Благодарение на положбата на ѕвездите, одредени хороскопски знаци ќе можат да ја подобрат својата материјална благосостојба и да ги решат финансиските проблеми. Дел од нив ќе мора да се чуваат од измами и завидливи луѓе, а други, пак, ќе добијат примамливи понуди за работа и напредок во кариерата.rnrn
rn
Овен
rnБлагодарение на среќните околности, на самиот почеток на неделата ве очекува подобрување на вашата финансиска состојба. Од особена важност е да носите одлуки во вистинско време, затоа не пропуштајте ги можностите на кои ќе наидете.rn
Бик
rnПочетокот на неделата ќе биде одбележан со неочекувани приходи во форма на бонуси или покачување на платата. Како и да е, вашиот труд нема да остане незабележан. Сепак, во средината на неделата постои можност за непредвидени трошоци, но лесно ќе ги решите.rn
Близнаци
rnСега е време да ги искористите вредните информации до кои дојдовте порано. Сепак, на почетокот на неделата постои ризик од парична казна – запазете ги роковите за уплаќање и внимавајте во сообраќајот. Покрај тоа, време е да размислите за својата иднина и да инвестирате во животно осигурување или хартии од вредност.rn
Рак
rnПостои можност за решавање на тековните финансиски проблеми и тоа на почетокот на неделата, но мора да бидете особено мудри. Непромислен потег може да ве доведе до уште поголеми загуби. Сега не е идеален момент да аплицирате за заем бидејќи голема е веројатноста дека ќе бидете одбиени. Подобро е да побарате помош од пријателите или најблиското семејство.rn
Лав
rnПочетокот на неделата ќе ви донесе убаво изненадување – пријателите или саканата личност ќе ви организираат вечера која долго ќе ја паметите. Во средината на неделата можно е да дојде до расправија во поглед на семејниот буџет. Не наседнувајте доколку наидете на примамливи понуди за брза соработка бидејќи се работи за измама.rn
Девица
rnНа почетокот на оваа недела ќе ви биде потребна финансиска помош, која, пак, ќе ве доведе во искушение да отидете во банка. Сепак, не е поволна моменталната позиција на планетите и затоа големи се шансите да не добиете кредит. Во средината на неделата ќе наидете на проблеми во поглед на исплаќањето за вашите претходни услуги. Не грижете се за сите овие проблеми бидејќи на крајот од неделата ве очекуваат нови понуди за работа.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn