rn
Вага
rnОваа недела што и да одлучите да направите на љубовен план, тоа ќе функционира. Ќе се чувствувате удобно со личноста со која сте избрале да го споделите вашиот живот. Партнерот ќе ви биде благодарен доколку му оставите до знаење колку многу го цените и сакате. Што се однесува до вашите заемни чувства, од големо значење е сега да поставите цврста основа во случај да наидете на некои турбуленции кои нема да можат лесно да ја разнишат.rnrn
rn
Скорпија
rnДобро би било понекогаш да можете да се воздржите од коментар во дадена ситуација. Иако малкумина ја имаат таа способност да го искажат сето она што им лежи на душа и им симнуваме капа поради тоа, сепак бидете свесни дека не можете да преминете преку одредени граници. На тој начин ќе ги повредите не само вашите сакани, туку ќе се повредите и вие самите.rn
Стрелец
rnЈа започнувате новата година со напорна и макотрпна работа, и иако можеби ќе наидете на неодобрување, сепак, доколку парите се вашата цел, тогаш сте на добар пат. Знаете дека вие сте одговорни за сопствениот живот и дека не ви е потребно никакво одобрување за да го остварите она што го посакувате. Во текот на оваа недела ќе се обидете да преземете целосна одговорност за вашиот живот, работа, здравје и иднина.rn
Јарец
rnУште од самиот почеток на годината планирате како да ја направите успешна секоја минута во деновите и месеците што претстојат. Она чии подготовки ве изморија во текот на минатата година ќе биде токму она на кое ќе работите оваа недела. Очекувајте позитивен пресврт во љубовниот живот, но и во банкарската сметка. Сепак, не заборавајте дека вие самите сте одговорни за вашата среќа. Затоа живејте го животот на свој начин.rn
Водолија
rnИ оваа недела ќе бидете во центарот на вниманието. Луѓето околу вас знаат да ги ценат вашите мудри совети, па затоа не е за чудење доколку станете „лидер“ во друштвото. Некој од вашето семејство ќе ви сподели вести поврзани со личност за која сметавте дека веќе не е дел од вашиот живот. Ви претстои среќно обединување на кое треба да се радувате.rn
Риби
rnОваа недела сè ќе се одвива совршено, како на работа, така и дома. Тоа значи дека нема да бидете оптоварени со работните обврски, а во вашето семејство ќе владее хармонија. Доколку не сте во врска, најверојатно сте на добар пат да запознаете посебна личност.rnrnОткако го прочитавте неделниот хороскоп од 3 до 9 јануари, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за јануари 2022 година.rnrnИзвор: yourtango.com
