rn
Вага
rnДеновите што доаѓаат се одличен момент за да ја покажете вашата креативност, да се забавувате и да не се грижите за останатите работи. Полната Месечина може да ви влијае на начин што ќе бидете честопати во центарот на вниманието, а тоа ќе ви помогне и да стекнете нови пријателства.rnrn
rn
Скорпија
rnВе очекува недела на пријатни изненадувања. Полната Месечина ќе ви даде можност да се ослободите од некои стари верувања за животот, љубовта, па дури и успехот. Животот се менува, а и вие со него, па затоа не плашете се од промени. Тоа ќе ви помогне подобро да се справите со новите животни предизвици.rn
Стрелец
rnСледниот период е идеално време да се фокусирате на комуникацијата. Оваа недела е вистинскиот момент доколку сакавте да го стартувате вашиот блог, подкаст или медиумски проект, а во рок од неколку недели ќе му го покажете на светот вашето ремек-дело.rn
Јарец
rnРаботите лека полека почнуваат да се смируваат како што изминува месецот кој беше прилично интензивен за вас. Енергијата на полната Месечина ќе ви помогне да ги решите недоразбирањата без разлика дали се работи за приватниот или професионалниот живот. Не плашете се од тешки разговори затоа што токму тие ќе ви помогнат да успеете.rn
Водолија
rnВо следниот период универзумот ќе ви влијае на начин што ќе ве поттикне да размислувате за вашите цели оваа година. Сега имате можност да заблескате со оглед на тоа дека лека-полека се ближи вашиот роденденски месец. Ве очекуваат пријатни изненадувања и можност за убави промени, не пропуштајте ги!rn
Риби
rnКако што Сонцето ја осветлува вашата дванаесетта куќа на потсвеста, така вие влегувате во период кога имате потреба од тоа да поминете повеќе време сами и да се ослободите од стариот начин на размислување. Полната Месечина ќе ви даде можност повторно да стапите во контакт со вашата креативна страна.rnrnОткако го прочитавте неделниот хороскоп, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ги очекуваат неволји до крајот на јануари.rnrnИзвор: myimperfectlife.com
