Неделен финансиски хороскоп до 24 април: Неочекувани приходи и нови понуди за работа!

Сподели

rn

Реклама

Вага

rnОваа недела очекувајте добри вести кои можат значително да ја подобрат вашата финансиска состојба. Најверојатно тие ќе се однесуваат на нова работа, хонорарен ангажман или позитивен одговор од банката на барањето за заем. Во средината на неделата ќе бидете најпродуктивни и полни со идеи кои можат да ви послужат во блиска иднина.

rn

Скорпија

rnНеделата ќе ви почне со многу грижи и затоа обидете се да ги правите оние работи кои ќе ви го подобрат расположението. Во средината на неделата ќе се појават планови за идни проекти, но чувајте ги во тајност бидејќи сте опкружени со многу зајадливи луѓе. За време на викендот ќе можете да здивнете од сите моментални проблеми.rn

Стрелец

rnНа почетокот на неделата внимавајте да не бидете ограбени, но и да не направите некаков прекршок. Астролозите ве советуваат да се воздржите од непотребно трошење до среда бидејќи положбата на планетите не е поволна. За да ја привлечете позитивната енергија на парите во домот, ослободете се од сите предмети кои ја складираат негативната енергија.rn

Јарец

rnВе очекува стабилна финансиска недела – без неочекувани трошоци, но и без неочекувани приходи. Сепак, не заборавајте дека има можност да бидете измамени. За време на викендот, пак, обидете се да не му се препуштите на искушението да трошите непотребно бидејќи ова не е идеалниот момент за тоа.rn

Водолија

rnНеочекуван состанок ќе ви донесе приход или бонус. Сепак, на почетокот на неделата можни се конфликти со блиски роднини и тоа поврзани со парите. Тоа нема да се одрази поволно врз вашата продуктивност, напротив. Не заборавајте дека само добрите идеи и иницијативи можат да би донесат профит.rn

Риби

rnВе очекуваат многу ненадејни настани оваа недела – ќе бидете под притисок да донесете важна одлука за која не сте подготвени. Освен тоа, голема е веројатноста за непредвидени трошоци поради набавка или поправка на апарати за домаќинство. За среќа, брзо ќе ги решите овие проблеми, а потоа ќе настапи периодот на стабилност кога ќе можете да се опуштите.

Откако го прочитавте финансискиот хороскоп за оваа недела, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот финансиски хороскоп за април.

Извор: sensa.mondo.rs

Популарно

Може ќе ве интересира