може да учествува во неговите авантури. Доколку пак партнерот сака да биде дома на безбедно, Стрелците ќе избегаат најбрзо што можат.

rn

Јарец

rnЛичностите родени во знакот Јарец се одговорни и практични. Тие се независни, сакаат да ги прават работите на свој начин и никако поинаку, а немаат трпение за неодговорни партнери.rn

Водолија

rnНезависната Водолија има многу бунтовнички карактер, а честопати може да биде и саркастична. На овие личности им треба партнер кој размислува исто како нив, односно личност која никогаш нема да се навреди од нивните коментари. Водолиите исто така сакаат да бидат општествено корисни, па ако сакате да останете со нив мора да имате ист начин на размислување.rn

Риби

rnРибите се најчувствителни од сите хороскопски знаци, па ним треба постојано да им покажувате љубов и внимание. Партнерот кој не ги сфаќа сериозно чувствата на Рибите, како и некој кој ќе ги присилува да направат нешто што не сакаат, не е вистинскиот за нив.

Најново

Може ќе ве интересира